fbpx
Таг: евроинтеграции

таг: евроинтеграции

Лидерите на шесте земји од Западен Балкан вечерва на средба со шефот на дипломатијата на ЕУ

Потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за безбедносна и надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел вечерва во Брисел организира заедничка работна вечера со лидерите на шесте земји од Западен Балкан. Од Владата на РСМ потврдија дека премиерот Зоран Заев денеска и утре ќе оствари посета на Брисел, а вечерва ќе присуства на закажаниот настан од страна на шефот...

Ајде на море – јужни ветрови дуваат од Грција

Дојде викендот кога голем дел од македонските граѓани се радуваат на можноста повторно да го видат најблиското море, а зошто не – и да се искапат во егејските води. Грција ги отвора границите, за да не изгуби уште една туристичка сезона, секако со услови за ковид-19. Како што обично бива, некои прерано се израдуваа, па во моментите додека го...

Порталб: Северна Македонија „во чекална“ и по јуни, малку шанси за почеток на преговори со ЕУ

Нема воопшто или многу малку шанси за почеток на преговори во јуни, на Северна Македонија со Европската унија. Ова е впечаток на експертите од земјата во врска со патот за интеграција на РСМ во ЕУ. Високите дози песимизам преовладуваат од повеќе причини, пишува Порталб.мк. Според Малинка Ристевска Јорданова, од Институтот за европски политики, шансите за почеток на разговори се мали,...

Фон дер Лајен: Европската Комисија ќе се вклучи уште посилно во барањето решение за старт на преговорите

Премиерот Зоран Заев денеска во рамките на неговата посета на Брисел, оствари средба и со претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, соопшти владината прес-служба. На средбата, на која присуствуваа и заменик-претседателот во Владата за европски прашања Никола Димитров, министерот за надворешни работи Бујар Османи, премиерот Заев упати порака до претседателката Фон дер Лајен за уште поактивно вклучување...

Средба на Заев со Вархеји во Брисел: Идентитетот не може да биде причина за блокада на европските интеграции

Премиерот Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот во Владата за европски прашања Никола Димитров, министерот за надворешни работи Бујар Османи и шефицата на Постојаната мисија на Северна Македонија во ЕУ Агнеза Руси-Поповска, денеска во Брисел се сретна со еврокомесарот за соседска политика и проширување на ЕУ Оливер Вархеји, информираат од владината прес-служба. Еврокомесарот Вархеји ја пречекал македонската делегација со пораката дека...

Во пресрет на утрешниот Ден на Европа, младите со порака до ЕУ: Вам ви е редот!

Во пресрет на 9 мај, Денот на Европа, Министерството за надворешни работи денеска организираше платформа на која им беше дадено на младите од земјава да испратат пораки до Европа поврзани со европските интеграции на Република Северна Македонија. Во своите обраќања, младите на сопствен начин го потенцираа незадоволството од предолгото стоење во чекалната на ЕУ, упатувајќи емотивни пораки за нивните европски...

Германија и Словачка против раздвојување на Северна Македонија и Албанија во евроинтеграциите

По серијата изјави на еврокомесарот Оливер Вархеји дека е можно Северна Македонија и Албанија да бидат раздвоени во процесот за нивно пристапување кон ЕУ, со спротивставување излегоа германскиот министер за Европа Михаел Рот и словачкиот министер за надворешни работи Иван Корчок, преку нивните Твитер-профили. Germany🇩🇪 supports 🇵🇹 #EU-Presidency’s objective to hold first accession conferences with both Albania🇦🇱 + North Macedonia🇲🇰...

Вархеји: Можно е раздвојување на Скопје и Тирана на патот кон ЕУ

Иако процесите на евроинтеграции на Северна Македонија и Албанија во ЕУ досега течеа заедно, Брисел би можел да ги раздвои и да ги почне пристапните преговори со Тирана, доколку продолжи бугарската блокада на Скопје и не се најде заеднички прифатливо решение со Софија, порача еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји за „Еуроњус“. Според него, тоа би значело дека...

Пендаровски на средби со Борел и Сасоли: ЕУ дополнително да ја динамизира својата улога во Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски за време на работната посета на Брисел, денеска оствари средби со потпретседателот на Европската Комисија и Висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Жозеп Борел и со претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли, информираат од Кабинетот на Претседателот на РСМ. На средбата со Борел, претседателот Пендаровски истакнал дека во изминатиов период Северна Македонија покажа...

Османи во посета на Косово: Европската интеграција на Западен Балкан е гаранција за сигурен и стабилен развој

Османи во Косово фото: МНР
Иднината на регионот, со фокус на регионалната соработка, и пораката дека евро-атлантската перспектива и интеграција на целиот регион останува недвосмислена определба на двете држави, денеска беа содржината на разговорите меѓу министерот за надворешни работи Бујар Османи, претседателката на Косово, Вјоса Османи-Садриу и претседателот на парламентот, Глаук Коњуфца, а во рамки на официјалната посета Османи на Република Косово, соопштија од...

Парламентот е мост кон процесот на евроинтеграција и затоа треба да функционира

Во исчекување на датум за почеток на преговори за членство во ЕУ, Северна Македонија мора да продолжи со реформите, а Собранието и Владата да го зајакнат дијалогот и да постигнат консензус при донесувањето на законите кои се од значење за идното членство на земјата во ЕУ. Парламентот треба да биде важен мост кон процесот на евроинтеграција на земјата и...

Слободата на изразување предмет на закани и притисоци во С.Македонија и Албанија

Северна Македонија и Албанија, иако се кандидатки да станат дел од европското семејство, имаат многу недостатоци кога станува збор за слободата на изразување. Според новата методологија за проширување на ЕУ, поглавјето за слободата на изразување и медиумите спаѓа во првата група, кај фундаменталните права. Слободата на изразување и медиумските работници во Северна Македонија исто така се соочуваат со низа...

„Неправедното“ судството бариера на патот кон европската интеграција на Албанија и Македонија

Северна Македонија и Албанија продолжуваат да остануваат на списокот на земји кандидати за влез во Европската унија. Реформите во судството се многу важен услов што ЕУ бара од двете земји строго да ги почитуваат. Во Северна Македонија, довербата во судството е многу мала бидејќи реформите напредуваат со бавно темпо. Во Албанија, експертите проценуваат дека сè уште постои голем јаз...

Димитров: Принципиелната позиција на Германија и нашите реформи создаваат доверба за успех

Принципелната позиција на Германија за остварување на ветувањето кон Северна Македонија и регионот да се приклучат кон Унијата, како резултат на нивната демократска трансформација, е еден од главните двигатели кои ни влеваат доверба во успехот на интегративниот процес. Поминавме долг и трнлив пат поплочен со бројни предизвици кои на моменти изгледаат и ненадминливи, но мора да се направи граница...

На состанокот на Мешовитиот парламентарен комитет благодарност за поддршката од ЕУ и разочарување од бугарската блокада

Разочарување што Северна Македонија не доби датум за почеток на преговорите со ЕУ, критики кон Бугарија за блокирањето на евроинтеграциите на земјава, но апел за конструктивно и одговорно однесување на сите партии во Собранието, пропратено со високи оценки за досега постигнатото во Северна Македонија во реформите. Ова се главните теми кои се дискутираа на денешниот состанок на Мешовитиот парламентарен...

Балканските патишта кон ЕУ: Србија – регионалната ѕвезда на вакцинацијата во геостратешкиот мозаик

Последниве неколку месеци, Србија е ѕвездата од Балканот на вакцинацијата против КОВИД-19. На сите графикони по сите социјални мрежи следени од милиони луѓе ширум можете да ја забележите Србија на челните места по процентот на вакцинираност на населението. Славата ја стекна не затоа што беспоговорно ја следеше ЕУ, туку токму заради спротивното – затоа што играше на повеќе карти,...

Вархеји и Заев на Економскиот форум во Тирана со свои согледувања за проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан

Еврокомесарот за проширување на Европската Унија (ЕУ), Оливер Вархеји на Економскиот форум во Тирана изјави дека за Албанија се исполнети сите услови за почеток на преговорите со ЕУ, додека на Северна Македонија ѝ порача дека е важно брзо да најде заедничко прифатливо решение за билатералните прашања со Бугарија. „Комисијата смета дека за првата меѓувладина конференција со Албанија за почеток на...

Борел: Ќе започнеме пристапни преговори со Северна Македонија и со Албанија

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел порача дека дека Европската Унија не се преправа оти го сака Западен Балкан во свои рамки, но и дека државите од тој регион „мораат да ја завршат својата домашна задача“ и да извршат реформи, пренесува „Дојче Веле“. „Морам да ја отфрлам идејата дека ние (ЕУ) се преправаме дека го сакаме Западен Балкан во свои...

Заштитата на личните податоци – одново во фокусот

Го одбележавме и 28 јануари – Европскиот ден за заштита на личните податоци. Веројатно немаше да биде толку забележан во нашата јавност, ако не коинцидираше со скандалот на тешко нарушување на приватноста – скандалот „Јавна соба“. Во 1981 година на овој ден Советот на Европа ја отвори за потпис Конвенцијата 108 за заштита на личните податоци. Сега е во тек...

Португалско претседателство – ништо спектакуларно во најава

Од 2010 година, по Лисабонскиот договор, покрај програмата на претседателството на ЕУ, кое трае шест месеци, се воведе и Програма на т.н Трио. Триото го сочинуваат три држави кои редоследно претседаваат со ЕУ. Во програмата на Триото Германија – Португалија - Словенија (1 јули 2020 година – 31 декември 2021 година) изрично се поздрави одлуката за почеток на преговорите...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...