fbpx

Османи во посета на Косово: Европската интеграција на Западен Балкан е гаранција за сигурен и стабилен развој

-

Иднината на регионот, со фокус на регионалната соработка, и пораката дека евро-атлантската перспектива и интеграција на целиот регион останува недвосмислена определба на двете држави, денеска беа содржината на разговорите меѓу министерот за надворешни работи Бујар Османи, претседателката на Косово, Вјоса Османи-Садриу и претседателот на парламентот, Глаук Коњуфца, а во рамки на официјалната посета Османи на Република Косово, соопштија од МНР.

„Заедничка амбиција е целосна интеграција на сите земји од регионот на Западен Балкан во Европската Унија. Како земја-членка на НАТО и земја-кандидат за членство во ЕУ, подготвени сме да ги ставиме нашите знаења и искуства на располагање на нашите пријатели во Косово. Европската интеграција значи пред сè институционален и економски напредок, но уште повеќе, во својата суштина, таа носи пријателство, солидарност и сигурност – вредности за траен и долгорочен мир, стабилност и севкупен напредок, како најзначајна потреба на нашите граѓани“, нагласи Османи.

Тој додаде дека, без оглед на предизвиците со кои се соочува, а според демократскиот и реформскиот исчекор, Северна Македонија за време на португалското претседавање со Советот на ЕУ, очекува одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ, што ќе означи и почеток на формалниот процес на преговори.

„Очекуваме што поскоро формирање на владата на соседна Бугарија, по што би се продолжило со заокружување на акцискиот план за соработка, а со тоа и со зајакнување на билатералните односи и довербата меѓу Северна Македонија и Бугарија“, порача Османи.

За време на средбите, меѓу другото, начелно се разговарала и за парламентарната соработка и учеството на припадниците на Армијата на РСМ во рамки на мисијата на КФОР во Косово.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...