Таг: евроинтеграции

таг: евроинтеграции

ЕУ бара усвојување на Законот за климатска акција, Нуредини вели до крајот на годинава ќе се најде пред влада

Европската Комисија во најновиот Извештај за реформскиот напредок на Северна Македонија за 2021 година, во делот за климатските промени, посочува дека земјава треба да го усвои Законот за климатска акција, но и да вложи повеќе напори за да се имплементира ветеното од нас во однос на Парискиот договор за климатски промени, којшто беше потпишан во 2016 година. Министерот за животна...

Меркел вели треба време за да се постигне договор меѓу С. Македонија и Бугарија

Германската канцеларка Ангела Меркел на прес-конференцијата по Самитот на ЕУ со лидерите од Западен Балкан во Словенија, порача дека не можат веднаш да се преземат решенија за надминување на спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија, поради тоа што во Бугарија допрва треба да се одржат парламентарни и претседателски избори. „Тука стана јасно дека следниот чекор што треба да се преземе...

Виенски институт за меѓународни економски студии: Потребна е нова стратегија на ЕУ за Западен Балкан

На Европската унија и е потребна нова стратегија за Западен Балкан, оценуваат од Виенскиот институт за меѓународни економски студии и Фондацијата „Бертелсман“, пред почетокот на Самитот на лидерите на Западен Балкан во Словенија, во среда. „Ветениот економски пакет за Западен Балкан од Европската Унија, во износ од девет милијарди евра, што треба да генерира приватни инвестиции од околу 30 милијарди...

Евроинтеграции: „Жесток“ дијалог помеѓу земјите-членки за формулацијата на Декларацијата за Самитот во Брдо

Уште два дена нè делат од неформалниот Самит ЕУ - Западен Балкан, a не се знае со каков став ќе излезат земјите-членки. Медиумите веќе неколку недели пишуваат за можните формулации во Декларацијата од овој Самит, но се разбира тие остануваат на ниво на претпоставки. Бугарија, од друга страна, се нема поместено од своите ставови, но како и да е,...

По изјавата на Јанев, Заев вели дека по изборите во Бугарија ќе може да се даде шанса на дијалогот

Премиерот Зоран Заев денеска рече дека по локалните избори во земјава и парламентарните избори во Бугарија ќе има добра шанса за да се најде решение за блокадата на почетокот на преговори со ЕУ за нашата земја. „Со завршени избори кај нас и завршени избори во Бугарија, тоа е првата причина да имаме добра шанса. Втората причина е што во разговорите...

Министерот Османи почнува надворешно-политичка турнеја, во Германија на средба со Мас и Рот

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, од утре започнува нова надворешно-политичка турнеја, со присуство во неколку значајни метрополи: Берлин, Варшава и Блед (Словенија), со цел билатерални средби и учество на значајни меѓународни настани, информираат од Министерството за надворешни работи (МНР). Веќе од утре, Османи ќе биде во работна посета на Германија и ќе оствари средби со министерот за надворешни работи,...

Над 60 млади од денеска во Крушево ќе дебатираат за европската иднина на регионот

Над 60 млади активисти, во рамки на меѓународна младинска конференција „Европски вредности за иднината на земјите во Југоисточна Европа“, ќе дебатираат за европската иднина и трансформација на регионот водена од младите, како и за поголема интеграција и дигитална трансформација на општествата, информираат од Младинскиот Сојуз. Конференцијата која по 19-ти пат ќе се одржи од 30 септември до 4 октомври во...

Заев на состанок со амбасадорите од ЕУ: Земјата се движи во вистинска насока, партнерството со ЕУ е наша главна цел

Премиерот Зоран Заев бил домаќин на редовниот годишен состанок на шефовите на дипломатските мисии на земјите членки на ЕУ во нашата земја, информираат од владината прес-служба. Заев разменил мислења со амбасадорите за актуелните и најважни активности во Северна Македонија со посебен акцент на процесот за интеграција на земјата во Европската Унија. „Премиерот Заев, пред амбасадорите на земјите членки на ЕУ...

Еврокомесарот Вархеји денеска во Бугарија ќе разговара со Радев и Стоев

Еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји денеска ќе биде во посета на Бугарија, јави Бугарското национално радио (БНР), повикувајќи се на ЕУ. Предвидено е Вархеји да се сретне со претседателот Румен Радев и министерот за надворешни работи Светлан Стоев. Други детали не се објавени, но БНР, повикувајќи се на упатени извори, вели дека целта на посетата и разговорите е...

Пленарна сесија на „Преспа форумот“: Застојот со евроинтеграциите на С. Македонија и Албанија не е добар чекор

Претседателот Стево Пендаровски на пленарната сесија на тема: „Ресетирање на синергијата ЕУ-САД кон Западен Балкан“ во рамките на „Преспа форум за дијалог“ рече дека е време за ресетирање и напредок на земјите од Западен Балкан во делот на евроинтеграциите. „Конечниот резултат е дека Западниот Балкан, особено во минатата деценија заостанува во економска смисла зад Европската Унија и повеќе отколку во...

Пендаровски во посета на Загреб: Претседателот Милановиќ ја потврди поддршката за евроинтеграција на земјава

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски денеска ја започна дводневната официјална посета на Хрватска. Тој во Загреб со државни и воени почести беше пречекан од претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, информираат од Кабинетот на Претседателот на РСМ. По тет-а-тет средбата на претседателот Пендаровски со претседателот Милановиќ, делегациите на Република Северна Македонија и Република Хрватска одржале пленарен состанок за...

Пендаровски: ЕУ не може да биде клучен геополитички играч додека носи одлуки со консензус

Клучниот проблем на Европската унија е носењето на одлуки со консензус. Без да се промени тоа, Унијата не може да биде клучен геополитички играч. Поради тоа расте евроскептицизмот во регионот на Западен Балкан и во Северна Македонија, но и во самата ЕУ, што е поразително. Ова го посочи претседателот Стево Пендаровски на денешната панел дискусија: „Триесет години независност и...

Заев и Борисов од Софија: Минатото треба да биде поттик за решенија за актуелната ситуација меѓу С. Македонија и Бугарија

Премиерот Зоран Заев денеска ги започна активностите во рамките на работната посета на Република Бугарија, со средба со претседателот на партијата ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов, информираат од владината прес-служба. На средбата, на која присуствувал и заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, беше изразена желбата со нова динамика да продолжи поддршката на евроинтеграциските процеси на...

Кластер 3: Конкурентност и инклузивен растeж

Кластерот обединува прилично различни поглавја, чиј заеднички именител треба да е нивната поврзаност со развојот. Затоа, овој кластер е тесно поврзан со економските критериуми. Поглавја од кластерот 3: Конкурентност и инклузивен растеж         Информатичко општество и медиуми Оданочување Економска и монетарна политика 19 . Социјална политика и вработување Претпријатија и индустриска политика Наука и истражување Образование и култура Царинска унија Да почнеме...

Заев: Историски момент е присуството на С.Македонија на Самитот на НАТО како полноправна членка

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи Бујар Османи, ја предводи владината делегација на годинешниот Самит на НАТО 2021 на шефови на држави и влади во Брисел, информираат од владината прес-служба. Премиерот Заев учествува во работата на Северноатлантскиот совет на НАТО на кој лидерите на земјите...

Со техничката влада во Бугарија, нејасна перспектива за решавање на спорот

Историскиот грч Македонија - Бугарија тешко дека може да се реши сега, знаејќи дека во соседната земја во моментов има техничка влада. Иако во јавноста има надеж, техничката влада нема овластување за решавање на спорот со Македонија, туку само да организираат избори. Постои една единствена можност за започнување на преговорите, но тоа би отворило уште поголеми проблеми за нашата...

Заев се согласува со бугарскиот претседател Радев, спорот е билатерален и така треба да го решиме

Премиерот Зоран Заев денеска се согласи со бугарскиот претседател Румен Радев, кој вчера изјави дека не сака како посредници во спорот меѓу Скопје и Софија да се вклучат европски историчари. Заев рече дека секојпат се добредојдени пријатели кои сакаат да помогнат, но дефинитивно ова е билатерален спор и така треба да го решиме. Инаку, тој вчера имаше телефонски разговор со...

Поделбата на Северна Македонија и Албанија во евроинтеграциите може да предизвика незадоволство

Изјавата на високиот претставник на ЕУ, Оливер Вархеји, со која не се исклучува можноста во јуни разговорите со Брисел да ги започне само Албанија, предизвика дебата и дилеми во јавноста. Експертите едногласно тврдат дека овие две земји на првата меѓувладина конференција не треба да се поделат, оти такво нешто би предизвикало незадоволство на регионалната политичка сцена. Од друга страна,...

Димитров на средбата со Рот: Предлогот на португалското претседателство е добра основа за решение

Вицепремиерот Никола Димитров, на вчерашниот состанок во Скопје со германскиот министер за Европа, Михаел Рот, посочил дека предлогот на португалското претседателство на Советот на ЕУ за спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија е добра основа за решение. Како што соопштија од кабинетот на Димитров, тој е убеден оти со добра волја од двете страни може да се најде едно европско...

Средба на Заев со Мишел: Да се спроведе едногласната одлука на членките на ЕУ од март 2020 за почеток на пристапните преговори

Премиерот Зоран Заев денеска во Брисел се сретна со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел. Двајцата соговорници на средбата се согласија дека иднината на Западен Балкан е во полноправното членство во ЕУ, и дека за Северна Македонија и Албанија треба да се спроведе едногласната одлука на земјите членки на Унијата од март минатата година за почеток на пристапните преговори...

Македонија и регионот се прегреваат, просечните температури ќе бидат и за три степени повисоки

Топлотните бранови во Северна Македонија, како и во другите држави на Западен Балкан, ќе се зголемат по интензитет, времетраење и фреквенција, веројатно за шест до осум пати годишно. Извештајот...