fbpx

По изјавата на Јанев, Заев вели дека по изборите во Бугарија ќе може да се даде шанса на дијалогот

-

Премиерот Зоран Заев денеска рече дека по локалните избори во земјава и парламентарните избори во Бугарија ќе има добра шанса за да се најде решение за блокадата на почетокот на преговори со ЕУ за нашата земја.

„Со завршени избори кај нас и завршени избори во Бугарија, тоа е првата причина да имаме добра шанса. Втората причина е што во разговорите се движиме на добар пат. Меѓусебната разбирачка сè повеќе е присутна во разговорите. Тие да не разберат нам, ние да ги разбереме нив и верувам дека низ едни такви разговори, низ дијалог, низ убава дипломатија, низ пријателство и подадена рака ќе го потврдуваме добрососедството, пријателството и соработката со Бугарија кое е означено со Договорот од 2017 година, но во пракса исто така тоа мораме да го гледаме секојдневно кај нас“, изјави премиерот Заев.

Инаку, реакцијата на Заев следи по изјавата на бугарскиот премиер Стефан Јанев дека Софија ќе го следи досегашниот курс во однос на Македонија и да го штити бугарскиот национален интерес, но и дека Бугарија мора да се фокусира на дијалог и на постојан контакт.

„Да се бара решение со властите во Република Северна Македонија во име на нашата заедничка иднина. Бугарија сака нормален дијалог, сака да го запре јазикот на омразата, како и воспитувањето за омраза кон Бугарија. Така овие работи ќе се решат и ќе се најде вистинската формула“, изјави бугарскиот премиер Јанев.

И претседателот Стево Пендаровски во интервју за денешното издание на грчкиот весник „То Вима“ изрази надеж дека по бугарските избори ќе продолжат разговорите меѓу двете земји.

Премиерот Заев в среда во Словенија ќе се сретне со бугарскиот претседател Румен Радев и со високи европски претставници во рамките на претстојниот Самит на ЕУ.

Со реакција пред претстојниот Самит на ЕУ, во Скопје денеска се јавија и од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ рече дека проблем за земјава не била блокадата од Бугарија, туку криминалот и корупцијата.

Според неговата изјава, за Македонија проблем не била ниту методологијата на Франција како што власта убедуваше, ниту блокадата од Бугарија. ЕУ ако мисли дека Македонија треба да ги започне преговорите со Македонија „за еден ден ќе се заврши работата со Бугарија“.

„Би сакал да информирам пред овој самит ќе се случи и самит на Европската народна партија. Европската народна партија е најголема партија во Европа и овој самит секогаш традиционално се случува пред почетокот на официјалниот самит. Таму ќе присуствува делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот на партијата Христијан Мицкоски на која што ќе се сретне со европските лидери и ќе разговара за европските интеграции на Македонија. Наша желба е Македонија да стане членка на ЕУ“, изјави Николоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...