недела, 12 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Александар Николоски | 46 резултати

Македонија потпиша договор за економска соработка со Обединетото Кралство

мај 22, 2025

На 22 мај 2025 година, во Лондон, вицепремиерот Александар Николоски, во име на Владата на Република Северна Македонија, го потпиша Договорот Влада со Влада за политичка и економска соработка со Обединетото Кралство. Договорот предвидува финансиска поддршка до 6 милијарди евра за реализација на капитални проекти во земјата. Николоски, кој воено е и министер за транспорт, […]

Вицепремиерот Николоски во Лондон се сретнал со претставници на британскиот инструмент за надворешно финансирање

мај 22, 2025

Министерот за транспорт и вицепремиер, Александар Николоски преку соопштение до медиумите објави дека во Лондон разговарал со претставници на Инструментот за поддршка на надворешното финансирање на Обединетото Кралство – УКЕФ, за деталите околу 5-те милијарди фунти, пари што треба да ѝ се ставаат на располагање на Македонија за реализација на инфраструктурни проекти. “Истите можат да […]

Николоски може да праша во ВМРО-ДПМНЕ од каде е информацијата за 5-6 милијарди евра од странство

мај 10, 2025

Во интервју за телевизија со национална концесија вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски даде изјава околу погрешно пренесена информација која може да се оцени како недоследна: „Не знам на кој начин таа информација е пласирана во јавноста, но мислам дека појасно треба да ги прикажеме работите. Ние работиме на еден голем инвестициски циклус кој што би […]

Министерот за транспорт тврди: Една милијарда евра странски инвестиции во 2024 година

февруари 19, 2025

Министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски, денеска од Охрид се пофали дека странските инвестиции во Македонија минатата година надминале една милијарда евра. Како што соопшти министерството за транспорт во краткото соопштине за медиумите,, Николоски очекува овој тренд на зголемување да продолжи. Вицепремиерот и министер за транспорт во изјавата вели дека бројките од Заводот за […]

Вицепремиерот Николоски потпиша спогодба за слободен транспорт и транзит на стока со Украина

февруари 12, 2025

Александар Николоски, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт оствари видео-конференциска врска со Олекси Кулеба, заменик претседател на Кабинетот на министри на Украина. Двајцата потпретседатели во име на владите на двете земји го потпишаа Протоколот за измена на Спогодбата меѓу Македонија и Украина за меѓународниот патен превоз на патници и стока. Со оваа спогодба, се […]

Контраспин: Николоски спинува дека важен дел од ЕУ бил против проширувањето

декември 21, 2024

Потпретседателот на Владата на РСМ, Александар Николоски, зборувајќи за проширувањето на ЕУ и пробелмите на земјата со Бугарија изрече став во кој може да се препознае спин: Спин: Нема прв пат да го кажам тоа што ќе го кажам вечерва, проблемот е многу поголем од блокирање на Бугарија. Проблемот е затоа што неколку големи земји членки на ЕУ […]

Контраспин: Николоски само треба да погледне во Собранието, а не во анкетите, па ќе знае кој е опозиција

ноември 28, 2024

Александар Николоски, потпретседател на Владата и министер за транспорт направи спин од прашањето кој е опозиција во државата, со тоа што се повикува на анкетите, генерално. Сепак, дефиницијата кој им е главниот политички противник се одредува според местата освоени во Собранието на РСМ на последните парламентарни избори. Се разбира, може опозицијата да биде и вонпарламентарна, […]

Контраспин: На Николоски му фали уште градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ за да го среди превозот

ноември 21, 2024

Префрлањето на одговорноста за катастрофалната состојба со јавниот превоз во Скопје, нотирано и во годинешниот извештај на Европската комисија, продолжува и со овој спин на Николоски, кому владеењето на ВМРО-ДПМНЕ на централно ниво и со мнозинство во Советот на Град Скопје му е недоволно за решавање на проблемите, па ќе треба да почекаме на вмровски […]

Николоски за Катимерини: Заедничките проекти уште повеќе ќе нè зближат со Грција

октомври 30, 2024

Во интервју за грчки Катимерини, македонскиот вицепремиер и министер за транспорт, Александар Николоски, ја истакнал посветеноста на земјата кон засилена регионална соработка, истакнувајќи ги проектите насочени кон диверзификација на енергетските извори и подобра инфраструктурата низ Западен Балкан. Како што пренесува медиумот, Николоски, кој присуствувал на Форумот за поврзување на Југоисточна Европа неделава во Солун, ги […]

Владата планира интерконтинентални летови од скопскиот аеродром

октомври 21, 2024

Македонската влада планира во иднина да воведе интерконтинентални летови од Меѓународниот аеродром Скопје, објави порталот exyuaviation.com. Како што пишува во нивната објава, министерот за транспорт и врски Александар Николоски, изјавил дека веќе почнале да работат на тоа и свесен бил оти е тоа голема амбиција. „Владата има планови да организира интерконтинентални летови од скопскиот аеродром, […]

Николоски бара 100 дена, а Мицкоски рече дека ни 100 минути не му требаат

септември 23, 2024

Доколку шефот на Николоски, премиерот Мицкоски на два пати се откажа од т.н. „меден месец“, односно 100 дена пауза на оценки и критики на владата за да се организира и да ги воспостави полугите на извршната власт, недоследно е сега вицепремиерот да се жали и на опозицијата и на медиумите и на невладините дека ги […]

Николоски пред министрите за транспорт на ЕУ: Коридорот 10 приоритет, Коридорот 8 со „технички предизвици“

септември 22, 2024

Министерот за транспорт Александар Николоски соопшти дека на министерскиот состанок со министрите за транспорт на Европската Унија зборувал за крупните инфраструктурни проекти кои се реализираат во државата. Меѓу другото, во однос на железницата посочил дека приоритет број еден за земјата е изградба на „брза пруга Скопје-Солун со 200 км/ч“. Во видеото што министерот кој објави […]

Николовски: Брзата пруга и Коридор 10 приоритет за македонската и српската Влада

септември 4, 2024

Подобрување на инфраструктурата, поточно во делот на Коридор 10 и изградбата на брзата пруга, биле теми на разговор меѓу претставници на македонска делегација со српските власти, на средбата која се одржала денеска во Белград. Како што информираат од Министерството за транспорт и врски, во Белград биле заменик-претседателот и министер за транспорт, Александар Николоски, заменик-претседателот и […]

Гоу Грин: Со новиот Закон за урбанизам ќе се уништат јавните простори

август 12, 2024

Невладината „Гоу Грин“ изразува загриженост за најновата предлог-измена на Законот за урбанизам која се носи по брза постапка, без соодветна јавна дебата и учество на засегнатите граѓани и граѓанскиот сектор. Оваа промена, според Гоу Грин, не само што го исклучува гласот на јавноста, туку и претставува закана за нашето јавно добро. „Со оваа измена, ќе […]

Николоски – Гир: Ќе има обид за реставрација на оштетениот објект на Пошта со помош од ЕУ

август 8, 2024

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствариле работна средба со Амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир на која се разговарало и за заштитата на културното наследство во Македонија. Во овој сегмент, се отворило прашањето за реставрација на објектот на централната зграда на Македонска пошта во центарот на Скопје како објект од […]

Грантот за Крива Паланка-Ранковце, за кој Николоски се заблагодарува, беше блокиран од ВМРО-ДПМНЕ

јули 26, 2024

Блокиран грант, па ветување за доизградба на пат со истиот тој грант – вака накратко може да се опише последната фаза од изградбата на експресен пат од Крива Паланка до Ранковце. Идејата е на ВМРО-ДПМНЕ започната со заем од Светска банка од 2015 година, реализацијата ја започнал СДСМ вo 2018 година и после низа перипетии, […]

Контраспин: „Некаквите т.н. родови политики“ се меѓународни стандарди за основни човекови права

април 13, 2024

Врз основа на Истанбулската конвенција потпишана од Р. Македонија во 2011 година, а ратификувана во 2018 година, како и врз основа на Уставот и еден куп други закони, меѓу кои и оние за спречување на дискриминација, до ден денешен се носат измени на законодавството и државата ги усогласува своите правни рамки и практики со современиот […]

Опаѓа поддршката за членството во ЕУ во земјава, најизразен отпор кај младите

декември 18, 2023

Поддршката за членството на Северна Македонија во ЕУ опаѓа, иако мнозински 60 отсто од граѓаните одговориле дека ќе гласаат потврдно ако следната недела би се оддржал референдум за членство на земјава во ЕУ. Иако мнозинството граѓани и годинава го поддржуваат овој надворешнополитички приоритет на земјава, станува збор за најнискиот процент за поддршка за членство во […]

Партиски препукувања: кој е главниот виновник поради што Македонија извиси во Брисел?

декември 16, 2023

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ преку преписки се докажуваа кој е виновен бидејќи државата не ги отворила поглавјата од преговорите со ЕУ, по последниот Самит на ЕУ. Владејачката партија смета дека поради блокадата на опозицијата во македонското Собрание државата не ги отвори поглавјата од преговорите со ЕУ, додека пак според опозицијата, Македонија е блокирана е резултат на […]

Александар Николоски не признал дека ВМРО-ДПМНЕ е антизападна и против ЕУ

август 30, 2023

Не е вистина дека Николоски признал дека ВМРО-ДПМНЕ е антизападна и дека е против ЕУ, како што тврди оваа објава на Фејсбук. Очигледно е дека станува збор за монтирано видео, со цел да се оцрни најголемата опозициска партија. Доколку се слушне целосното интервју на Николоски, дадено за ТВ21, ќе се види дека тој зборува за […]

Страна 1 од 3