fbpx

Мицкоски отиде да се сретне со Орбан во Будимпешта, каде што пребегна Груевски

-

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Александар Николоски денеска се во посета на Будимпешта, каде што остварија средба со премиерот на Унгарија и претседател на сестринската партија ФИДЕС, Виктор Орбан.

„На средбата се разговараше за ЕУ интеграциите на Македонија. Претседателот Мицкоски го истакна ставовот на ВМРО-ДПМНЕ и на македонскиот народ дека интеграцијата е неопходна, но таа да биде достоинствена и со зачувување на идентитетските обележја на народот“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението на опозициската партија се наведува дека Македонија и ЕУ ги очекува најтешката зима во историјата, со големи потешкотии на енергетски план, во снабдувањето со енергенси.

„Претседателот Мицкоски нотираше дека владата во Македонија не ги прави потребните чекори во справување со енергетската криза, не се обезбедуваат навремено јаглен, мазут, гас и нафтени деривати, туку кога ќе дојде пикот на кризата се даваат големи суми на пари неколкукратно над тоа што можело да се потроши ако на време се обезбеделе истите тие ресурси“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Исто така, на средбата со Виктор Орбан биле нотирани и предизвиците од мигрантската криза која е проблем како за Македонија, така и за ЕУ.

Во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ нема информации за тоа дали Христијан Мицкоски и Александар Николоски ќе се сретнат со поранешниот премиер и претседател на нивната партија, Никола Груевски. Во 2018 година, тој избега од Македонија, каде што се водат повеќе судски процеси против него и веќе е осуден на повеќегодишни затворски казни, а последната од шест години затвор му беше досудена за незаконската изградба на Белата палата во центарот на Скопје во случајот „Талир 2“.

Пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски денеска изјави дека Мицкоски повторно е во Будимпешта, веројатно по нови инструкции од неговиот ментор Груевски, а со единствена цел како да се однесува во овој момент поврзано со барањето за референдум.

„Мицкоски и Апасиев не успеаја во нивните намери, нивните лаги и црни сценарија пропаднаа. Сега се изолирани во обидите да се создадат нови пречки на европскиот пат на државата. Причините за тоа треба да си ги бараат кај себе“, изјави пратеникот Костовски како одговор на новинарско прашање во однос на вчерашната изјава на Мицкоски за опозициските партии дека се инсталација на власта и затоа не го поддржуваат барањето за рефередум.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕУ воведе санкции кон Русија поради смртта на Навални

Вчера Европската Унија одговори на смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални со нови санкции, јавува ДПА повикувајќи се на дипломатски извори. Санкциите претходно ги најави шефицата на германската дипломатија Аналена...