fbpx

Министерот Чулев негира дека МВР го прислушкува раководството на ВМРО-ДПМНЕ

-

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, денеска од Струмица коментираше дека ниту тој, ниту пак до МВР, има доставено пријава за следење или прислушкување на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Ова беше одговор на прашањето за коментар на тврдењето на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, кој во телевизиско гостување рече дека има сериозни докази дека врвот на партијата и нивните семејства се следени и прислушувани.

– Досега до МВР нема дојдено пријава дека е прислушкувано раководството. Доколку дојде, согласно оперативните процедури, ќе постапиме и ќе го информираме и Јавното обвинителство. Немам такви сознанија, значи нема добиено пријава за прислушкување или следење на политички претставници – изјави Чулев, на прашањето дали тој како министер за внатрешни работи има такви сознанија.

Во однос на полициската акција во магацинот на семејството Заеви во Струмица, Чулев потврди дека случајот го истражи Внатрешната контрола, која утврди дека полициските службеници не направиле пропуст, но дека имало одредени административни пропусти.

За барањето за наградување на полициските службеници, Чулев кажа дека доставил уредба до Владата за линеарно наградување на полициските службеници за целокупниот досегашен придонес во здравствената криза.

– Не е само награда, туку и мотивација. Полициските службеници се постојано ангажирани. Сметам дека Владата има ресурси да ја даде оваа награда, исто како што беше одобрено за здравствените работници – кажа Чулев.

Министерот Чулев посочи и дека останува на ставот дека треба да има отстапки за празничниот карантин, со извесно олабавување на предлозите од Комисијата за заразни болести. Тој смета дека во тие 58 часа треба да има одредени „прозорци“, делови од денот, на пример до 14 часот, што е поволно за граѓаните и за нивната ментално физичка сосојба, за да може да се движат и да завршат некоја работа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...