fbpx

Собраниската седница на која треба да се избере новата Влада ќе продолжи в недела во 12 часот

-

Собраниската седница на која се расправаше за избор на новата Влада, заврши вечерва и ќе продолжи в недела во 12 часот.

Мандатарот Зоран Заев изјави дека „ќе имаме мала, ефикасна влада од одговорни и отчетни кадри, целосно посветени на трансформација на подобро.“

Тој во неговото експозе се осврна на македонската економија при што вети забрзан економски раст.

„По завршувањето на кризата, Владата ќе продолжи со своите докажани заложби: раст на минимална плата до крајот на мандатот во висина од 20 до 40 проценти и раст на просечната плата до крајот на мандатот од 20 до 30 проценти, во зависност од должината и влијанието на коронакризата врз светската и домашната економија. Нашите цели се јасни, 20.000 денари минимална плата и 34.000 денари просечна плата до крајот на четиригодишниот мандат,“ рече Заев.

Во однос на состојбата со корона вирусот, тој најави уште поголема посветеност на здравствениот систем и инвестиции во јавното здравство.

За состојбите во судството, Заев најави дека разрешница на предметите отворени од Специјалното јавно обвинителство.

„Силната посветеност во борбата против корупцијата и криминалот, ја докажуваме и преку тоа што за првпат Владата добива вицепремиер за борба против корупција, кој ќе биде задолжен да ги координира напорите на институциите од извршната власт задолжени за борба против криминал и корупција, но и да алармира на можни случаи на висока корупција од страна на државни функционери и јавната администрација. Силен ефикасен правен систем е важен за државата, за нејзините граѓани, но важен е и за интеграцијата во ЕУ и отпочнување на преговорите и отворање на првите поглавја кои најчесто се однесуваат токму на владеење на правото,“ додаде Заев.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, на денешната расправа истакна дека големиот број на ветувања на Заев се лажни. Таа ги посочи изјавите на Зоран Заев во однос на промената на името, промената на Уставот, неколкуте негови изјави низ годините за датумот за членство во Европската унија, па рече дека Заев излажа за се и за името, и за Уставот и за датумите за членство.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски пак, најави демонстрации оваа есен.

„Се гледаме во селата и градовите. Најавувам масовни демонстрации кои ќе започнат уште оваа есен. Затоа граѓани, се гледаме во македонските градови и села, на демонстрациите со кои ќе ја урнеме оваа влада која ќе го има најкраткиот мандат. Оваа коалициона влада е коалиција на лагата“, рече Николоски.

Расправата за избор на новата Влада може да трае најдоцна до полноќ в недела.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...