fbpx

ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за Владата до Собрание, пратеник на Алтернатива пишман за ставениот потпис

-

ВМРО-ДПМНЕ денеска ја достави Иницијативата за интерпелација на Владата на РСМ, на која, како што велат од таму, се потпишале 61 пратеник од опозициската коалиција „Обнова за Македонија“, Алијанса за Албанците, Алтернатива, БЕСА и Левица.

„Очекуваме Претседателот на Собранието согласно роковите утврдени во Уставот и Деловникот во најбрз можен рок да свика седница на која што ќе се гласа за доверба на Влада“, посочија од ДМПМНЕ.

Тие сметаат дека има две можности во оваа ситуација, да се состави нова влада или да се организираат предвремени парламентарни избори.

Инаку, пратеникот Скендер Реџипи-Зејд денеска во изјава за телевизија „Алсат-М“ рече дека тој се залага за рушење на оваа влада, но не по цена да стави потпис на список на кој се потпишани и пратениците на Левица.

„Кога ја составувавме листата, Левица не беше дел од неа. Не прифаќам мојот потпис да е дел од списокот заедно со потписот на лидерот на Левица“, рекол Скендер Реџепи-Зејд за „Алсат-М“.

Инаку, премиерот Зоран Заев денеска преку Фејсбук се огласи по неколку дена молк.

Тој не ја споменува оставката што ја најави на 31 октомври вечерта, но затоа пак напиша дека овие денови сме сведоци на загрозување на Договорот од Преспа, на Договорот за добрососедство со Бугарија, на Охридскиот рамковен договор, на заедничкото и еднакво општество, на мирот на граѓаните внатре и на добрите односи со соседите.

„Нашата кауза е и граѓанска и државничка. Знам дека позади таа кауза како бедем гордо стојат мнозинство од нашите граѓани и мнозинство од нашите пратеници. Демократијата, слободата, солидарноста и заедништвото се нашите вредности“, напиша премиерот Заев на Фејсбук.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...