fbpx

Димитров: Интерпелацијата за мојата работа е конструирана на лажни вести

-

Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров во своето прво обраќање од собраниската говорница по повод интерпелацијата за неговата работа што ја поднесоа група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше дека интерпелацијата е полна со апсурди, како на пример, обвинувањето дека не испорачал преговори по цена на одбрана на македонскиот јазик за да можат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ од собраниската говорница и од јавните настапи да го обвинат за предавство на националните интереси.

„Интерпелацијата за мојата работа е збир од лажни вести и обид за излез од внатрепартискиот хаос преку иницијатива за рушење на Владата и тоа за позиции и одлуки на други држави или меѓународни организации,“ рече Димитров.

Во елаборацијата на фактите за договорот со Бугарија, Димитров рече дека европските лидери и САД во еден глас го оцениле како инспирација за целиот регион и нашата држава.

„Во договорот јасно стои дека потписниците се обврзуваат да помогнат, а не да го блокираат нашиот пат кон ЕУ и НАТО. Моја работа е да преговарам и да направам договорите да бидат во најдобриот интерес на нашата држава. Јас не сум одговорен ако некоја држава одлучи да не го почитува договореното. Второ, НАТО и ЕУ се стратешка определба на 80 проценти од граѓаните, како тоа работејќи за тие цели и остварувајќи ја едната, јас ги изневерувам или носам во заблуда?,“ рече Димитров.

Тој во своето обраќање детално објасни зошто е лага дека не сакал да се појави пред собраниската Комисија за надворешни работи.

„Претседателот на комисијата, замислете, не може да организира ни покана навремено да достави, односно целосно потфрла во својата работа, а очекува министрите да му се на располагање во секое време да учествуваат во таков панаѓур на некомпетентност. Значи, тука очигледно е дека намерата не била да се одржи суштествена дебата, туку да се купат неколку минути и редови евтина медиумска кампања“, рече Димитров.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, образложувајќи ги причините за интерпелацијата во Собранието, истакна дека очекува таа да биде прифатена поради  „тоталното фијаско со европските интеграции на државата што е целосно спротивно на ветувањата на владејачкото мнозинство“.

„Ова владејачко мнозинство како ветување број еден имаше почеток на преговори за членство во ЕУ. Тоа што на почетокот на февруари 2021 дебатираме тука во Собранието во услови кога Македонија воопшто не почнала преговори за членство и крајно е неизвесно не само кога и дали воопшто ќе ги почне е најголемо фијаско што можеше да и се случи на оваа Влада,“ рече Николоски, според кого, за ваквата состојба најодговорни се Димитров и претседателот на Владата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Херзи Халеви, изјави дека Израел ќе одговори на иранскиот воздушен напад, но дека сè уште размислуваат кога и како ќе го направат тоа. Иранскиот...