fbpx

Александар Николоски од ВМРО – ДПМНЕ ќе му парира на Заев во четворката

-

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашната прес – конференција ги објави кандидатите за пратеници за претстојните парламентарни избори на 12 април. Тој како претседател на најголемата опозициска партија во земјава нема да се најде на кандидатските листи. Носител на листата во првата изборна единица е Гордана Силјановска Давкова, додека кандидатската листа во двојката ќе ја предводи Владо Мисајловски.

Листата на кандидати во третата изборна единица ќе ја предводи Игор Јанушев, додека на Зоран Заев во четвртата изборна единица ќе му се спротивстави Александар Николовски. ВМРО – ДПМНЕ како носител на листа во петтата изборна единица го предложи Игор Дурловски. Во шестката кандидатската листа ќе ја предводи Дафина Стојаноска.

Претседателот Мицкоски спомена дека Централниот Комитет на ВМРО – ДПМНЕ едногласно ја усвоил листата на кандидати за пратеници со која тие ќе настапат на претстојните парламентарни избори.

„Можам да соопштам дека идниот пратенички состав, а потоа и идната влада ќе ја сочинуваат најголем број на нови лица, досега докажани индивидуи. ВМРО – ДПМНЕ е новата надеж и идната победничка опција околу која се врзува целокупниот кадровски потенцијал во државата и која ќе започне да ги менува работите“, истакна Христијан Мицкоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...