недела, 10 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: ВладоМисајловски | 11 резултати

Груевски од Ѓорче Петров најави „нова ера на просперитет и на достоинство“

октомври 3, 2017

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на вечерашниот митинг во скопската општина Ѓорче Петров најави дека Коалицијата за подобра Македонија ќе донесе нова ера на просперитет, исполнети ветувања, одговорност, достоинство и на заедништво. Груевски истакна дека во изминатите четири месеци, граѓаните се сведоци на „помрачување во сите форми“, како што се незаконско работење, незаконски назначувања и […]

Трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид: Реализираме проекти додека СДСМ шири безидејност

ноември 30, 2015

На минатите избори победивме со 200.000 гласови разлика, а непризнавањето на овие избори значи непризнавање на волјата на народот, истакна синоќа од трибина на ВМРО-ДПМНЕ , Антонио Милошоски, член на извршниот комитет на партијата и пратеник. Тој од Охрид, уште еднаш побара од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, да ја расчисти аферата за фалсификуваните лични […]

Продолжен рокот за легализација на дивоградбите

ноември 11, 2015

Рокот за достава на елаборатите за легализација на дивоизградени објекти се пролонгира до 31 март 2016 година. Граѓаните што поднеле барање може да достават геодетски елаборати до 31 декември 2016 година. Ова денеска го соопштија министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, и директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Славче Трпевски. Според надлежните, пролонгираниот рок […]

Мисајловски: Санирани 95 отсто од штетите од поплавите во Охридско

октомври 12, 2015

„Санирани се 95 отсто од штетите од поплавите во Охридско. Во акцијата координирано дејствувале механизацијата обезбедена од Општина Охрид, заедно со механизацијата што ја испрати Градот Скопје, како и приватни фирми“, изјави денеска во Охрид министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, при обиколка на поплавените подрачја во охридскиот регион. – За само 12 часа […]

Министерството за транспорт и врски ќе врши увид на поплавените подрачја во Охрид

октомври 12, 2015

Министерството за транспорт и врски ќе врши увид во поплавените подрачја во Охрид и ќе презема мерки за надминување на состојбите. Министерот Владо Мисајловски напладне ќе ги посети загрозените домови и семејства и ќе изврши увид во санирањето на штетите во поплавените подрачја во Охрид. На терен ќе излезат стручните служби на Општината за да […]

Доцни изградбата на магистралата Велес – Кадрифаково

јуни 13, 2015

Изградбата на патната магистрала Велес – Кадрифаково се одвива со извесно задоцнување, а работите на патот едно време стагнирааа, потврди денеска и министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, кој рече дека ќе се бара ново проектанско решение за проблемот што се јавил. – Сега се работи ефективно. Таму работат две фирми, „Штрабак“ и „Гранит“. […]

Пратениците гласаа: Чавков и Мисајловски нови министри во Владата на Груевски

мај 13, 2015

Собранието денеска со мнозинство гласови ги изгласа новите министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, откако досегашните, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, вчера си поднесоа неотповикливи оставки. За изборот на Митко Чавков за нов министер за внатрешни работи, од 81 присутен пратеник, „за“ гласаа 71, „против“ гласаше еден, а воздражни беа двајца пратеници […]

Страна 1 од 1