fbpx

Охридски „Комуналец“ за еден ден собра 150 вреќи ѓубре исфрлено во езерото

-

По обилните врнежи дожд и големите бранови во изминативе денови, Охридското Езеро исфрли огромни количества отпад на потегот од кампот Љубаништа, манастирскиот комплекс Свети Наум, воениот камп па сѐ до границата со Албанија. Екипите на ЈП „Комуналец“ од Охрид вчера почнаа да го собираат исфрленото ѓубре од езерото. Само во текот на вчерашниот ден се собрани 150 вреќи пластични шишиња, остатоци од пластична амбалажа, картонска амбалажа и други видови на цврст отпад.

„Според планираното, активностите за чистење ќе се одвиваат и во следните денови поради големите количини отпад“, се вели во соопштението на општина Охрид.

Општинските власти издадоа налог и до концесионерите кои стопанисуваат со плажите во овој дел од крајбрежјето да спроведат итни активности за расчистување на истото.

Огромните количества отпад, за време на обилните врнежи деновиве пристигнаа преку реката Черава од Албанија. Станува збор за отпад што се фрла во долж коритото на оваа река, која се влева во Охридското Езеро кај местото Сукот.

– Не е познато дали Реактивната мониторинг мисија на UNESCO, IUCN и International Council on Monuments and Sites (ICOMOS), која неодамна го посети Охридскиот регион, била однесена во обиколка на коритото на реката Черава или други слични локации претворени во депонии. За потсетување, со политичка одлука на Комитетот за светско наследство, минатата година, неколку локации од албанската страна на езерото добија статус светско природно и културно наследство и беа вклучени во Охридскиот регион – велат од граѓанската иницијатива „ОХРИД СОС“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...