fbpx
Таг: евроинтеграции

таг: евроинтеграции

Од Европскиот парламент: Пофалби, билатерализација, контрадикторност

Со една констатација изнесена од бугарските европратеници во дискусијата по овогодишната Резолуција за Извештајот за Северна Македонија се сложувам: дека таа содржи контрадикторни ставови. Тоа е резултат на лобирањата, бројните направени компромиси, партиските усогласувања и надмудрувања, вклучувајќи и до последните денови пред усвојувањето. Годинешниов тек на подготовката и расправата за Предлог-Резолуцијата предизвика неспоредливо помалку внимание во јавноста од порано, освен...

Ковачевски – Драги: Остварените резултати да имаат завршница со итно отворање на пристапните преговори

Премиерот Димитар Ковачевски во рамки на неговата работна посета на Рим, денеска оствари средба и со премиерот на Италија, Марио Драги. На средбата било потенцирано дека Северна Македонија и Италија негуваат блиски политички и економски односи засновани на интензивен дијалог и чести средби на највисоко институционално ниво. Двајцата премиери изразиле согласност дека проширувањето на ЕУ треба да се разгледува од...

Парадоксално: Земјава има недостиг на судии и покрај тоа што нивниот број е над европските стандарди

Северна Македонија има повеќе судии отколку што се бара со европските стандарди, но сепак судии недостигаат. Ова на прв поглед изгледа парадоксално, сепак причината за овој недостиг е поради вишокот предмети, кои сè уште не се обработени и за кои нема конечен епилог, што може да доведе до застарување на предметите. Министерот за правда Никола Тупанчевски вели дека според...

„Чекајќи го Годо“ – уметничка акција посветена на евроинтеграцијата на земјава во центарот на Скопје

Во центарот на Скопје денеска е поставена уметничката инсталација „Чекајќи го Годо“, посветена на односот на Европската Унија кон Република Северна Македонија. Герила акцијата е дел од проектот „Артиватор“ на Центарот за современи уметности. „Инспирацијата за оваа акција доаѓа од сличноста на состојбите во драмата Чекајќи го Годо на Семјуел Бекет и Евроинтеграцискиот процес на РСМ. Иако на прв поглед...

Европа на „концентрични кругови“ повторно на сцената

Од самотo основање на Европската Унија живи се идеите за т.н. „диференцирана интеграција“. Со овој поим се означуваат различни форми на интеграција и соработка меѓу членки, но и не-членки на ЕУ. Вообичаено се прави разлика меѓу внатрешниот аспект на ова прашање, кој се однесува на членките на ЕУ, и надворешниот – на оние кои не се членки. Причините кои доведоа...

Османи: Интеграцијата на Западниот Балкан е геостратешка инвестиција во европската безбедност

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на покана на Делфи економскиот форум, учествуваше на панелот „Европа после Украина“, заедно со своите колеги од Грција, Словачка и Косово – Никос Дендиас, Иван Корчок и Доника Грвала Шварц, информираат од Министерството за надворешни работи (МНР). На панелот се дискутираше за актуелните безбедносни предизвици со кои се соочува европскиот континент, за начинот на...

Рама побара Албанија одвоено од Македонија да ги почне преговорите со ЕУ

Албанија ќе побара од Европската Унија да го продолжи процесот на пристапување кон ЕУ одвоено од Северна Македонија, изјави денеска албанскиот премиер Еди Рама, пренесува агенцијата „Ројтерс“. Тој додаде дека Албанија веќе не може да чека Северна Македонија и Бугарија да го решат спорот. „Нашиот политички курс во однос на ова прашање целосно ќе се промени“, изјави премиерот Еди Рама. Говорејќи...

Користењето на некои електронски услуги е зголемено, но е далеку од посакуваното ниво [инфографик]

Употребата на одредени електронски услуги во текот на 2021 година, во однос на периодот 2019/20 година бележи благ пораст. Ова го покажуваат податоците што ги обезбеди ИЦЕДА (ICEDA) во соработка со Порталб.мк, споредувајќи ги со податоците од прелиминарното истражување, кога истите електронски услуги се користеле помалку. Сепак, зголемувањето е сé уште далеку од нивото на кое граѓаните треба да...

Нова криза – ветви пораки за Западниот Балкан

Во последната турнеја на Западниот Балкан, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Унијата Жозеф Борел избра да ги посети Албанија, Македонија и Босна и Херцеговина. Изборот му паднал на во моментов најпослушните и на во моментов најризичниот. Се чини дека Србија и Косово ќе беа преголем залак за оваа посета, а Црна...

Премиерот Ковачевски во Брисел на средби со раководството на ЕУ

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Брисел оствари средба со раководството на Европската Унија. Тој разговараше со претседателката на Европскиот парламент (ЕП) Роберта Мецола, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел. За време на разговорот во Европскиот парламент, премиерот Ковачевски ја запозна претседателката на ЕП Мецола со силно изразената подготвеност на владите во...

Бугарија прифаќа да го користи името Северна Македонија, работните групи ќе имаат средби секоја недела

Македонскиот и бугарскиот премиер, Димитар Ковачевски и Кирил Петков, на заедничка прес-конференција информираа за конкретните резултати остварени од средбата денеска во Скопје. Тие се договорија дека Бугарија прифаќа да го користи краткото име на државата Северна Македонија подеднакво како и долгото Република Северна Македонија. Ова значи дека Бугарија нема веќе да ја кочи употребата на краткото име во ниту еден...

Пристигна бугарската владина делегација – Петков на средба со Ковачевски

Во првата меѓународна активност на новата влада предводена од претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, е пречекот на неговиот бугарски колега Кирил Петков. Очекувањата се дека главната тема на разговорите ќе биде надминувањето на бугарското вето за почеток на преговорите на Северна Македонија за зачленување во ЕУ. Бугарскиот премиер Петков пристигна денеска со владина делегација. Со државна церемонија пред платото на...

Рама: Надворешни сили се додворуваат на Западен Балкан, но нема откажување од членството во ЕУ

Фрустрирачки е да се чека, но лидерите од Западен Балкан треба да ги отфрлат предлозите од надворешните странски сили и да ја задржат вербата за членство во ЕУ, апелираше албанскиот премиер Еди Рама во интервју за Фајненшл Тајмс. „Другите можат да донесат пари, инвестиции, можеби дури и кавијар, но нема да бидат способни да го донесат она што ви треба...

Ни Америка не можеше да ја „спаси“ европската интеграција на Македонија во 2021 година

Евроинтеграциското патешествие на Северна Македонија во текот на 2021 година не донесе резултати и покрај повремените надежи. Токму кога се мислеше дека со формирањето на новата Влада во Бугарија ќе има напредок за деблокирање на спорот со соседната земја, оставка поднесе Владата на Македонија. Советот на ЕУ одржа состанок, но не даде датум за земјата. Македонија се соочи со...

Eвропскиот зелен договор две години потоа

Зелениот договор од 2019 година е прв стратешки приоритет на овој состав на Европската комисија. Тој има три главни цели: Европската унија да стане неутрална во поглед на стакленичките гасови до 2050 година; Економскиот раст да се раздвои од користењето на ресурсите; Ниеден човек и ниедно место да не биде запоставено. За првата цел, која е и најпознатата, е поставена...

Станавме членка на Креативна Европа, програма на ЕУ со буџет од над 2,4 милијарди евра

Северна Македонија стана полноправна членка на програмата на ЕУ Креативна Европа, која што има буџет од над 2,4 милијарди евра за периодот 2021-2027 година и е наменета за културниот, креативниот и аудиовизуелниот сектор. „Амбасадорката при Мисијата на Република Северна Македонија при Европската Унија, Агнеза Руси, и комесарката за иновации, истражување, култура, образование и млади на ЕУ, Марија Габриел, го потпишаа...

Линхарт: Се надеваме дека преговорите со Македонија и Албанија ќе почнат во декември

Австрискиот сојузен министер за европски и меѓународни работи, Михаел Линхарт, денеска во Скопје, по средбата со македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи, порача дека Австрија ја поддржува европската перспектива на земјите од Западен Балкан и поддржува итен почеток на преговорите за членство на Северна Македонија со ЕУ во декември. „Тоа е прозорец на можности и за Албанија и за...

Османи на средба со еврокомесарот Вархеји: Преговорите да отпочнат што е можно поскоро

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките на работната посета на Брисел, оствари средба со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји. На средбата беше дискутирано за европската перспектива на Северна Македонија, за добрососедските односи, регионалните иницијативи како и за очекувањата во периодот што претстои, во пресрет на декемвриските Совети, како можност за позитивен исчекор во следната фаза...

Порталб: Ништо не е направено околу трансферот на административците во приватниот сектор

Трансферот на вработените од јавниот во приватниот сектор не започна и покрај тоа што се ветува од 2019 година, кога Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) го водеше Дамјан Манчевски, пишува „Порталб“. Истото подоцна го вети и актуелниот министер Јетон Шаќири. МИОА не дава информации што од овој проект е сработено, а од Синдикатот на администрацијата велат дека никој...

ЕУ бара да се вложат повеќе средства во борба против загадувањето на воздухот

Европската Комисија во најновиот Извештај за реформскиот напредок на земјава за 2021 година јасно потенцира дека Северна Македонија треба да ги зголеми финансиите што се одвојуваат на национално и локално ниво за намалување на загадувањето на воздухот. „Ограниченото спроведување и ресурсите, слабата меѓусекторска соработка и координацијата помеѓу централните и локалните власти го ограничуваат влијанието на мерките за намалување на аерозагадувањето....

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...