fbpx

Пристигна бугарската владина делегација – Петков на средба со Ковачевски

-

Во првата меѓународна активност на новата влада предводена од претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, е пречекот на неговиот бугарски колега Кирил Петков. Очекувањата се дека главната тема на разговорите ќе биде надминувањето на бугарското вето за почеток на преговорите на Северна Македонија за зачленување во ЕУ.

Бугарскиот премиер Петков пристигна денеска со владина делегација. Со државна церемонија пред платото на Владата, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, го пречека премиерот на Република Бугарија Кирил Петков, по што тие ќе одржат тет-а-тет средба.

Во рамките на меѓувладините средби, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ ќе се сретне со Кристиан Вигенин, заменик-претседател на парламентот на Бугарија, како и министрите за транспорт и врски на двете држави Благој Бочварски и Николај С’бев.

Веќе се одржа средбата на министрите за надворешни работи на Република Северна Македонија и на Република Бугарија Бујар Османи и Теодора Генчовска.

На средбата беше поздравен обновениот дијалог меѓу двете влади, но и се упати порака дека со новата динамика во контактите ќе дојде до преку потребното надградување на билатералните односи.

Во фокус на разговорите била претстојната заедничка седница на владите, која ќе се одржи во Софија на 25 јануари, како и внесувањето на нова динамика во соработката преку примена на концептот на работни групи.

„Со тоа двете земји ќе испратат јасен сигнал дека постои силна волја за исчекор и взаемно разбирање, во духот на добрососедството и европските вредности“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи.

Посетата се случува на самата 30-годишнина од првото признавање на независноста на нашата држава, кое дојде токму од Република Бугарија, но ова е и прва посета на премиерот Петков на регионот на Западен Балкан воопшто, што испраќа многу важна и вредна порака за нашите односи, но не помалку важно и за нашиот динамичен и верувам поинаков пристап во надминување на предизвиците со кои се соочуваме“, изјави министерот Османи по средбата.

Тој додаде дека е важно да се идентификуваат конкретни чекори за соработка, преку иницијативи, активности и проекти во многу скоро време, за што двете Министерства за надворешни работи и другите ресори ќе дадат свој конкретен придонес.

Во однос на економската соработка, министрите го поздравиле растот на трговската размена меѓу двете земји од 30 отсто во текот на 2021 година и изразиле надеж дека таа соработка ќе се продлабочи годинава, се наведува во соопштението на МНР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одѕивот на гласачите до 17 часот е за 9 отсто повисок од претходните претседателски избори

До 17 часот, според Државната изборна комисија, на претседателските избори гласале 397.612 лица, односно 44,18 посто од вкупниот број запишани гласачи - 1.814.317. Најголема излезност има во Општина Новаци, над...