fbpx

Премиерот Ковачевски во Брисел на средби со раководството на ЕУ

-

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Брисел оствари средба со раководството на Европската Унија. Тој разговараше со претседателката на Европскиот парламент (ЕП) Роберта Мецола, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел.

За време на разговорот во Европскиот парламент, премиерот Ковачевски ја запозна претседателката на ЕП Мецола со силно изразената подготвеност на владите во Скопје и Софија да ги удвојат напорите за подобрување на меѓусебните односи со јасни намери да го забрзаат процесот за одржување на првата Меѓувладина конференција со ЕУ.

Разговорот на премиерот Ковачевски со Шарл Мишел го опфатил започнатиот интензивен дијалог меѓу владите на Северна Македонија и Бугарија, при што од зачестената комуникација во наредниот период се очекуваат резултати кои ќе го помогнат изготвувањето на патоказот за спроведување на заеднички прифатените проекти за унапредување на довербата и за билатералната соработка, со крајна цел да се деблокира постапката за првата меѓувладина конференција на Северна Македонија со ЕУ.

Премиерот Ковачевски и претседателот на Европскиот Совет споделиле заеднички став дека е забележлива подготвеноста на владите во Скопје и Софија да се удвојат напорите за подобрување на односите меѓу земјите и дека во таа насока ангажманот на европските институции во помагањето за деблокирање на процесот за пристапување кон ЕУ за Северна Македонија, како и за Албанија, се очекува позитивно да влијае на динамиката на реформи во Западен Балкан.

Во рамките на посетата на Брисел, премиерот Димитар Ковачевски на средбата со претседателката на Европската комисија фон дер Лајен се согласија дека брзото започнување на преговарачкиот процес за Северна Македонија ќе е позитивен импулс за динамиката на реформите.

Премиерот Ковачевски во таа насока како охрабрувачка ја оцени брзата организација на неговата работна посета на Брисел, заради можноста највисоките претставници на ЕУ да бидат запознаени со резултатите од интензивната агенда на дијалогот помеѓу Северна Македонија и Бугарија.

На двете официјални работни средби и во Скопје и во Софија, рече премиерот Ковачевски на средбата со претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен, се постигна договор за унапредување на билатералната соработка преку создавање на пет работни групи.

Од нивната работа се очекуваат конкретни резултати кои ќе бидат преточени во патоказ кој ќе го забрза процесот за одржување на првата Меѓувладина седница на Северна Македонија со ЕУ за отворање на поглавјата за членство во Унијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...