fbpx
Таг: евроинтеграции

таг: евроинтеграции

Да се усогласиме со медиумската директива на ЕУ за да не изгубиме пристап до програмата Креативна Европа

До 31 мај годинава Македонија ќе треба да се усогласи со медиумската директива на Европската Унија (ЕУ) за да не го изгуби пристапот до програмите за финансирање на продукција на содржини, меѓу кои е и програмата Креативна Европа. На ова денеска предупреди амбасадорот на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир на денешното јавно претставување на проектот на ЕУ „ЕУ...

Вигенин ги повика македонските политичари да се воздржат од потпалувачки изјави

Кристијан Вигенин, заменик-претседател на бугарскиот парламент и член на Бугарската социјалистичка партија денеска во изјави за медиумите во парламентот, ги повика властите во Македонија, како и водечките политичари и партии да се воздржат од изјави и постапки што не водат до решавање на проблемите, туку до неприфатлива ескалација којашто може на долг рок да го влоши дијалогот меѓу двете...

Вучиќ: Нема евроинтеграции и инвестиции ако не го прифатиме француско-германскиот план за Косово

Ми соопштија дека мораме да го прифатиме овој план, француско-германскиот, за нормализација на односите со Косово, а ако не го профатиме, ќе се соочиме со последици, изјави вчера претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во своето обраќање на прес-конференција. Како што пренесе телевизијата „Н1“, тој навел дека му било соопштено оти земјата ќе се соочи со прекин на процесот за...

До каде е скринингот?

По едномесечна празнична пауза продолжува скринингот. Тоа е веројатно добар момент да се направи пресек до каде е овој процес. Овде презентираните податоци се засноваат на објавениот календар на веб страната на СЕП и досегашното следење на скринингот. Двата дела од скринингот – објаснувачкиот и билатералниот – се одвиваат напоредно. Досега е завршен објаснувачкиот скрининг за првите три кластери: 1....

Фајон по втор пат ја предупредува Подгорица: Можно е ЕУ да ги прекине преговорите со Црна Гора

Словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон вчера по втор пат ги предупреди властите во Подгорица дека постои голема опасност ЕУ да ги прекине пристапните преговори со Црна Гора, доколку не успее и шестиот обид за деблокада на Уставниот суд на оваа земја, пренесува Радио Слободна Европа. „Уставниот суд е приоритет пред сите приоритети. Денеска разговаравме за тоа какви се...

Минатата година во сферата на евроинтеграциите беше успешна за земјава

2022 година може да се смета како успешна година за Северна Македонија во нејзиниот евроинтеграциски пат. По многу перипетии, на 19 јули земјава доби зелено светло за отпочнување на преговорите со Европската Унија. Ова успеа да се случи со интервенирање на Франција, која даде еден предлог за двете земји, што на почеток не беше прифатен од страна на Македонија,...

Шведско претседателство со ЕУ: Поддршка ќе има, но со „шкрта“ програма за евроинтеграциите на земјава

Претседателството на Европската Унија во ова полугодие ќе го има Шведска, која сега веќе ги обелодени нејзините приоритети. На чело на нив e војната во Украина, конкуренцијата, зелената и енергетската транзиција, демократските вредности и владеењето на правото, а кај ова последново се очекува да се третираат прашањата на Западниот Балкан, пренесува Порталб.мк. Државниот секретар на Секретаријатот за Европски Прашања, Дрита...

Гир порачува политичарите и општеството годинава да се фокусираат на реформите

Амбасадорот на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир им порача на граѓаните и на политичарите во новата година да се фокусираат на исполнување на реформите кои се неопходни за влез на земјава во ЕУ. Евроамбасадорот Гир порача дека ваквата цел бара обединување на политичарите од целиот политички спектар и општеството. „Главната порака до политичарите, а не само до Владата, се реформите...

Хрватска се подготвува за влез во Шенген и еврозоната од 1 јануари

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, словенечката претседателка Наташа Мирц Мусар и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на 1 јануари симболично ќе го одбележат влезот на Хрватска во Шенген зоната со посета на досегашниот хрватско-словенечки граничен премин Брегана. На овој начин, во недела ќе се одбележи можноста на хрватските граѓани да влегуваат и излегуваат во внатрешните граници на ЕУ...

Законите за животна средина ни се европски, но имплементацијата е македонска

Македонското законодавство за животна средина и климатски промени напредувало во усогласувањето со европското во однос на минатата година, но спроведувањето и понатаму останува недоволно. Државните и локалните институции и понатаму имаат слаби и недоволни капацитети и човечки ресурси. Администрацијата е бројна, но неефикасна, нема координација, стручни и квалификувани кадри, ниту пак интерсекторска соработка. Ова се генералните заклучоци кои ги нотира...

Петровска: Дијалогот кој го промовира Северна Македонија дава надеж за целиот регион

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска денеска во Кремс учествуваше на министерскиот состанок на Централноевропската одбранбена соработка и земјите од Западниот Балкан, на кој стана збор за европската перспектива на земјите од регионот, процес кој е исклучително важен особено во денешната безбедносна реалност на европскиот континент. „Овие времиња на предизвици претставуваат и една уникатна можност за сите нас да ја засилиме...

Политиките за животна средина и клима високо целат, но малку се имплементираат

Европските директиви кои ги засегнуваат прашањата од животната средина и климатските промени се генерално имплементирани во домашното законодавство, но и понатаму недостасува ефикасна имплементација. Сè уште не е донесен Законот за климатска акција, најголемите енергетски капацитети работат без А-интегрирани дозволи, амбициозните климатски политики не се во согласност со актуелните активности, принципот загадувачот плаќа не се спроведува доследно и нема...

Ковачевски-Рама: Патот кон ЕУ нема да биде лесен, ниту за Северна Македонија, ниту за Албанија, ќе биде фатално да имаме враќање назад

Премиерите на Република Северна Македонија и на Република Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама, денеска на заедничка прес-конференција ги повторија ставовите на владите на двете земји за проевропските политики, добрососедство и соработка која ќе придонесе за развој на целиот регион. Премиерот Ковачевски неколку пати апелираше до опозицијата да не ги кочи европските процеси и истакна дека втората меѓувладина седница денеска...

ЕУ бара Македонија да ги исполни обврските од Парискиот договор за климатските промени

Македонија да си ги исполни обврските преземени со потпишувањето на Парискиот договор за климатските промени во 2016 година и да го донесе Законот за климатска акција. Ова е една од трите клучни задолженија кои ги доби земјава за наредната година од Европската Комисија (ЕК) во Извештајот за реформскиот напредок кон европските интеграции за 2022 година. „Долгорочната Стратегија за климатска акција...

Средба Ковачевски – Лосон: Поддршка од Обединетото Кралство за реализација на стратешките цели

Премиерот Димитар Ковачевски се сретна со Метју Лосон, новиот амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во нашата држава, информираат од владината прес-служба. На состанокот е потврдено големото пријателство помеѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство и е потенцирана заедничката определба за унапредување на соработката во економијата, во одбраната - како партнерски држави во НАТО, во борбата против...

ЕУ за нови проекти во земјава одобри неповратни средства од 225,6 милиони евра

На крајот на јули 2022 година, Европската Унија ги одобри првите проекти за спроведување на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан, при што Северна Македонија аплицираше со четири инвестициски проекти и добивме поддршка за секој од нив, во вкупен износ од 225,6 милиони евра. Станува збор за неповратни средства - грантови, која што финансиска поддршка нема потреба да...

Маричиќ: Скринингот на ЕУ е две години, има време за уставните измени и за менување на учебниците

Вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција рече дека на државните институции во Македонија и Бугарија ќе им треба две години координација за обострано, врз принципот на реципроцитет, да ги имплементираат препораките на мешовитата Комисија за историски прашања. Заедничката историска комисија во понеделникот преку Министерството за надворешни работи објави заедничка декларација за чествување на средновековните ликови Цар Самуил, свети...

Собранието ги изгласа прeдложените заклучоци за францускиот предлог

По три дена расправа во Собранието за Информацијата за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори со Европската Унија, предложена од страна на француското Претседателство со Советот на Европа, пратениците денеска ги изгласаа заклучоците поднесени од страна на СДСМ и ДУИ. За предложените заклучоци гласаа 68 пратеници, додека „против“ и „воздржани“ немаше. Непосредно пред гласањето за предлог-заклучоците, пратениците од опозициската...

Порталб: Центрите за социјална работа активно работат, документацијата за давање помош е намалена

Центрите за социјална работа функционираат согласно измените и дополнувањата на Законот за социјална заштита од мај 2019 година. Принципот на менаџирање на случаи се имплементира, менаџерите ги водат случаите според територијален принцип за семејствата кои остваруваат права од областа на социјалната заштита и заштитата на децата, но исто така и услуги согласно законот, велат од Министерството за труд и...

Од Европскиот парламент: Пофалби, билатерализација, контрадикторност

Со една констатација изнесена од бугарските европратеници во дискусијата по овогодишната Резолуција за Извештајот за Северна Македонија се сложувам: дека таа содржи контрадикторни ставови. Тоа е резултат на лобирањата, бројните направени компромиси, партиските усогласувања и надмудрувања, вклучувајќи и до последните денови пред усвојувањето. Годинешниов тек на подготовката и расправата за Предлог-Резолуцијата предизвика неспоредливо помалку внимание во јавноста од порано, освен...

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...