fbpx
Таг: евроинтеграции

таг: евроинтеграции

Со техничката влада во Бугарија, нејасна перспектива за решавање на спорот

Историскиот грч Македонија - Бугарија тешко дека може да се реши сега, знаејќи дека во соседната земја во моментов има техничка влада. Иако во јавноста има надеж, техничката влада нема овластување за решавање на спорот со Македонија, туку само да организираат избори. Постои една единствена можност за започнување на преговорите, но тоа би отворило уште поголеми проблеми за нашата...

Заев се согласува со бугарскиот претседател Радев, спорот е билатерален и така треба да го решиме

Премиерот Зоран Заев денеска се согласи со бугарскиот претседател Румен Радев, кој вчера изјави дека не сака како посредници во спорот меѓу Скопје и Софија да се вклучат европски историчари. Заев рече дека секојпат се добредојдени пријатели кои сакаат да помогнат, но дефинитивно ова е билатерален спор и така треба да го решиме. Инаку, тој вчера имаше телефонски разговор со...

Поделбата на Северна Македонија и Албанија во евроинтеграциите може да предизвика незадоволство

Изјавата на високиот претставник на ЕУ, Оливер Вархеји, со која не се исклучува можноста во јуни разговорите со Брисел да ги започне само Албанија, предизвика дебата и дилеми во јавноста. Експертите едногласно тврдат дека овие две земји на првата меѓувладина конференција не треба да се поделат, оти такво нешто би предизвикало незадоволство на регионалната политичка сцена. Од друга страна,...

Димитров на средбата со Рот: Предлогот на португалското претседателство е добра основа за решение

Вицепремиерот Никола Димитров, на вчерашниот состанок во Скопје со германскиот министер за Европа, Михаел Рот, посочил дека предлогот на португалското претседателство на Советот на ЕУ за спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија е добра основа за решение. Како што соопштија од кабинетот на Димитров, тој е убеден оти со добра волја од двете страни може да се најде едно европско...

Средба на Заев со Мишел: Да се спроведе едногласната одлука на членките на ЕУ од март 2020 за почеток на пристапните преговори

Премиерот Зоран Заев денеска во Брисел се сретна со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел. Двајцата соговорници на средбата се согласија дека иднината на Западен Балкан е во полноправното членство во ЕУ, и дека за Северна Македонија и Албанија треба да се спроведе едногласната одлука на земјите членки на Унијата од март минатата година за почеток на пристапните преговори...

Секој од лидерите на Западен Балкан со свој став по заедничката вечера со шефот на европската дипломатија

По вчерашната заедничка вечера со шефот на дипломатијата на ЕУ Жозеп Борел, секој од шесте лидери на земјите од Западен Балкан излезе со сопствен став. Премиерот Зоран Заев пред средбата со потпретседателот на Европската комисија Борел изјави дека Северна Македонија го очекува она што ѝ е ветено, а тоа е прифаќање на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина...

Лидерите на шесте земји од Западен Балкан вечерва на средба со шефот на дипломатијата на ЕУ

Потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за безбедносна и надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел вечерва во Брисел организира заедничка работна вечера со лидерите на шесте земји од Западен Балкан. Од Владата на РСМ потврдија дека премиерот Зоран Заев денеска и утре ќе оствари посета на Брисел, а вечерва ќе присуства на закажаниот настан од страна на шефот...

Ајде на море – јужни ветрови дуваат од Грција

Дојде викендот кога голем дел од македонските граѓани се радуваат на можноста повторно да го видат најблиското море, а зошто не – и да се искапат во егејските води. Грција ги отвора границите, за да не изгуби уште една туристичка сезона, секако со услови за ковид-19. Како што обично бива, некои прерано се израдуваа, па во моментите додека го...

Порталб: Северна Македонија „во чекална“ и по јуни, малку шанси за почеток на преговори со ЕУ

Нема воопшто или многу малку шанси за почеток на преговори во јуни, на Северна Македонија со Европската унија. Ова е впечаток на експертите од земјата во врска со патот за интеграција на РСМ во ЕУ. Високите дози песимизам преовладуваат од повеќе причини, пишува Порталб.мк. Според Малинка Ристевска Јорданова, од Институтот за европски политики, шансите за почеток на разговори се мали,...

Фон дер Лајен: Европската Комисија ќе се вклучи уште посилно во барањето решение за старт на преговорите

Премиерот Зоран Заев денеска во рамките на неговата посета на Брисел, оствари средба и со претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, соопшти владината прес-служба. На средбата, на која присуствуваа и заменик-претседателот во Владата за европски прашања Никола Димитров, министерот за надворешни работи Бујар Османи, премиерот Заев упати порака до претседателката Фон дер Лајен за уште поактивно вклучување...

Средба на Заев со Вархеји во Брисел: Идентитетот не може да биде причина за блокада на европските интеграции

Премиерот Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот во Владата за европски прашања Никола Димитров, министерот за надворешни работи Бујар Османи и шефицата на Постојаната мисија на Северна Македонија во ЕУ Агнеза Руси-Поповска, денеска во Брисел се сретна со еврокомесарот за соседска политика и проширување на ЕУ Оливер Вархеји, информираат од владината прес-служба. Еврокомесарот Вархеји ја пречекал македонската делегација со пораката дека...

Во пресрет на утрешниот Ден на Европа, младите со порака до ЕУ: Вам ви е редот!

Во пресрет на 9 мај, Денот на Европа, Министерството за надворешни работи денеска организираше платформа на која им беше дадено на младите од земјава да испратат пораки до Европа поврзани со европските интеграции на Република Северна Македонија. Во своите обраќања, младите на сопствен начин го потенцираа незадоволството од предолгото стоење во чекалната на ЕУ, упатувајќи емотивни пораки за нивните европски...

Германија и Словачка против раздвојување на Северна Македонија и Албанија во евроинтеграциите

По серијата изјави на еврокомесарот Оливер Вархеји дека е можно Северна Македонија и Албанија да бидат раздвоени во процесот за нивно пристапување кон ЕУ, со спротивставување излегоа германскиот министер за Европа Михаел Рот и словачкиот министер за надворешни работи Иван Корчок, преку нивните Твитер-профили. Germany🇩🇪 supports 🇵🇹 #EU-Presidency’s objective to hold first accession conferences with both Albania🇦🇱 + North Macedonia🇲🇰...

Вархеји: Можно е раздвојување на Скопје и Тирана на патот кон ЕУ

Иако процесите на евроинтеграции на Северна Македонија и Албанија во ЕУ досега течеа заедно, Брисел би можел да ги раздвои и да ги почне пристапните преговори со Тирана, доколку продолжи бугарската блокада на Скопје и не се најде заеднички прифатливо решение со Софија, порача еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји за „Еуроњус“. Според него, тоа би значело дека...

Пендаровски на средби со Борел и Сасоли: ЕУ дополнително да ја динамизира својата улога во Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски за време на работната посета на Брисел, денеска оствари средби со потпретседателот на Европската Комисија и Висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Жозеп Борел и со претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли, информираат од Кабинетот на Претседателот на РСМ. На средбата со Борел, претседателот Пендаровски истакнал дека во изминатиов период Северна Македонија покажа...

Османи во посета на Косово: Европската интеграција на Западен Балкан е гаранција за сигурен и стабилен развој

Османи во Косово фото: МНР
Иднината на регионот, со фокус на регионалната соработка, и пораката дека евро-атлантската перспектива и интеграција на целиот регион останува недвосмислена определба на двете држави, денеска беа содржината на разговорите меѓу министерот за надворешни работи Бујар Османи, претседателката на Косово, Вјоса Османи-Садриу и претседателот на парламентот, Глаук Коњуфца, а во рамки на официјалната посета Османи на Република Косово, соопштија од...

Парламентот е мост кон процесот на евроинтеграција и затоа треба да функционира

Во исчекување на датум за почеток на преговори за членство во ЕУ, Северна Македонија мора да продолжи со реформите, а Собранието и Владата да го зајакнат дијалогот и да постигнат консензус при донесувањето на законите кои се од значење за идното членство на земјата во ЕУ. Парламентот треба да биде важен мост кон процесот на евроинтеграција на земјата и...

Слободата на изразување предмет на закани и притисоци во С.Македонија и Албанија

Северна Македонија и Албанија, иако се кандидатки да станат дел од европското семејство, имаат многу недостатоци кога станува збор за слободата на изразување. Според новата методологија за проширување на ЕУ, поглавјето за слободата на изразување и медиумите спаѓа во првата група, кај фундаменталните права. Слободата на изразување и медиумските работници во Северна Македонија исто така се соочуваат со низа...

„Неправедното“ судството бариера на патот кон европската интеграција на Албанија и Македонија

Северна Македонија и Албанија продолжуваат да остануваат на списокот на земји кандидати за влез во Европската унија. Реформите во судството се многу важен услов што ЕУ бара од двете земји строго да ги почитуваат. Во Северна Македонија, довербата во судството е многу мала бидејќи реформите напредуваат со бавно темпо. Во Албанија, експертите проценуваат дека сè уште постои голем јаз...

Димитров: Принципиелната позиција на Германија и нашите реформи создаваат доверба за успех

Принципелната позиција на Германија за остварување на ветувањето кон Северна Македонија и регионот да се приклучат кон Унијата, како резултат на нивната демократска трансформација, е еден од главните двигатели кои ни влеваат доверба во успехот на интегративниот процес. Поминавме долг и трнлив пат поплочен со бројни предизвици кои на моменти изгледаат и ненадминливи, но мора да се направи граница...

ЕСМ и Адора постигнаа договор за закуп на скопските топлани

АД Електростопанско на Северна Македонија (ЕСМ) и АДОРА постигнаа договор за закуп на топланите кои се во сопственост на АДОРА, кои ќе се користат од страна на АД ЕСМ...