fbpx

Граѓанско општество: поттикнувач на реформи или државен непријател?

-

Деновиве повторно се актуелизира улогата на граѓанското општество во Македонија, по повикот од највисоко државно ниво до европските донатори да ги „секнат“ парите за невладини организации и медиуми кои „работеле против Европа“, односно „против европските интеграции на земјата“.  Ова барање се актуелизира по околу една година, кога се вжештува дискусијата околу уставните амандмани.

Автор: Малинка Ристевска – Јорданова

Па да погледнеме што вели ЕУ за граѓанското општество и за неговата улога во пристапувањето. За почеток, добро е да се потсетиме на она што е претставено од Европската комисија во аналитичкиот скрининг за граѓанското општество, како дел од Кластерот Темели, во областа Демократски институции. Да повториме – ова е најзначајниот кластер, оној кој ја определува динамиката на пристапувањето во целина.

Основата на acquis и стандардите за граѓанското општество (ГО) се одредбите на Повелбата на темелните права на ЕУ, основачките договори на ЕУ (Договорот за ЕУ и за функционирањето на ЕУ), Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП) и судската пракса на Европскиот суд за човекови права, како и меѓународното право за човекови права. Најпрвин тоа е слободата на изразувањето и здружувањето гарантирана во Повелбата на темелните права на ЕУ.  Во основачките договори на ЕУ, стои обврската на институциите на ЕУ да им се даде на граѓаните и репрезентативните здруженија „можност да ги објават и јавно да ги разменат своите ставови во сите области на дејствување на Унијата“, како и да одржуваат „отворен, транспарентен и редовен дијалог со репрезентативните здруженија и граѓанското општество“. Институциите на ЕУ имаат и обврска за учество на граѓанското општество во доброто владеење, како и да обезбедат отвореност и транспарентност.

Заедничките насоки за слободата на здружување на Венецијанската комисија и на ОДИХР (Канцеларијата на ОБСЕ за човекови права), пак, подетално ги објаснуваат и разработуваат меѓународните стандарди за слободата на здржувањето во 11 принципи. Меѓу нив се секако и слободата на изразувањето, како и слободата да се бараат, добиваат и користат средства.

Не случајно во аналитичкиот скрининг е истакнато дека граѓанското општество е „значен субјект во владеењето, двигател за реформи, релевантен соговорник, инструмент на гласот на граѓаните“, па оттаму и потребата за отворен и структуиран дијалог, како и учество во процесите на донесувањето политички одлуки.

И не случајно подрршката на граѓанското општество има посебен третман во документите за проширувањето.Така, во Методологијата за проширување, граѓанското општество е изземено од евентуалното намалување на претпристапните средства во случај на „проблеми“. Ова е операционализирано во Регулативата за ИПА III, но и во толку споменуваната Преговарачка рамка.  Натаму, “Насоките за поддршката на ЕУ на граѓанското општество за периодот 2021-2027 година“ детално разработуваат цели и резултати за три глобални подрачја: а) погоднa околина за ГО; б) зајакната соработка и партнерство меѓу организациите на ГО  и јавните власти и в) зајакнати капацитети и отпорност на организациите на ГО за ефективно спроведување на нивните активности. Повторно, во Прилогот на овој документ, меѓу другото, се објаснети и стандардите за ГО кои го поткрепуваат документот.

Не случајно ЕУ улогата на граѓанското општество посебно ја нагласува во областите на демократијата, темелните права и владеењето на правото. Повторно ќе се навратиме на Посебниот извештај на Судот на ревизорите за Западниот Балкан, според кој, “поддршката на ЕУ за дејствување на граѓанското општество за владеење на правото е недоволна за исполнување на потребите на секторот и неговото влијание не се следи темелно”. Затоа една од основните препораки е да се интензивира поддршката за граѓанското општество ангажирано во реформите на владеењето на правото и независноста на медиумите.

Што е пак, досега констатирано во последно време за исполнувањето на стандардите за граѓанското општество? Еден од релевантните (невладини!) извори – Извештајот на Балканската мрежа за развој на граѓанското општество за овозможувачка средина за граѓанското општество за 2022 година, за жал, забележува низа назадувања на нашава земја на овој план. И, за жал, тенденцијата продолжува.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...