fbpx

Фајон по втор пат ја предупредува Подгорица: Можно е ЕУ да ги прекине преговорите со Црна Гора

-

Словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон вчера по втор пат ги предупреди властите во Подгорица дека постои голема опасност ЕУ да ги прекине пристапните преговори со Црна Гора, доколку не успее и шестиот обид за деблокада на Уставниот суд на оваа земја, пренесува Радио Слободна Европа.

„Уставниот суд е приоритет пред сите приоритети. Денеска разговаравме за тоа какви се шансите тој да стане што побрзо ефективен, бидејќи е важен за демократијата, владеењето на право и за изборите кои следат“, изјави Фајон по вчерашната средба со црногорскиот државен врв.

Таа повторно предупреди дека ако политичките партии во црногорскиот парламент не се договорат за изборот на нови уставни судии, тогаш постои сериозна закана, додавајќи дека официјален Брисел ќе разговара на 23 јануари за потенцијалните мерки кои би можело да ги преземе ЕУ.

Тања Фијон вчера се сретна со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, техничкиот премиер Дритан Абазовиќ и претседателката на црногорскиот парламент Даниела Џуровиќ. Инаку, Црна Гора е во длабока институционална и политичка криза, при што блокирана е работата на Уставниот суд поради неизборот на нови уставни судии, а владејачкото мнозинство во црногорскиот парламент не успеа ниту да формира нова влада.

Веќе е извесно дека во земјата ќе има нови парламентарни и претседателски избори, а претседателката на црногорското собрание Даниела Џуровиќ денеска ги распиша претседателските избори за 19 март годинава, пренесува црногорскиот весник Побједа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...