fbpx

Маричиќ: Скринингот на ЕУ е две години, има време за уставните измени и за менување на учебниците

-

Вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција рече дека на државните институции во Македонија и Бугарија ќе им треба две години координација за обострано, врз принципот на реципроцитет, да ги имплементираат препораките на мешовитата Комисија за историски прашања.

Заедничката историска комисија во понеделникот преку Министерството за надворешни работи објави заедничка декларација за чествување на средновековните ликови Цар Самуил, свети Кирил и Методиј, свети Климент и свети Наум, како и корекции од средновековниот период во бугарските и македонските учебници од основно училиште.

„Има многу процедури кои што ќе треба да се направат, но нас нѝ е важно резултатите да се преточат во општеството без да се загуби нашиот интерес“, рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека очекува и Софија да го имплементира договореното во наредниот период.

„Вредно е ако седум врвни историчари кои сме ги поставиле, се согласиле со тој текст, така што ако тоа отвори заедничко видување, тоа треба да се цени и да се почитува. Им веруваме на луѓето кои работат таму. Сѐ што ќе направиме ние, очекуваме тоа да го направи и Софија“, рече Маричиќ.

Тој исто така рече дека членовите на комисијата за одредени специфични периоди може да побараат консултации и со други надворешни стручњаци, кои не членуваат во комитетот.

„Станува збор за реномирани стручњаци кои работат и во странски универзитети и на кои никој досега не им ја оспорил стручноста. Работат и во Институтот за национална историја и со години работат во други образовни институции. Секако дека може да дадат покани за експертиза и до други стручњаци“, изјави вицепремиерот.

Во врска со процедурата за уставни измени во Собрание, Маричиќ рече дека таа ќе почне во некоја понатамошна фаза, посочувајќи дека скринингот нѝ дава доволно време да бидат изведени.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...