недела, 14 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Договор со Бугарија | 43 резултати

Мицкоски најави дека ќе ја напушти политиката ако некој од ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставните промени

август 14, 2022

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денеска изјави дека ќе ја напушти политиката доколку некој од неговата партија гласа за уставните промени, со кои Бугарите би требало да се внесат во македонскиот Устав како посебно малцинство. „Не е тоа европеизација. Затоа сега е првиот браник, а тоа е непроменливоста на Уставот. Иако од власта ќе продолжат со изјави […]

Османи: Работни групи заеднички ќе работат на допрецизирање на Договорот за добрососедство со Бугарија

октомври 26, 2020

Македонија е подготвена да допрецизира одредени работи од Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија, а за таа цел, работни групи од македонското и од бугарското МНР ќе разговараат на дневна основа, за да се надминат разликите во очекувањата од Договорот. Ова, меѓу другото, го посочи министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на денешната […]

Османи: Неодржувањето на првата меѓувладина конференција ќе значи неуспех на Берлинскиот процес

октомври 15, 2020

Доколку поради забелешките од Бугарија до крајот на годината не се одржи првата меѓувладина конференција на нашата земја со ЕУ, тоа ќе се смета за неуспех на Берлинскиот процес, бидејќи идејата зад лансирање на оваа иницијатива е поттикнување на регионалната соработка и забрзување на евроинтеграциите на земјите од Западен Балкан. Во тој случај, товарот ќе […]

Шекеринска по изјавата на Каракачанов: сега е момент кога се гледа кој е за добрососедски односи

септември 24, 2020

„Сега е моментот кога се гледа колку сме за добрососедски односи. Ние нашиот тест го поминавме“, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска по денешната изјава на нејзиниот бугарски колега Красимир Каракачанов дека Бугарија ќе се спротивстави на одржувањето меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Северна Македонија за почеток на преговорите за членство. -Таквите изјави не […]

Заев на Генералното собрание на ОН: Договорот со Грција ја зајакна стабилноста на Балканот

септември 27, 2019

Премиерот Зоран Заев имаше обраќање на пленарната сесија на 74 – тото Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк. Како што информираат од владата, премиерот Заев во својот говор нагласил дека за прв пат се обраќа од позиција на шеф на Владата на Република Северна Македонија со комплетирана лична карта на земјата во Обединетите нации, […]

Заев: Суетата ја ставам на страна, пријателството со Бугарија треба да се негува и доградува

август 13, 2018

Правам сè за да изградам пријателство. Гледате дека моите суети ги ставам на страна, сакам искрено да градам пријателство. Бугарија е партнер на Македонија и тоа го покажа неколку пати и не е во ред тоа да го заборавиме, рече премиерот Зоран Заев на новинарско прашање дали изјавата на бугарскиот премиер Бојко Борисов ја гледа […]

Ахмети предлага името да се реши по моделот на Договорот со Бугарија – без референдум

јануари 28, 2018

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за грчкиот весник „Катимерини“ предлага прашањето за името да се реши според моделот на Договорот за добрососедство со Бугарија, со консензус меѓу двете влади и со ратификација во двата парламенти, пренесува македонската државна новинска агенција МИА. – Најдобар начин за затворање на ова прашање е моделот на Договорот […]

Захариева: Реално е Македонија годинава да добие покана за преговорите за членство во ЕУ

јануари 20, 2018

Реално е да се очекува Македонија оваа година да добие покана за почеток на преговорите за членство во Европската Унија, изјави за радиото „Дарик“ бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева. Таа сепак спомна два услова: напредок на преговорите за името на земјата и на планот на реформите. Захариева напомена дека Македонија има статус на […]

Бугарскиот парламент го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија

јануари 18, 2018

Националното собрание во Бугарија денеска едногласно го ратификуваше Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија. Ратификацијата на Договорот беше поддржана од 186 пратеници, а во салата присуствуваше и македонскиот амбасадор во Бугарија, Маријан Ѓорчев, пренесуваат бугарските медиуми. Во понеделникот македонското Собрание со 61 глас „за“ и еден „воздржан“ го изгласа […]

Борисов во ЕП: Бугарија и Македонија се вистински пример за решавање на проблемите

јануари 17, 2018

Бугарија и Македонија дадоа вистински пример за тоа како можат да се решат проблемите, користејќи тактика и добра волја, рече премиерот на Бугарија, Бојко Борисов пред Европскиот парламент, каде детално се осврна на четирите приоритети за време на бугарското претседателство со Советот на Европската Унија. Говорејќи за интеграциите во регионот, Борисов потенцираше дека ЕУ треба […]

Комисиите на бугарскиот Парламент ќе го разгледуваат Договорот за добрососедство

јануари 17, 2018

Ратификацијата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија денеска влегува на разгледување на две парламентарни комисии во бугарскиот Парламент. Договорот најпрво ќе се најде на седница на Комисијата за надворешна политика, а потоа ќе го разгледува Комисијата за европски прашања и контрола на европските фондови. Пред два дена, македонското […]

СДСМ: Договорот со Бугарија е во согласност со националните интереси на Македонија

јануари 16, 2018

Реакциите на ВМРО-ДПМНЕ за Договорот за добрососедство и пријателство меѓу Македонија и Бугарија се неосновани, велат од СДСМ  по прес-конференцијата на Никола Србов од ВМРО-ДПМНЕ. Од таму додаваат дека Договорот за добрососедство и пријателство помеѓу Македонија и Бугарија е во интерес на двете држави и нивните граѓани и е во согласност со националните и државни интереси на […]

Србов: Македонија со Договорот со Бугарија се обврзува на потценувачки отстапки

јануари 16, 2018

Договорот за добрососедство со Бугарија кој што го преговараше владата на Заев, а го ратификуваше мнозинството предводено од СДСМ не е соодветна основа за натамошно зближување базирано на взаемна почит, а неговата примена ќе значи промена на историјата на земјата, изјави денеска Никола Србов од ВМРО-ДПМНЕ. – Во овој договор Република Македонија се обврзува на […]

Кукан: Ратификацијата на Договорот со Бугарија е позитивен чекор напред

јануари 16, 2018

Европратеникот Едвард Кукан денеска ја поздрави ратификацијата на Договорот за добрососедство со Бугарија оценувајќи ја како позитивен чекор напред во регионалната соработка. „Добри вести од македонското Собрание каде е ратификуван Договорот за пријателство со Бугарија. Позитивен чекор напред, кој се надевам дополнително ќе ја зајакне регионалната соработка“, напиша Кукан на „Твитер“. Good news from #Macedonia […]

Хан: Договорот со Бугарија е репер за добрососедски односи на Балканот

јануари 15, 2018

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, на својот твитер-профил, го поздрави ратификувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Македонија и Бугарија. „Ратификацијата на македонскиот парламент на Договорот за пријателството со Бугарија е важен чекор во вистинската насока на патот кон ЕУ на земјата. Договорот, исто така, е репер за добрососедски односи […]

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ требаше да ги брани ставовите против Договорот со Бугарија

јануари 15, 2018

Договорот со Бугарија е во согласност со националните и државните интереси на Република Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ одново покажа дека нема капацитет да ги напушти политиките на изолација, конфликти и поделби во општеството, велат од владејачката СДСМ како реакција на прес-конференцијата на Драган Данев. „Со кукавичката прес-конференција, ВМРО-ДПМНЕ денеска покажа дека е против добрососедски односи, против […]

ВМРО-ДПМНЕ: Договорот со Бугарија е асиметричен, Македонија е оштетена

јануари 15, 2018

СДСМ, спротивно на ставот на експертите и и без присуство на опозицијата во Собранието, одлучи на своја рака, заради нивни политички интереси да го истурка договорот со Бугарија, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев на прес-конференција во седиштето на партијата. – Власта, спротивно на интересите на македонскиот народ ратификуваше целосно асиметричен договор во однос на […]

Ратификацијата на Договорот со Бугарија и законите за ОТА на собраниската, набиена агенда

јануари 15, 2018

Собранието денеска на пленарна седница ќе го разгледува предлог-законот за ратификација на Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија кој го потпишаа премиерите на двете земји, Зоран Заев и Бојко Борисов на 1 август минатата година во Скопје. Пред седницата, амбасадорот на Бугарија во земјава, Иван Великов Петков пред Комисијата за европски прашања ќе ја […]

Ратификацијата на Договорот со Бугарија и законите за ОТА на 15 јануари пред пратениците

јануари 5, 2018

Претседателот на Собранието, Талат Џафери за 15 јануари ја закажа седницата на која пратениците ќе го разгледуваат предлог-законот за ратификација на Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија кој го потпишаа премиерите на двете земји, Зоран Заев и Бојко Борисов на 1 август минатата година во Скопје. На истата седница, точки на дневен ред се и […]

Груевски: Овие избори ќе бидат порака од народот за насилството на власта

октомври 6, 2017

На 15 октомври гласањето нема да биде само гласање за градоначалници и за советници, ќе биде порака од народот за овие четири и пол месеци владеење и злоупотреби, ќе биде порака и за секојдневните политички хајки и прогони, порача вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на партискиот митинг во општина Центар. – На овие избори претходеа […]

Страна 1 од 2