fbpx

Хрватска се подготвува за влез во Шенген и еврозоната од 1 јануари

-

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, словенечката претседателка Наташа Мирц Мусар и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на 1 јануари симболично ќе го одбележат влезот на Хрватска во Шенген зоната со посета на досегашниот хрватско-словенечки граничен премин Брегана.

На овој начин, во недела ќе се одбележи можноста на хрватските граѓани да влегуваат и излегуваат во внатрешните граници на ЕУ без досегашната гранична контрола.

Истовремено, Хрватска од 1 јануари влегува во еврозоната, па така досегашната хрватска валута куна ќе биде заменета со евро.

Граѓаните на Загреб се во слатки маки изминативе денови, во желба да ги заменат своите заштеди од куни во евра. Паралелното користење на хрватските куни и еврото ќе трае до 15 јануари. Сепак, хрватските граѓани ќе можат во текот на целата 2023 година да ги заменат своите средства во банките од куни во евра. Од 2024 година, замената на хрватската куна за евра ќе може да се врши единствено во Хрватската национална банка, јавува Хрватската радио-телевизија.

Гувернерот на Хрватската национална банка, Борис Вујчиќ изјави дека за воведување на еврото како официјална валута во Хрватска биле дистрибуирани евра во износ од 63 милиони парчиња книжни валути и 286 милиони парчиња кованици, пренесува Индекс.хр.

„Го поздравувам влезот на Хрватска во евро и Шенген зоната. Од недела граѓаните кои влегуваат и излегуваат од Хрватска ќе можат да патуваат без контрола на внатрешните граници“, се вели во официјалната изјава на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во пресрет на 1 јануари.

Комесарот за економија Паоло Џентилони во честитката рече дека 1 јануари годинава ќе биде незаборавен ден за хрватскиот народ.

„Каква историска пресвртница за Хрватска и за Европската Унија како целина! Можеби ниту една земја-членка на ЕУ не поминала толку неверојатно патување во последните три децении: од ужасите на војната во 1990-тите до членството во ЕУ во 2013 година и сега е подготвена да ужива во две од најопипливите придобивки од интеграцијата во ЕУ“, изјави Џентилони.

Хрватскиот премиер Пленковиќ изјави дека по посетата на досегашниот граничен премин на хрватско-словенечката граница, заедно со фон дер Лајен, тие заедно ќе се упатат на централниот плоштад во Загреб „Бан Јелачиќ“ и ќе се напијат кафе, кое симболично ќе го платат со евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...