fbpx

Рама: Надворешни сили се додворуваат на Западен Балкан, но нема откажување од членството во ЕУ

-

Фрустрирачки е да се чека, но лидерите од Западен Балкан треба да ги отфрлат предлозите од надворешните странски сили и да ја задржат вербата за членство во ЕУ, апелираше албанскиот премиер Еди Рама во интервју за Фајненшл Тајмс.

„Другите можат да донесат пари, инвестиции, можеби дури и кавијар, но нема да бидат способни да го донесат она што ви треба за да изградите функционална слободна земја“, вели премиерот Рама.

Фајненшл Тајмс ги наведува Русија, Кина и Турција како додворувачи на земјите од Западен Балкан, но Еди Рама вели дека Албанија никогаш нема да се откаже од Европа и од ЕУ, каков и да е обликот на ЕУ во иднина.

Албанскиот премиер додава дека е загрижен за растечкиот национализам во Босна и Херцеговина, но и дека национализмот во ЕУ сега е поголема пречка за амбициите на земјите од регионот да се приклучат на Унијата.

Пред две децении, кога Албанија го започнала процесот на пристапување кон ЕУ, клучно било таа да се оддалечи од балканскиот национализам, но Рама вели дека денес она што го спречува регионот од приклучување кон ЕУ е влијанието на национализмите во ЕУ врз политичкиот живот на важните земји на ЕУ.

Рама во интервјуто за Фајненшл Тајмс вели дека Албанците имаат свои разочарувања од Брисел, но ова не го менува убедувањето за членството во ЕУ.

„Ги имаме конзумирано сите љубовни приказни и бракови претходно“, изјави Рама, алудирајќи на периодот на блиските односи на Албанија со Русија во времето на Енвер Хоџа, како и на поврзаноста со Кина во комунистичкиот период.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...