Порталб: Дезинформација е дека Босна и Херцеговина прогласи „победа“ над пандемијата

-

Написот во “Пулс7Њуз” ја дезинформира јавноста дека Босна и Херцеговина е првата земја што прогласи победа над пандемијата со Ковид-19, што е невистинa. Напротив, во последните денови во Босна и Херцеговина состојбата со пандемијата е доста влошена. Доктор Марио Јованоски вели дека сепак постои оптимизам дека на оваа пандемија ќе ѝ дојде крајот во тек на оваа година, но дека процентот на вакцинирани не е задоволителен и со вакви статистики такво нешто не може ни да се замисли, пишува Порталб.мк.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Порталот „Пулс7Њуз” неусвојувањето на конкретна мерка од владата на Босна и Херцеговина ја нарекува „победа“ над пандемијата со корона вирусот и тврди дека во оваа земја на вирусот му дошол крајот.

„Величествено / Владата на Босна и Херцеговина e прва во светот што прогласи победа над Пландемијата“, пишува во веста што ја рецензираме.

Доктор Марио Јованоски преку Порталб.мк ги отфрли овие изјави, нагласувајќи дека освен што напишаното не содржи нималку вистина, последните денови Босна и Херцеговина се соочува со нов бран на заразени.

„Апсолутно е неточно дека Босна и Херцеговина прогласи победа над пандемијата со Ковид-19. Како и во другите земји во светот, и во Босна и Херцеговина во последните денови е регистриран висок број на заразени со корона вирусот, над две илјади случаи, и со двоцифрен број на починати. Вакцинирањето, како единствен начин за да и се стави крај на пандемијата, е далеку под просекот во однос на другите глобално развиени земји“, рече доктор Марио Јованоски.

Тој додаде дека за една земја да може да тврди дека и ставила крај на пандемијата, треба да има вакцинирано најмалку 70 отсто од населението, а во Босна и Херцеговина до сега вакцинирано е само 40 отсто од населението.

„Во Босна и Херцеговина, вкупниот број на вакцинирани лица во моментов не е повеќе од 40 отсто. За да може да се се зборува за евентуална победа над вирусот овој процент треба да биде најмалку 70%. Во моментов во Босна и Херцеговина има околу милион и триста илјади вакцинирани, а оваа држава има вкупно 3 милиони жители“, додаде Јованоски.

Оптимизам постои

Меѓутоа, Јованоски рече дека постои можност оваа година пандемијата да заврши, но дека не треба да се занемарат новите варијанти на вирусот и сите прашања поврзани со нив.

„Постои оптимизам дека оваа година би можеле да го видиме крајот на пандемијата, особено поради мерките што се преземаат, но постојано се појавуваат многу прашања и нови варијанти на овој вирус и не можеме бидеме целосно сигурни. Брзината со која се шири варијантата Омикрон, дефинитивно очекуваме да го забрза самиот процес. И Македонија е далеку од задоволителен процент на вакцинирани“, изјави Јованоски.

Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина регистрирани се над 2.500 заразени

Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа регистрирани се 2.577 нови случаи на Ковид-19, а од овој вирус починале вкупно 22 лица, пишува во извештајот на Министерството за здравство во таа земја.

До сега во Босна и Херцеговина тестирани се над 1 милион луѓе, и регистрирани се вкупно 199.316 заразени лица.

Во Босна и Херцеговина е потврдена варијантата „Омикрон“

На 29 декември 2021 г. во Босна и Херцеговина е потврдено присуство на варијантата „Омикрон“ и тоа кај неколку лица. Поради големиот пораст на бројот на заразени во оваа земја, се претпоставува дека оваа варијанта е доминантна.

Горан Черкез од Министерството за здравство на БиХ изјави дека тоа е очекувано и според него, било прашање на време кога оваа варијанта ќе пристигне во Босна и Херцеговина, бидејќи истата веќе е потврдена во неколку соседни земји.

„Сега можеме само да потврдиме дека Омикрон се шири многу брзо. Според последните информации, тој се шири десет пати повеќе од Делта варијантата, што значи дека очекуваме брзо ширење на вирусот. Се надевам дека сите ќе се однесуваме одговорно, ќе носиме заштитни маски, дистанца и ќе бидеме совесни граѓани за да не ги оптовариме болниците“, изјави Черкез .

Петти мировник на ОН е ранет во јужен Либан, САД и Европа ги осудија нападите на Израел врз мировниците

Петти мировник на ОН е ранет во јужен Либан откако бил погоден од огнено оружје, соопштија привремените сили на ОН во Либан (Унифил). Во соопштение, Унифил вели дека мировникот во...