Музејот на Современа Уметност стана член на глобалната мрежа експерти од музејската дејност – „CIMAM“

Фото: Музеј на Современа Уметност

Музејот на Современа Уметност во Скопје стана дел од Меѓународната комисија на музеи и колекции на модерна уметност (CIMAM) во која членуваат директори и куратори од светски познати музеи, колекции и архиви за модерна и современа уметност.

„Ова членство дополнително ја зацврстува позицијата на МСУ помеѓу најреномираните музеи на современа уметност во светот“, изјави директорката на МСУ, Мира Гаќина.

CIMAM е единствената голбална мрежа на експерти и професионалци од областа на модерната и современата уметност чија главна цел е да создаде свет во кој се препознава и почитува придонесот на музеите, колекциите и архивите на модерната и современата уметност за културната, социјалната и економската благосостојба на општеството.

Првата годишна конференција на CIMAM се одржала во 1962 година во Хаг. Оттогаш, Комитетот прославил над 50 конференции, кои се одржале во 30 различни градови низ светот. Како мрежа е дел од Меѓународниот совет на музеи – ICOM (ИKОМ), што е мрежа на повеќе од 35.000 членови – музејски професионалци, кои ја претставуваат глобалната музејска заедница.