fbpx

Ковачевски – Драги: Остварените резултати да имаат завршница со итно отворање на пристапните преговори

-

Премиерот Димитар Ковачевски во рамки на неговата работна посета на Рим, денеска оствари средба и со премиерот на Италија, Марио Драги.

На средбата било потенцирано дека Северна Македонија и Италија негуваат блиски политички и економски односи засновани на интензивен дијалог и чести средби на највисоко институционално ниво. Двајцата премиери изразиле согласност дека проширувањето на ЕУ треба да се разгледува од геополитички аспект како безбедносно прашање клучно за стабилноста и просперитетот на нашиот регион и на Европа, соопштија од Владата.

„Премиерот Ковачевски на средбата со италијанскиот колега Марио Драги ја потенцираше улогата на Италија како гласен промотор на проширувањето на ЕУ со земјите на Западен Балкан што беше потврдено и со Резолуцијата на италијанскиот Парламент минатата година во која беше посебно потенцирана европската перспектива на регионот и со која беше испратен повик за итно одржување на првите меѓувладини конференции за Северна Македонија и Албанија“, соопштија од Владата.

Ковачевски по средбата изјави дека Италија е сојузник во напорите за пристапување на Северна Македонија во Унијата и дека постои согласност оти истото треба да се случи без дополнителни одлагања.

„Италијанската силна, гласна и доследна поддршка за процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ е од особено значење за нас и за истата изразувам голема благодарност. Имаме заедничка согласност со премиерот Драги дека остварените резултати на нашата земја на патот на евроинеграциите треба да имаат своја завршница со итно отворање на пристапните преговори“, изјави Ковачевски.

На средбата било потенцирано дека ЕУ треба да го препознае моментот и да го има предвид и фактот дека Северна Македонија ја осуди војната во Украина и целосно ја усогласи својата надворешна политика со онаа на ЕУ, споделувајќи ги истите вредности на слободниот и демократски свет.

Двајцата премиери истакнале дека гледаат потенцијал за уште поголемо унапредување на економската соработка меѓу двете земји.

„Италија е наш важен трговски партнер со вкупен билатерален трговски обрт од над 730 милиони долари, а италијанскиот пазар е препознаен како еден од најважните пазари на кои се извезуваат македонските производи“, рече Ковачевски.

На средбата со италијанскиот премиер Драги присуствувале и министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...