fbpx

Заев: Историски момент е присуството на С.Македонија на Самитот на НАТО како полноправна членка

-

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи Бујар Османи, ја предводи владината делегација на годинешниот Самит на НАТО 2021 на шефови на држави и влади во Брисел, информираат од владината прес-служба.

Премиерот Заев учествува во работата на Северноатлантскиот совет на НАТО на кој лидерите на земјите членки ќе разговараат за најважните прашања за иднината на Алијансата.

Пред почетокот на пленарната сесија на Северноатланскиот совет, Заев изјави дека ова е историски момент за Северна Македонија, која за првпат учествува на Самит на НАТО како полноправна членка.

„Тоа е исто така прв Самит за НАТО со 30 членки. Ова е голем успех и за Северна Македонија и за НАТО. Членството во НАТО беше реализација на нашата стратешка цел, но дополнително со нашето членство, Алијансата ја подобри безбедноста и стабилноста на регионот на Западен Балкан“, изјави премиерот Заев.

Тој додаде дека е потребно сите земји од Западен Балкан да имаат кристално јасна евроатлантска и ЕУ перспектива. Оставањето вакуум во нашиот дел од Европа не е опција. Потребни ни се предвидливи, кредибилни и повторно засилени процеси на интеграција во ЕУ и НАТО, изјави Заев.

„Денес сме тука за да го потврдиме нашето единство, кохезија и солидарност. Ние исто така ќе се осврнеме на идните предизвици и заедно ќе донесеме одлуки на стратешко ниво за понатамошно прилагодување на НАТО“, изјави премиерот Заев.

Во однос на новинарското прашање за коментар во однос на неговата претстојна средба со бугарскиот претседател Румен Радев, премиерот Заев рече дека сите средби за нашата земја донеле бенефит и дека од разговорите може да очекуваме само исчекори кон подобра иднина за целиот македонски народ, за сите наши граѓани и за нашата земја.

„Јас очекувам дека низ разговори ќе можеме да изнајдеме решение, затоа што навистина е предолго. 12 години со Договор за асоцијација и стабилизација, 16 и пол години земја-кандидат, верувам дека првиот сосед, нашиот источен сосед Република Бугарија, конечно ќе даде поддршка да го направиме следниот чекор, а тоа е одржување на првата меѓувладина конференција“, изјави Заев пред почетокот на пленарната сесија на Северноатлантскиот совет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гореле диви депонии во Желино и Боговиње

Две диви депонии синоќа гореле во Полошкиот регион. Според информациите од Центарот за управување со кризи се случиле два пожари на отворен простор во последното деноноќие, во атарот на...