fbpx

Заев и Борисов од Софија: Минатото треба да биде поттик за решенија за актуелната ситуација меѓу С. Македонија и Бугарија

-

Премиерот Зоран Заев денеска ги започна активностите во рамките на работната посета на Република Бугарија, со средба со претседателот на партијата ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов, информираат од владината прес-служба.

На средбата, на која присуствувал и заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, беше изразена желбата со нова динамика да продолжи поддршката на евроинтеграциските процеси на Северна Македонија и на Западен Балкан. Тоа е врз основа на претходни позитивни искуства од подготовката и потпишувањето на Договорот за пријателство и добрососедство, како и врз основа на лидерството на Бугарија во однос на проширувањето на ЕУ, кога претседаваше со Советот.

За време на разговорот било речено дека службената влада на Република Бугарија ја има целата надлежност и уставна можност да решава актуелни отворени прашања. Премиерот Заев истакнал дека тој и владината делегација се во Софија за да се вложат напори за градење доверба и да се направи чекор напред кон решение, бидејќи македонскиот и бугарскиот народ се блиски и природно повикани на соработка, стои во владиното соопштение.

Заев додал и дека Софија има особено значење за македонската интеграција, затоа што тука биле поставени контурите на Договорот од Преспа, за време на ЕУ самитот за Западен Балкан во 2018 година. Тие искуства од непосредното минато и сега, според него, треба да бидат поттик и начин на наоѓање решенија за актуелната ситуација меѓу двете земји.

Заев и Борисов истакнале дека, како чекор кон градење на пријателството и довербата, добредојдена е идејата за организирање форум меѓу младите, подмладоците и младинските организации од Северна Македонија и од Бугарија, на кој тие ќе разговараат за заедничката иднина.

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов, денеска беше првиот човек со кој се сретна Заев по доаѓањето во Софија. Борисов изјави дека не треба ништо да се очекува од сегашната власт во Бугарија.

„Сегашната техничка влада ги има сите права и може да преговара со вас. Нов договор, ако нашиот не им се допаѓа. Но, ќе избегаат од одговорност како што секогаш прават. Денес ќе имате многу состаноци. Убеден сум дека ќе ви кажат дека без парламент, ништо не може да се стори. Истовремено ги лажат евроатлантските партнери, дека се за членство на Северна Македонија во ЕУ“, рече Борисов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕУ воведе санкции кон Русија поради смртта на Навални

Вчера Европската Унија одговори на смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални со нови санкции, јавува ДПА повикувајќи се на дипломатски извори. Санкциите претходно ги најави шефицата на германската дипломатија Аналена...