fbpx
Таг: Државен инспекторат за животна средина

таг: Државен инспекторат за животна средина

Поднесена кривична пријава за нелегално насипување на земја и шут на брегот од Охридското езеро во населба Далјан

Државниот инспекторат за животна средина во рамките на инспекциска постапка утврди дека на потегот помеѓу хотел Далјан и Дом за стари лица во изградба, на површина од 964 квадратни метри на брегот од Охридското езеро и во самото езеро, фрлен е градежен шут и насипана е земја од ископ на темели од непозната локација. Во координација со Министерството за внатрешни...

РЕК Битола работи на зголемување на еколошките стандарди во производство

РЕК Битола фото: ЕСм
РЕК Битола ги следи и реализира еколошките процеси со многу побрза динамика во последните три години и за одговорните од исклучителна важност е запазувањето на еколошките норми во работењето при производството на електрична енергија. Ова го соопштија од Комбинатот откако денеска Државниот инспекторат за животна средина објави дека во 2019 година РЕК Битола го надминал лимитот на сулфур диоксид за...

ДИЖС: РЕК Битола ги надминува граничните вредности на емисии на прашина и сулфурен диоксид

Термоцентралата РЕК Битола континуирано да ја контролира прашината што се јавува од депонијата за пепел од филтрите и соодветно да го складира и обележува опасниот отпад, како и да ја заврши изведбата на платото за складирање на искористена амбалажа од отпадни масла. За ова се задолжува РЕК Битола, по извршениот надзор на 23 февруари од страна на Државниот инспекторат...

ДИЖС утврди низа пропусти во работењето на РЕК Осломеј

Државниот инспекторат за животна средина вчера утврдил низа пропусти во работењето на РЕК Осломеј при извршениот редовен надзор во термоцентралата. По увид во извештај за мерења од страна на акредитирана лабораторија, биле утврдени надминувања на граничните вредности за емисија на прашина, иако отпрашувањето се врши преку електростатски филтер. А од старата депонија, отстранетата сува пепел која се складирала од...

Фирма копала песок од Пчиња со дозвола добиена спротивно на закон и според стар правилник

Фирмата „Еуро Прогрес“ добила дозвола за копање песок од реката Пчиња, спротивно на законот за води и според правилник кој не постои. Државниот инспекторат за животна средина во контрола на терен утврдил дека фирмата копа песок и чакал во селото Долно Коњаре во општина Петровец, во дел од реката кој не смее да биде експлоатиран, но дека за тоа...

Инспекторат за животна средина: Институтот за физикална терапија гори мазут во дотраен котел

Според инспекторите на Државниот инспекторат за животна, Институтот за физикална терапија и рехабилитација лоциран во скопската населба Капиштец, гори мазут во дотраен котел и работи без елаборат за животна средина, кој е задолжен да го поседува. Вонредната контрола која ја извршиле инспектори од Државниот инспекторат, заедно со инспектори за животна средина од Градот Скопје и од Дирекцијата за заштита...

Граѓаните кои пријавиле загадување ќе добијат извештај што преземала инспекцијата

Пријавите на граѓаните за загадување на воздухот, водата или почвата повеќе нема да лутаат. Со новата онлајн платформа, која ја презентираа Државниот Инспекторат за животна средина и Институтот за комуникациски студии, изработена во рамките на кампањата „Разбистри сè“, претставките тие ќе одат директно до инспекторите, кои ќе можат навремено и ефикасно да постапуваат по нив. Новата платформа ќе ги собира...

Мерењата на бугарската лабораторија за загадувањето од „Пејпер Мил“ не се прифатливи во земјава

Државниот инспекторат за животна средина нареди промена на горивото за работа на загадувачот „Пејпер Мил“ од Кочани, врз основа на резултатите на мерењата на загадувањето на воздухот добиени од акредитираната лабораторија „Фармахем“, која работи според стандардите утврдени во Правилникот за граничните вредности за дозволените нивоа на емисии и видови на загадувачки супстанции во отпадните гасови и пареи кои ги...

Државниот инспекторат за животна средина нареди кочански „Пејпер Мил“ да работи на плин

По мерењата на емисиите испуштени во воздухот од кочанската фабрика „Пејпер Мил“ на 30 декември 2020 година, Државниот инспекторат за животна средина повторно утврдил надминување на граничните вредности, информираат од овој инспекторат. Вчера фабриката „Пејпер Мил“ добила наредба да престане да го користи котелот на пелети и да премине на работа на плин. „Инсталацијата ќе работи на плин сè додека не...

„Пејпер мил“ ќе мора да работи или на плин или да стави клуч додека не инсталира филтри

Загадувачот „Пејпер Мил“ од Кочани, доколку на следното мерење на емисиите во воздухот кое е закажано за два дена, на 30 декември, се докаже дека и понатаму ги надминува граничните вредности, ќе мора да престане да го користи котелот на пелети и да премине на плин или пак, ќе мора да стави клуч на врата и да не работи...

Вонредна инспекција во ОХИС: Во фабриката се складира опасен отпад од технолошките зони, што мора да се отстрани за најмногу три години

Државниот инспекторат за животна средина направи вонреден инспекциски надзор во кругот на ОХИС, каде што работат шест инсталации, од кои една за производство на масло од канабис, а останатите кои вршат складирање на опасен и неопасен отпад. Една од нив е компанијата „Еко-центар“, која работи на извезување на опасните хемикалии кои се историски отпад и остаток од работењето на...

Депонијата во Визбегово и понатаму се полни и гори, инспекторите откриле камион со отпад од Шуто Оризари

Камиони од Шуто Оризари кои фрлале отпад во дивата депонија во Визбегово биле откриени од инспекторите на Државниот инспектопрат за животна средина кои вчера извршиле вонреден надзор. Депонијата во Визбегово е еден од најголемите еколошки проблеми на градот и голем загадувач на воздухот, со оглед на тоа што постојано гори. Инспекторите на лице место констатирале дека капијата, која мора...

Порталб: За разлика од општинскиот, државниот инспекторат за еден ден откри серија прекршоци во Тетово

Горење на маслото од што резултира со испуштање на канцерогени материи, неправилности во функционирањето на малите хидроцентрали што потенцијално ја загадуваат водата во Тетово, неправилно постапување со опасните отпадоци и неколку други неправилности ги евидентираше Државниот инспекторат за животна средина на РСМ во Тетово за само еден ден. За разлика од државниот, општинскиот инспекторат во Тетово, за една година,...

На погон во Штип ќе му се одземе Б-интегрираната дозвола, горел гума и пластика без заштита

Државниот инспекторат за животна средина бара од Општината Штип да ја одземе Б- интегрираната дозвола на погонот за горење гуми и пластика САНС-АГ, заради непочитување на обврските од дозволата и сериозно загадување на воздухот и почвата. Инспекторите, во вонредна контрола во фирмата, која била направена по преставка на Министерството за одбрана, за да се утврди влијанието на работата на...

Инспектори откриле печатници што никогаш не измериле колку загадуваат

Државниот инспекторат за животна средина во контрола на индустриски капацитети кои работат во кругот на поранешна Стакларница откриле три печатници кои никогаш не ја спроведувале нивната обврската од елаборатите за заштита на животната средина, која им наложува да мерат испарливи органски соединенија. Фирмите добиле задолжене да ги направат мерењата и тоа во присуство на инспектор. Инспекторите откриле и складиште...

Инспекција на депонијата во Валандово, со нови мерки ќе се спречи палењето на отпадот

Инспекторите на Државниот инспекторат за животна средина направија контрола на депонијата во Валандово и го задолжија општинското јавно комунално претпријатие да управува со неа како што наложува законот. На локацијата треба да биде поставена ограда и чуварска служба, а со дневно прекривање со земја на отпадот се обезбедува депонијата да биде ставена под контрола. Од Државниот инспекторат велат дека вршат...

„Пејпер мил“ доби казна од 20.000 евра за емисии на ПМ 10, инспекторите во офанзива против загадувачи

Државниот инспекторат за животна средина ја казни кочанската компанија „Пејпер мил“ со 20.000 евра и обврска за два месеци да вгради филтер за да запре загадувањето на воздухот со ПМ 10 честички од нејзините оџаци. Казна може да добие и општината Тетово која и покрај предупредувањето дека каптажата за вода за пиење за градот е незаштитена и под опасност...

Во Железара работат фирми без мерки за заштита од загадување, откриле инспекторите

Во вонреден инспекциски надзор што во кругот на Железара го направија изминативе два дена испектори на Државниот инспекторат за животна средина и на Инспекторатот на Градот Скопје откриле фирми кои работат без да поседуваат елаборати за заштита на животната средина. Контролите се направени по пријави од граѓани од Општината Гази Баба кои се пожалиле на високото загадување на воздухот...

Нема пари во Буџетот за 2021 година за нови осум инспектори за животна средина, прифатени два амандмани на О2 Иницијатива

Само два амандмани поднесени по препорака од О2 Иницијатива се прифатени во расправата за Буџетот за 2021 година во Комисијата за финансирање и буџет. Тоа се амандманите за акредитирање на државна лабораторија, но само за испитување на ПМ 10 честички, како и амандманот за ажурирање на Катастарот на загадувачи и загадувачки супстанци во воздухот. Предлогот на екологистите, во буџетот...

„Саса“ за загадувањето на Каменичка река ќе добие глоба од максимум 100.000 евра

Државниот инспекторат за животна средина предложил казна од максимум 100.000 евра за рудникот „Саса“, од чие јаловиште вчера беше предизвикана еколошка катастрофа во Каменичка река во Македонска Каменица. Точната висина на казната, според постапката која ја предвидува Законот за животна средина, ќе ја утврди комисија на Министерството за животна средина и просторно планирање, во постапка за спогодување. Управата на...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...