fbpx

Порталб: За разлика од општинскиот, државниот инспекторат за еден ден откри серија прекршоци во Тетово

-

Горење на маслото од што резултира со испуштање на канцерогени материи, неправилности во функционирањето на малите хидроцентрали што потенцијално ја загадуваат водата во Тетово, неправилно постапување со опасните отпадоци и неколку други неправилности ги евидентираше Државниот инспекторат за животна средина на РСМ во Тетово за само еден ден. За разлика од државниот, општинскиот инспекторат во Тетово, за една година, изрекол само 24 санкции, пишува Порталб.мк.

Инспекторите на Државниот инспекторат на РСМ беа во Тетово минатата недела на вонреден увид, односно, да проверат како се постапува со опасното масло од отпадоците и друго. Од вкупно пет работилници, што беа предмет на проверка, само две од нив имаа уредна документација, односно имаа формулари за превоз на опасни материи.

„Важно е да нагласиме дека само две од пет работилници кои беа предмет на увидот, имаа валидни формулари за превоз што им ги доставија на инспекторите. Тие формулари се пополнуваат при земањето на отпадното масло, и од нив се гледа количината на отпадното масло, која компанија го собира и каде се праќа за третирање“, информираат од Државниот инспекторат за животна средина.

Што евидентираа инспекторите?

„Во две работилници беше утврдено дека отпадното масло му се доставува на правно лице кое поседува дозвола за превоз на тврд отпадок и беше докажано дека маслото не се гори во овие локации“, известуваат од Државниот Инспекторат за животна средина.

Во една од работилниците, инспекторите докажале дека големо количество на отпадното масло се собира во самата локација, односно истото не се доставува до правното лице со кое постои претходен договор за собирање и превоз на тврди отпадоци. Резервоарот за горење на отпадок е најден во подрумите на работилницата, испразнет, а во моментот на увидот, започнало неговото полнење од цистерната што пристигна во локацијата. Тука било докажано дека отпадното масло ниту се гори, ниту се продава на овластеното лице, а на сопственикот на работилницата му било укажано дека треба да го унапреди постојниот договор за превоз на отпадно масло или да потпише нов договор во рок од 7 дена.

Во две работилници, каде што немало обрасци за превоз и собирање на отпадоци за 2020 година, во овие локации, истите не се пополнувале на соодветен начин. Во една од овие две работилници, се утврди дека го горат отпадното масло. Горењето на отпадното масло произведува канцерогени материи. На ова правно лице ќе му биде изречена санкција за овој прекршок.

„Сите пет работилници кои ги проверивме не работат како што е пропишано со филтри за отпадоци и беа задолжени да го селектираат тврдиот отпадок и да го достават до овластените компании“, известуваат од Државниот Инспекторат за животна средина.

Координираниот надзор откри палење на отпадоците од иверица и мебел, при што биле изречени две забрани за горењето на отпадоците. Увидот во Хидроцентралата ЛЕШНИЦА открил дека акумулацијата за снабдување со вода на градот Тетово е целосно незаштитена и дека присуството на градежната машинерија може да ја загади водата за пиење во градот и околината, тие биле обврзани да поднесат извештај и решение за создавање на заштитни зони на извори, ако не, инспекторатот ќе изрече казна предвидена со закон, информираат од Државниот Инспекторат за животна средина.

Општинскиот инспекторат, неефективен

Од Општина Тетово за Порталб.мк известуваат дека за една година, односно во текот на 2020 година, општинскиот инспекторат за животна средина во Тетово има изречено вкупно 24 сакнции.

„Бројот на изречени казни од страна на општинскиот инспекторат е 24“ информираат од општина Тетово.

Наспроти ова, градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи, неколку дена порано рече дека е свесна за критичниот период во моментов со аерозагаденоста во однос со пандемијата ковид-19, меѓутоа, таа рече дека актуелно има само 5 еколошки инспектори и не даде одговор за тоа дали планира да го зголеми нивниот број.

„Ние како општина сме стигнале до бројка од 5 еколошки инспектори откако го зголемивме бројот со четири нови, имајќи предвид дека до пред неколку години имаше само еден инспектор за животна средина. Ние го зголемивме бројот на решенија за инспектори и дојдовме до моменталната бројка. Се разбра дека сме свесни дека овој период е по проблематичен, имајќи го предвид фактот дека кај вирусот влијаат многу елементи, влијае и аерозагадувањето, греењето и користењето на различни начини на греење, влијаат и затворените простории. Се работи за цел комплекс околности што создаваат проблеми“ рече Теута Арифи за Порталб.мк.

Многу случаи на кривични дела против природата, поминаа без разрешница

Потсетуваме дека пред неколку дена, Порталб.мк беше на место на настанот со горење на отпадоци во ромската населба, а за ова го информиравме и директорот на општинскиот инспекторат за екологија, Гезим Ганиу. Сепак, ниту една мерка не беше преземена за обелоденување на овој случај.

Неколку од случаите за кои прекршителите останаа неоткриени, како последица на неспособноста на еколошкиот инспекторат, се палењето на депонијата во тетовската населба „Блок 70“ и „Дарданиа“, како и палењето во ромската населба, како и многу други за коишто граѓаните постојано пријавуваат во „E-report” . И покрај тоа што постои број што е наведен на општинската веб-страница (0800-55-043) за пријавување на овие случаи, тој не е функционален.

Инаку, потсетуваме дека во Тетово, во текот на 2019 имаше само 88 дена кога воздухот бил чист, 120 дена воздухот бил загаден над дозволеното, а 157 други дена немало објавени податоци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...