fbpx
Таг: Државен инспекторат за животна средина

таг: Државен инспекторат за животна средина

Инспекторите за животна средина за шест месеци напишале 36 казни од 3.000 до 20.000 евра

Инспекторите за животна средина во изминатите шест месеци напишале 36 парични казни, од кои најниската била 3.000, а највисоката 20.000 евра. Во тој период биле направени 1.132 инспекциски надзори, што е за 30 отсто повеќе од планираното, а 20 отсто повеќе од истиот период лани. Инспекторите за животна средина детектирале 363 неправилности, од кои 43 завршиле со прекршочни, а...

Пет нови инспектори за животна средина ќе се вработат во Државниот инспекторат

Пет нови инспектори добива Државниот инспекторат за животна средина. Со нив ќе се пополнат празните места во Велес, Штип и Куманово, а двајца ќе работат во Скопје. Нивното вработување доби зелено светло дури со ребалансот на средствата од државната каса, иако беше побарано уште минатата година додека се кроеше годинешниот буџет. Оваа институција има хроничен недостаток на кадар и...

Инспекцијата подели казни за загадување на воздухот од депонијата во Росоман

Државниот инспекторат за животна средина подели казни за Јавното комунално претпријатие и одговорното лице во Росоман заради горење на локалната депонија. Инспекторите минатата недела направиле надзор на депонијата, која во овој период од годината многу често се опожарува и од која се ослободуваат штетни емисии во воздухот. Депонијата горела и во моментот кога инспекторите биле на терен, а надлежните...

Цементарница „Усје“ викендов поради технички проблем испуштила прашина со варовник и лапорец

Прашина што содржи варовник и лапорец која се јавила како последица на дефект е причината за емисиите од цементарницата „Усје“ минатата недела. Државниот инспекторат за животна средина викендов по пријава на граѓани направил итна и вонредна контрола во индустрискиот капацитет и констатирал дека заради технички проблеми, емисиите настанале во постројката за производство на клинкер. Од таму истекол материјал од циклон...

Зајакнати инспекциски контроли за спречување пожари на депонијата кај Добрашинци

депонија
Државниот инспекторат за животна средина информира дека, на 7 јули спроведе вонреден инспекциски надзор на депонија, лоцирана во близина на селото Добрашинци што се користи за отстранување на отпадот од Струмица. Депонијата во моментот на надзорот не била опожарена, но граѓаните од околината се жалат дека таа често гори. Од Инспекторатот соопштуваат дека, областа зафатена со депонирање има површина од...

„Пејпар Мил“ повторно чади, оштетен филтерот што го спаси воздухот во Кочани

Од оџаците на кочанската фабрика „Пејпар Мил“, повторно излегува чад и се чувствува мирис во околината, откако по инсталацијата на нова опрема бил оштетен филтерот. Ова го констатирал Државниот инспекторат за животна средина на вонреден надзор кој бил направен по барање на жителите на Кочани. На фабриката, инспекторите ѝ наложиле во рок од еден месец да заврши со набавка...

Граѓаните ги активираа инспекторите за животна средина, масовно се пријавува загадување преку онлајн платформата

Над 300 пријави за загадување на животната средина поднеле граѓаните за помалку од пет месеци откако постои онлајн платформата на Државниот инспекторат за животна средина. Ажурноста на граѓаните резултирала со повеќе од двојно зголемување на бројот на вонредни контроли кои ги направиле инспекторите во сите региони во земјата. Казнети биле повеќе компании, издадена е и забрана за работа и...

„О2 Иницијатива“: Чадот во Скопје не е само сахарска прашина, има и локални загадувачи

Граѓаните на Скопје и еколошките организации бараат објаснување за загадениот воздух во Скопје, кој сметаат дека не само последица на песочниот ветер што донесе прашина од Сахара во целиот регион, туку дека е предизвикан и од секојдневното палење отпад и пластика во Вардариште. Екологистите од „О2 Иницијатива“ информираа дека испратиле претставки до Општините Карпош, Аеродром, Гази Баба и Инспекторатот на...

Акција на ДИЖС за заштита на реката Осојница од отпадни води

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) утврди дека реката Осојница во Виница се загадува со отпадните води од четири свињарски фарми. Надзорот се изврши со овластен инспектор од општината, поради локалната надлежност за инспектирање на три од четирите фарми. „Инспекторатот утврди дека фармата која поседува „А3 интегрирана дозвола не ги одржува лагуните и не врши мониторинг на подземните води, и...

Граѓански инспекциски совет: Предлог-законот за инспекциски надзор инспекторите за животна средина ги претвора во бирократи

Новиот Предлог-закон за инспекциски надзор во животната средина не ги дефинира јасно и не ги раздвојува надлежностите на државните и овластените инспектори, ниту пак го утрврдува начинот на кој тие треба заеднички да работат и постапуваат, не нуди механизми за контрола против евентуално неажурно, неодговорно и коруптивно однесување на инспекторите и не предвидува начини за технолошки развој и примена...

„Метрудхем“ нема да смее да сече метал во Топилница додека не изработи Елаборат за заштита на животната средина

Компанијата „Метрудхем“, сопственик на објектот на велешката Топилница, ќе треба да изработи елаборат за заштита на животната средина, пред да продолжи со сечење на железото од објектите. По инцидентот што се случи минатиот месец кога експлозија и пожар ги вознемирија жителите на градот, капацитетот го посетија државни и локални инспектори, а на сопственикот му беше забрането да продолжи со...

Фекални и индустриски води загадиле канал за атмосферска вода во Гази Баба и Илинден

Фекална канализација и отпадна вода од осум фирми завршувала во канал за атмосферска вода што минува низ Општините Гази Баба и Илинден. Државниот инспекторат за животна средина, заедно со локални инспектори реагирале на пријава на граѓани за непријатна миризба и обоена вода во каналот во селото Марино и откриле дека сета фекална вода, која се собира од домаќинствата непрочистена...

Поднесени кривични пријави за излевањето моторно масло во Дебарското езеро

дебарско езеро
Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека дебарска фирма е обвинета оти го истурила употребеното моторно масло во градската канализација на Дебар, коешто во март годинава заврши во Дебарското езеро и предизвика угинување на живиот свет и жестоки реакции на граѓаните и еколошките организации. „ОВР Дебар поднесе кривична пријава против правно лице од Дебар поради постоење основи на сомнение за...

Казнети лица од Струмица и Куманово кои нелегално собирале отпад

Повеќе лица од Струмица и од Куманово казнети се со парични казни бидејќи без дозвола собирале отпад од електрична и електронска опрема како и автомобилски школки. Покрај тоа, тие се задолжени да ги расчистат локациите на кои го изложувале отпадот, соопштија од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС). Инспекторатот спровел акција на осум локации во Струмица во која покрај инспектори...

Пожар изби во велешката топилница, фирма сече железо, а не се знае дали има запаливи хемикалии

Експлозија и пожар во велешката топилница ги вознемири жителите на градот, кој повеќе од четири децении се бори со последиците од работата на овој индустриски капацитет. Инцидентот се случил вчера, а фотографии како густ чад се издига над објектите на некогашната топилница се проширија по социјалните медиуми. Од Државниот инспекторат за животна средина информираат дека увид на лице место бил...

Свесноста за селекцијата и рециклирањето на отпадот не може да се купи со пари

Во европските земји треба да платите за да депонирате отпадно стакло до рециклаторот, а кај нас компаниите за рециклирање нудат да платат за овој селектиран отпад. И покрај тоа, нема доволно интерес за селекција на отпадот. Овој пример го наведуваат од компанијата АКРОН ДОО, која што се занимава со третман на отпадно стакло во земјава. Тие посочуваат дека во С....

Во „Казандол“ не е складирана сулфурна киселина и нема опасности за населението и околината, констатира Државниот инспекторат

Рудникот “Казандол” во моментов не претставува опасност за животната средина и населението, а резервоарите за складирање сулфурна киселина се празни, констатирале инспектори на Државниот инспекторат за животна средина по надзорот кој бил направен во рудникот и околината минатата недела. За време на увидот на терен, Инспекторатот констатирал дека објектите и опремата на некогашниот рудник се во добра состојба, освен...

ДИЖС: Отстранета бетонската база што го загадуваше Р’жаничино и околината

бетонска база фото: ДИЖС
Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) информира дека е отстранета бетонската база АРАДИКО КОП ДООЕЛ во Р'жаничино, што со години го загадуваше селото и околината. Инспекторите утврдиле дека базата работела без интегрирана Б дозвола, а покрај функционирањето без соодветна документација, од базата и од тешките товарни возила се ослободувале емисии во воздухот, бучава и вибрации. Дополнително, вишокот на бетон...

ДИЖС бара истрага за „темната супстанца“ поради која угина живиот свет во Дебарското Езеро

дебарско езеро
Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) на својата Фејсбук страница објави дека, на 20 март до надлежниот инспектор во Гостивар доставил информација од полицијата за излевање на темна супстанца во Дебарско Езеро, која предизвикала угинување на живиот свет во езерските води. Додаваат дека, со цел навремено да се обезбеди доказен материјал, инспекторот дал насоки на полицијата за правилно земање...

Отпадните води од хотели во Маврово директно се испуштаат во Мавровско езеро и река Радика

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) по претставка на граѓани изврши интензивен надзор врз правни субјекти на територијата на Националниот парк Маврово. Досега биле инспектирани 18 објекти и утврдено е дека 9 не поседуваат Елаборат за заштита на животната средина, информираат од ДИЖС. „Голем број инспектирани угостителски објекти директно ги испуштаат отпадните води во Мавровско Езеро или реката Радика, како...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...