fbpx
Таг: Димитар Ковачевски

таг: Димитар Ковачевски

Столтенберг-Koвачевски: Русија не е во моментов директна закана за Балканот

С. Македонија е ценет сојузник на НАТО. Вие многу придонесувате за безбедноста, преку нашите мировни мисии со КФОР на Косово. РСМ силно ја осуди руската војна против Украина, нудите и воена и финансиска помош за Украина. НАТО може да се потпре на РСМ и обратно. Ова денеска го истакна генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, на заедничката прес-конференција која ја...

Столтенберг доаѓа во Скопје на средби со државниот врв

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски попладнево ќе го пречека Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој доаѓа во официјална посета на земјава. Ова е прва негова посета откако државата е полноправна членка на НАТО. Според агендата за официјалната посета на Столтенберг, веднаш по церемонијата на пречекот е предвидена тет-а-тет средба со премиерот Ковачевски, по што ќе...

Власта и опозицијата блиску до договор, изборите на еден датум во мај

Фото: Борче Поповски
Премиерот Димитар Ковачевски денеска за првпат потврди оти за него е прифатливо парламентарните избори да се одржат во мај. Тој денеска од Прилеп порача дека има доволно простор во мај догодина да се одржат претседателските и парламентарните избори. „Сметам дека постои доволно простор во мај да се организираат изборите, во нивниот редовен термин“, изјави премиерот Димитар Ковачевски. Тој додаде дека финалните...

Во Прилеп отворен ИКТ Центар за чување и заштита на податоци на граѓаните

Околу 11 милиони евра се инвестирани во нов ИКТ Центар за чување и заштита на податоци и опоравување од катастрофи во Прилеп. Во негова посета денеска беа премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министрите за внатрешни работи и за транспорт и врски, Оливер Спасовски и Благој Бочварски. Средства за овој проект се обезбедени преку ИПА програмата на ЕУ и од...

Во Белград македонска винска вечер, опозицијата вели ќе има космодром од неа

Премиерот Димитар Ковачевски синоќа беше домаќин на Македонската вечер во рамките на меѓународниот саем за вино, храна и туризам во Белград. И додека на синоќешниот настан присуствувале српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ и амбасадорот на САД во Белград Кристофер Хил, од ВМРО-ДПМНЕ денеска велат дека ако власта и Ковачевски испијат уште едно вино може во Белград да...

Потпишан меморандум меѓу Македонија и Србија за брз воз од Скопје до Ниш

Денеска во Белград беше потпишан меморандум од страна на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, и српскиот министер за градежништво, сообраќај и инфраструктура Горан Весиќ, за изградба на железничка мрежа со високи перформанси на Коридорот 10. Станува збор за железничка мрежа која би ги поврзала Скопје и Ниш и би поддржала пат со брзи возови, кои би се движеле...

Владата го усвои Предлог-буџетот за 2024 година, кој ќе тежи 5,5 милијарди евра

Владата денеска на предлог на Министерството за финансии, го усвои Предлог-буџетот за 2024 година. Во буџетот за идната година, рече министерот за финансии Фатмир Бесими, не е предвидено зголемување на платите на функционерите, а во изборниот процес ќе нема ниту нови вработувања во јавниот сектор. За изборите догодина, пак, предвидени се една милијарда денари, односно по 500 милиони денари...

Костадиновска-Стојчевска и Ковачевски на средба во УНЕСКО, се споменал и Охрид

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска присуствува на 42. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО во Париз, каде што пред отворањето, заедно со премиерот Димитар Ковачевски беа пречекани од генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле. На средбата, извести македонското Министерство за култура, беше истакнато задоволството од досегашните резултати од интензивната соработка на Северна Македонија со Организацијата на Обединетите нации за...

ВМРО-ДПМНЕ како апостол на кинески „Синохидро“, ги бранат за автопатот Кичево-Охрид

По најавите на премиерот Димитар Ковачевски за можно раскинување на договорот за изградба на автопатот Кичево-Охрид, опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ деновиве застана во одбрана на кинеската компанија „Синохидро“, која што беше избрана како изведувач токму од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во вчерашното гостување на „Сител“ вината за недовршување на автопатот ја префрли во неспособноста на менаџментот...

Ковачевски: Груевски треба да се врати, но за да се соочи со правдата

Наводите за можно враќање на Никола Груевски во земјава е депласирана тема, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања, по посетата на Скопска пивара. Ова тој го одговори во врска со наводите за можно враќање на експремиерот Никола Груевски во земјава, а во контекст на ефектите од контроверзните измени на Кривичниот законик. Тој одговори и на прашањето дали...

Бектеши: Следната недела нов пакет антикризни мерки, стапката на инфлација е преполовена

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска најави дека следната недела може да се очекува новиот пакет антикризни мерки. „Пакетот антикризни мерки вчера беше споделен од Министерството за финансии со Кабинетот на премиерот, со нас и со другите институции вклучени во неговото креирање. Најверојатно мерките ќе бидат објавени и ќе почнат со реализација кон средината или кон крајот на наредна недела“,...

Контраспин: Уште ќе го возиме стариот пат до Охрид, власта допрва ќе барала нов изведувач

Автопатот Кичево-Охрид навистина се гради речиси една деценија и после безброј анекси и ветувања сѐ уште се возиме по гужвите по стариот пат. Само, неразбирливо е зошто дури сега премиерот реши да бара ревизија на проектот и раскинување на договорот со изведувачот, кинеската компанија „Синохидро“. Зарем сега, неколку месеци пред избори ги забележа „дупките на патот,“ заедно со оние...

Ковачевски: Можно е раскинување на договорот со „Синохидро“ за автопатот Кичево-Охрид

Недозволиво е пратениците во Собранието уште еднаш да разгледуваат продолжување на рокот за изградба на автопатот Кичево – Охрид, кој се гради веќе десетта година и треба да се размислува во насока на раскинување на договорот со кинескиот изведувач, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски на пуштањето во употреба на обновениот пат Подмоље – Струга – Ќафасан. „Недозволиво еден автопат од...

Фон дер Лајен во Скопје посети и фабрика за преработка на зеленчук и овошје

Компанијата „Џанвики ДОО“ е најголемиот ИПАРД проект во земјава, која како мал семеен бизнис од фондовите на ЕУ била поддржана со околу 2,3 милиони евра. Оформената фабрика за преработка на зеленчук и овошје во Скопје денеска ја посетија претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен и премиерот Димитар Ковачевски, информираат од владината прес-служба. Овој индустриски капацитет преку претпристапната помош...

Ковачевски: Гласавме „воздржано“ за резолуцијата на ОН оти не беше спомнат нападот на Хамас

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека Северна Македонија гласала воздржано за резолуцијата за примирје во Газа на Генералното собрание на Обединетите нации, предложена од Јордан, бидејќи во неа не бил споменат терористичкиот напад на Хамас во Израел од 7 октомври. Дополнително, рече Ковачевски, во неа не било споменато правото на Израел да се брани. „Северна Македонија го поддржува хуманитарниот аспект на...

Фон дер Лајен: Уставните измени се неопходен чекор за пристапување во ЕУ, секоја партија со своја одговорност

Уставните измени се неопходен чекор на патот кон пристапувањето во ЕУ. Изборот е ваш и затоа се надевам дека сите партии ќе ги поддржат уставните измени. Секоја партија има своја одговорност и затоа се надевам дека измените ќе бидат поддржани со широко мнозинство. Ова го порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар...

Претседателката на Европската комисија фон дер Лајен денеска пристигнува во Скопје

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен попладнево ќе пристигне во официјална посета на земјава и од овде ќе ја започне својата четиридневна посета на Западен Балкан. Фон дер Лајен вечерва ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, од чиј кабинет најавија дека приемот на претседателката на Европската комисија е закажан за во 18 часот и 45 минути. За утре...

Претседателката на Европската комисија во недела доаѓа во Скопје

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во недела ќе ја започне четиридневната посета на Западен Балкан. На 29 октомври таа најпрво ќе дојде во С. Македонија, а наредните денови ќе ги посети Косово, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина. За време на посетата ќе се дискутира билатералната соработка и на лидерите од регионот ќе им се претстават...

Со нова пречистителна станица и реконструкција на колекторот ќе се заштити Дојранското езеро

Со 3,5 милиони евра, системски ќе се решава собирањето и пречистувањето на отпадните води во Дојран, а ќе се санира и колекторскиот систем. Премиерот Димитар Ковачевски денеска присуствуваше на почетокот на санацијата и реконструкцијата на колекторски систем и отпочнувањето на постапката за изградба на нова пречистителна станица во Дојран. Со проектот за санација и реконструкција на колекторски систем и отпочнување...

Контраспин: Никако да се брцне во „медот“ на функционерите

Платите на функционерите експресно се покачија – само неколку дена по Oдлуката на Уставниот суд, ама никако да се намалат. Законот, најавен уште во април, сè уште се крчка. Работна група трага по издржливо и фер решение за вреднување на трудот на нашите функционери. Откако ќе се најде такво решение треба да биде усвоено на Влада, да ја мине...

Руско Министерство за одбрана: Соборени 68 украински беспилотни летала над Краснодар и Крим

Армијата синоќа пресретнала 68 украински беспилотни летала во јужниот руски крај Краснодар и Крим, соопшти руското Министерство за одбрана. Според тоа министерство, 66 беспилотни летала биле соборени над територијата на...