Столтенберг-Koвачевски: Русија не е во моментов директна закана за Балканот

„Алијансата ви гарантира безбедност. Покриени сте од борбените авиони на НАТО. Безбедноста на Западен Балкан е од суштинско значење за НАТО“, кажа Столтенберг

-

С. Македонија е ценет сојузник на НАТО. Вие многу придонесувате за безбедноста, преку нашите мировни мисии со КФОР на Косово. РСМ силно ја осуди руската војна против Украина, нудите и воена и финансиска помош за Украина. НАТО може да се потпре на РСМ и обратно.

Ова денеска го истакна генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, на заедничката прес-конференција која ја одржа заедно со премиерот Димитар Ковачевски.

„Алијансата ви гарантира безбедност. Покриени сте од борбените авиони на НАТО. Безбедноста на Западен Балкан е од суштинско значење за НАТО. Во БИХ има тензии, во Косово имаше инциденти со сериозно насилство, што вклучуваше и напад на припадници на КФОР и за тоа мора да се одговара. Гледам и авторитарни држави што сакаат да ги поткопаат нашата слобода и начиин на живот, вклучително и тука на Западен Балкан кои сеат поделби, шират дезинформации и ја поткопуваат демократијата. Нашиот одговор мора да биде да се работи уште поблиску, заедно во НАТО преку нашето воено присуство и нашата соработка со сојузниците и партнерите“, рече Столтенберг.

На новинарско прашање, дали е можна дестабилизиција на Балканот, односно дека Русија има таков план, Столтенберг кажа дека засега не гледа директно закана од Русија.

„Ние не гледаме некоја директна воена закана што би дошола од Русија против кој било сојузник на НАТО или регионот Но, остануваме претпазливи и гледаме што прави Русија. Ќе останеме обединети. Подготвени сме брзо да се засилиме и да направиме што треба за да го одбраниме секој сојузник. Ја засилуваме пораката до Русија треба да се воздржи од агресивните дејства против соседите. И секако да ја прекинат својата агресија против Украина. Треба да го почитуваат меѓународното право“, одговори генералниот секретар.

И премиерот Ковачевски, пак, кажа дека согласно информациите кои ги разменува со земјите во НАТО, е дека нема закана за безбедноста и стабилноста на Македонија.

„Се бориме против руското влијание во регионот. Постои руско влијание, но не е ни на приближно ниво на она што го поседуваат нашите институции и земјите членки на НАТО, за да се во можност да направат дестабилизирање на нашата држава“, рече тој.

Премиерот кажа дека со Столтенберг разговарале за евроатлантската интеграција на земјата и за светската безбедност и мир.

„Да се биде дел од НАТО значи безбедност и сигурност на земјата и граѓаните. Како една од помладите членки се посветивме сериозно и ја постигнавме најбрзата воена интеграција. Продолжуваме да дејствуваме како фактор на стабилност во регионот. Таа е важна повеќе од кога било досега, затоа наш приоритет е евроинтеграцијата. Не смееме да имаме пречки на тој пат“, кажа тој.

 

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...