fbpx

Во Прилеп отворен ИКТ Центар за чување и заштита на податоци на граѓаните

Овој софистициран објект е со сите потребни нивоа на заштита и тој може да обезбеди услуги не само за МВР, туку и за другите државни институции во земјава

-

Околу 11 милиони евра се инвестирани во нов ИКТ Центар за чување и заштита на податоци и опоравување од катастрофи во Прилеп. Во негова посета денеска беа премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министрите за внатрешни работи и за транспорт и врски, Оливер Спасовски и Благој Бочварски. Средства за овој проект се обезбедени преку ИПА програмата на ЕУ и од буџетот на МВР.

Земјава доби објект со најсофистицирана опрема, по највисоки безбедносни стандарди, што го прави овој ИКТ Центар прв од ваков вид во регионот изграден  за потребите на државата.

„Со големо задоволство сакам да истакнам дека овој ИКТ центар е од витално значење за државата бидејќи со неговото основање и оформување како целина обезбедуваме долгорочна заштита на податоците на граѓаните, а со тоа и трајна заштита на нашиот безбедносен систем“, изјави премиерот Ковачевски.

Овој софистициран објект е со сите потребни нивоа на заштита и тој може да обезбеди услуги не само за МВР, туку и за другите државни институции во земјава.

„Со ИКТ Центарот обезбедивме трајна инвестиција за зачувување на податоците од примарниот информатички систем во случај на можни природни или катастрофи предизвикани од страна на човечки фактор“, изјави Ковачевски во Прилеп.

Премиерот додаде дека владата одговара на современите предизвици, како што се сајбер безбедноста и злоупотребите во интернет сферата, кои можат сериозно да ја загрозат националната, регионалната и меѓународната безбедност.

Тој потсети дека пред еден месец бил пуштен во употреба новиот објект за форензички испитувања, кој е најголем во регионот и прв од ваков вид.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

В понеделник ќе има лидерска средба, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во расправија во колку часот да се одржи

Лидерска средба ќе се одржи в понеделник напладне, а на истата ќе биде повикан и претседателот на Собранието, Талат Џафери. Тема на разговор на лидерската средба ќе бидат изборите...