fbpx

Фон дер Лајен во Скопје посети и фабрика за преработка на зеленчук и овошје

Со помош на ЕУ, во рамките на ИПАРД 2 програмата, како што истакна премиерот Ковачевски, се склучени над 2.300 договори што резултираше со 60 отсто зголемени нови, неповратни 97 милиони евра за модернизација на македонското земјоделство преку ИПАРД 3 програмата

-

Компанијата „Џанвики ДОО“ е најголемиот ИПАРД проект во земјава, која како мал семеен бизнис од фондовите на ЕУ била поддржана со околу 2,3 милиони евра. Оформената фабрика за преработка на зеленчук и овошје во Скопје денеска ја посетија претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен и премиерот Димитар Ковачевски, информираат од владината прес-служба.

Овој индустриски капацитет преку претпристапната помош на ЕУ за рурален развој – ИПАРД 2 била поддржана во изградбата на објект за потребите на компанијата, како и соодветна опрема за процесот на производство. Станува збор за семеен бизнис, каде главно се вработени жени.

За време на посетата, премиерот Ковачевски истакна дека нашата држава денес е лидер во искористеност на ИПАРД средствата, со 98 отсто искористеност, што е најголемо достигнување досега и е резултат на посветеноста на Владата во обезбедување на неопходната поддршка на полето на руралниот развој и земјоделството.

Со помош на ЕУ, во рамките на ИПАРД 2 програмата, како што истакна премиерот Ковачевски, се склучени над 2.300 договори што резултираше со 60 отсто зголемени нови, неповратни 97 милиони евра за модернизација на македонското земјоделство преку ИПАРД 3 програмата.

За време на посетата на компанијата беа претставени можностите и со ИПАРД 3 програмата, а Северна Македонија е прва земја во регионот која ќе ја имплементира оваа програма. Со програмата, ќе се понудат повеќе области за поддршка, но и авансна исплата за предложените бизнис идеи.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен ги потенцираше огромните можности за нашата земја преку ИПАРД програмата, како и преку предложениот План за раст, со кој вратите на ЕУ за регионот се отворени.

Според претседателката на Европската комисија Лајен, ЕУ е посветена на што побрза интеграција и на земјата и на регионот, на коишто преку поддршката од ЕУ и фондовите им се овозможува забрзан економски раст и можности за позитивна трансформација на сите полиња во државите од Западен Балкан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руските трупи влегоа во воздушната база во Нигер каде се стационирани американски војници

Рускиот воен персонал влезе во воздухопловната база во Нигер каде се сместени американски војници, по одлуката на нигерската хунта да ги протера американските сили од земјата, пишува Гардијан. Воените офицери...