fbpx
Таг: Димитар Ковачевски

таг: Димитар Ковачевски

Ковачевски: Членството во ЕУ во 2030 е амбициозна, но остварлива цел

Заменикот претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ заедно со Претседателот на Владата Димитар Ковачевски учествуваа на денешната работна средба со европратениците на групата на Социјалистите и Демократите во Европскиот парламент. На средбата, европратениците се сложиле дека движечката определба на групата на социјалистите и демократите во Европскиот Парламент е клучна за реализација на планот за проширување на Европското...

Партиите договорија техничка влада од 28 јануари и двојни избори на 8 мај

Фото: Борче Поповски
Лидерите на парламентарните политички партии денеска се согласија првиот круг од претседателските избори да се одржи на 24 април, додека на 8 мај да се одржат вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори. Техничка влада согласно актуелниот закон ќе има од 28 јануари, при што политичката партија ДУИ ќе го даде премиерот на техничката влада. Ова се клучните работи...

Четири видови дронови според НАТО стандарди ќе се произведуваат во земјава

Четири видови дронови наскоро ќе почнат да се произведуваат во Северна Македонија, најави премиерот Димитар Ковачевски, по посетата на фабриката „АТС АММО“ во Самоков. Дроновите ќе бидат според НАТО стандардите, а ќе имаат повеќе намени. Министерката за одбрана Славјанка Петровска рече дека заради потребите кои се наметнуваат, дроновите ќе бидат повеќенаменски, со способност за извидничко разузнавачки мисии, борбени дејствија...

Ковачевски оптимист дека в понеделник ќе има успешна лидерска средба

Премиерот Димитар Ковачевски за в понеделник во Собранието очекува успешна и конструктивна лидерска средба. Тој, како што рече, очекува политичките партии да седнат на маса без да има уценување на една политичка партија кон други и да се постигне договор за Изборен законик со препораките од ОБСЕ/ОДИХР, како и датум за избори. „Успешна лидерска средба значи дека политичките партии ќе...

Од денеска евтина струја од 13 до 15 часот

Од денеска, 1 декември, се враќа евтината тарифа на струјата за просечна потрошувачка на електрична енергија во блок 1 и 2. Со тоа, граѓаните ја добиваат можноста за евтина струја од 13 до 15 часот. Со тоа се обезбедуваат заштеди од над 1.000 денари месечно, за секое семејство. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски вчера најави дека од...

Министерски совет: Остри осуди за руската војна во Украина и блокадата на ОБСЕ

Остри осуди за руската воена агресија врз Украина и за блокадата на функционирањето на ОБСЕ од страна на Русија беа испратени од говорниците на почетокот од Министерскиот совет на ОБСЕ. Тие испратија порака дека со руската агресија врз Украина е прекршен Финалниот акт на Конференцијата за безбедност и соработка во Европа од Хелсинки, кој е документ врз чија основа...

Ковачевски нема да има средба со Лавров

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски пред почетокот на Министерскиот совет на ОБСЕ изјави дека нема да има средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Тој истакна дека секоја земја на свој начин испраќа порака за неоправданата агресија на Русија врз Украина. Ковачевски се надева дека на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје ќе бидат донесени важни одлуки, и тоа...

Ковачевски-Борел: Уставните измени се клучни за напредокот на С. Македонија во ЕУ

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски го пречека потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел при одржувањето на 30-тиот Министерски состанок на ОБСЕ во Скопје. На заедничката прес-конференција, Борел изјави дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на министерскиот состанок на ОБСЕ треба да ги слушне мислењата на учесниците. „Јас...

Ковачевски-Блинкен: Стратешкиот дијалог ќе ги зајакне односите меѓу САД и С.Македонија

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски попладнево во Скопје се сретна со американскиот државен секретар Антони Блинкен. На средбата, како што информираат од Владата, Ковачевски и Блинкен уште еднаш ги истакнаа одличните односи меѓу двете земји и разговараа за поддршката која САД ја даваат во континуитет на Северна Македонија на патот кон членството во ЕУ и спроведувањето на реформите. На средбата, премиерот...

Студентите ќе добиваат ваучери од државата за меѓуградски превоз

Студентите се најдоа меѓу ранливите категории граѓани за кои се наменети новите антикризни мерки што денеска ги најави премиерот Димитар Ковачевски. Станува збор за деветтиот пакет антикризни мерки во вредност од 662 милиони евра, кој денеска беше усвоен на владина седница. Мерките кои ги засегаат студентите се однесуваат на оние кои студираат надвор од местото на живеење. Како што соопштија од Владата,...

Владата со деветти пакет антикризни мерки тежок 662 милиони евра

Премиерот Димитар Ковачевски денеска одржа прес-конференција, на која што го презентираше деветтиот пакет антикризни мерки во вредност од 662 милиони евра, кој денеска беше усвоен на владината седница. „Овој пакет содржи 26 мерки за социјална сигурност, насочени кон таргетирана поддршка за ранливите категории на граѓани и компании како и поддршка за надминување на потешкотии во услови на зголемени трошоци на...

Сѐ поизвесно е дека Ковачевски нема да ги намали функционерските плати

Со повторената изјава на премиерот Димитар Ковачевски дека парите од зголемувањето од 78 отсто на платите на функционерите (15 милиони евра на годишно ниво), нема да бидат доволни за да се покријат моменталните синдикални барања, дека треба да се постигне правичност во плаќањето на трудот за секој во државата и дека материјата била сложена – имало 7 закони за...

Утре протести во Скопје за повисоки плати, раскрсници ќе бидат блокирани, Ковачевски се надева на решение

Утре на голем протест пред Собранието излегуваат вработените во судската и обвинителската администрација, Фондот за здравство и Народниот правобранител. Револтот кај административците се појави откако пролетва за 78 проценти се зголемија платите на функционерите, по одлуката на Уставниот суд. Од МВР соопштуваат дека во периодот од 11.00 до 14.30 часот Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе...

Македонија оди на двојни избори во мај, во декември ќе има лидерска средба во Собранието

Средбата на премиерот со лидерите на парламентарните партии за датум за изборите ќе се одржи во Собранието во декември, изјави денеска премиерот и лидер на владејачката СДСМ, Димитар Ковачевски. Тој не прецизираше точно кога би се одржале изборите, но рече дека во мај има доволно простор да се одржат редовни претседателски и парламентарни избори. Инаку, 8 мај е единствениот термин...

Ковачевски по НАТО-средбата: Ја издигнавме С. Македонија како фактор на стабилност во регионот

Инвеститорите од европските земји и САД во Северна Македонија и регионот препознаваат место каде можат да ги инвестираат своите пари и со тоа да обезбедат подобри работни места, подобри плати и крајно зголемување на животниот стандард на граѓаните. Ова е факт и тој е овозможен затоа што земјите од регионот, вклучително и С. Македонија, како членки на НАТО се...

Столтенберг од Скопје: Нема директна воена закана за Западен Балкан, но загрижуваат тензиите на Косово и во БиХ

Војната во Украина, конфликтот што се води во Појасот Газа и други прашања кои се однесуваат на градење на долгорочен мир и безбедност во регионот, но и во Европа и светот, се најдоа во фокусот на средбата на лидерите на НАТО сојузниците од регионот што денеска се одржа во Скопје. Западниот Балкан е стратешки важен за НАТО, рече Генералниот секретар...

Скопје домаќин на неформалниот состанок на лидерите на НАТО сојузниците од регионот

Северна Македонија е ценет партнер во НАТО и фактор на стабилност во регионот, рече премиерот Димитар Ковачевски пред официјалниот почеток на неформалниот состанок на лидери на НАТО сојузници од регионот што денеска се одржува во Скопје. Тој непосредно пред почетокот на состанокот даде изјава за медиумите заедно со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. „Драго ми е што Северна Македонија...

Столтенберг-Koвачевски: Русија не е во моментов директна закана за Балканот

С. Македонија е ценет сојузник на НАТО. Вие многу придонесувате за безбедноста, преку нашите мировни мисии со КФОР на Косово. РСМ силно ја осуди руската војна против Украина, нудите и воена и финансиска помош за Украина. НАТО може да се потпре на РСМ и обратно. Ова денеска го истакна генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, на заедничката прес-конференција која ја...

Столтенберг доаѓа во Скопје на средби со државниот врв

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски попладнево ќе го пречека Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој доаѓа во официјална посета на земјава. Ова е прва негова посета откако државата е полноправна членка на НАТО. Според агендата за официјалната посета на Столтенберг, веднаш по церемонијата на пречекот е предвидена тет-а-тет средба со премиерот Ковачевски, по што ќе...

Власта и опозицијата блиску до договор, изборите на еден датум во мај

Фото: Борче Поповски
Премиерот Димитар Ковачевски денеска за првпат потврди оти за него е прифатливо парламентарните избори да се одржат во мај. Тој денеска од Прилеп порача дека има доволно простор во мај догодина да се одржат претседателските и парламентарните избори. „Сметам дека постои доволно простор во мај да се организираат изборите, во нивниот редовен термин“, изјави премиерот Димитар Ковачевски. Тој додаде дека финалните...

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...