fbpx

Претседателката на Европската комисија фон дер Лајен денеска пристигнува во Скопје

Фон дер Лајен од Скопје ќе ја започне својата четиридневна посета на Западен Балкан

-

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен попладнево ќе пристигне во официјална посета на земјава и од овде ќе ја започне својата четиридневна посета на Западен Балкан.

Фон дер Лајен вечерва ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, од чиј кабинет најавија дека приемот на претседателката на Европската комисија е закажан за во 18 часот и 45 минути.

За утре е предвидено фон дер Лајен да се сретне и со премиерот Димитар Ковачевски, по што ќе одржат заедничка прес-конференција, а заедно ќе посетат и фабрика за преработка на зеленчук и овошје во близина на Скопје.

Претходно неделава, вицепремиерот Бојан Маричиќ за МИА најави дека на средбите со фон дер Лајен ќе се разговара за потребните и неопходните реформи и за дополнителните средства што треба да ги добие земјава како помош од ЕУ, но и за мотивацијата за реформите, како и за обврските што ни преостануваат.

Од Скопје, претседателката на Европската комисија ќе ја продолжи посетата на Западен Балкан и ќе замине во Приштина, а потоа и во Подгорица, Белград и Сараево.

За време на посетата ќе се дискутира билатералната соработка и на лидерите од регионот ќе им се претстават детали за Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...