fbpx
Таг: Димитар Ковачевски

таг: Димитар Ковачевски

Средба Ковачевски-Столтенберг: Русија да деескалира во Украина и да продолжи дипломатскиот дијалог

Безбедноста на Западен Балкан и ескалацијата на состојбите на границата меѓу Русија и Украина беа главните теми на средбата на македонскиот премиер Димитар Ковачевски со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Брисел. Премиерот Димитар Ковачевски рече дека како земјава како сојузник на НАТО се приклучува на апелите до Русија да деескалира и да го продолжи дипломатскиот дијалог во однос...

Ковачевски: Со премиерот Петков иницираме разговори „оддолу-нагоре“

Јас и премиерот Петков ја презедовме иницијативата да се водат инклузивни разговори, од долу нагоре. Односно проектите за унапредување на соработката и на пријателството меѓу народите на двете земји да дојдат од тие кои се директно засегнати за нив и кои ќе бидат директно задолжени за нивно спроведување, вели македонскиот премиер Димитар Ковачевски. Тој денеска говореше на отворањето на конференцијата...

Бугарскиот премиер Петков: Бугарите може да бидат вклучени во Уставот на Северна Македонија

Бугарската страна нема да го менува својот состав во Комисијата за историските прашања, владите на Бугарија и на Северна Македонија подготвуваат заедничко чествување на Гоце Делчев, Бугарите во Северна Македонија ќе бидат вклучени во Уставот. Тоа се три од најбитните работи што бугарскиот премиер Кирил Петков денеска ги наведе на парламентарната седница во Собранието на Бугарија, каде беше повикан на...

На заедничката седница во Софија, Ковачевски и Петков ги формализираа петте работни групи

Двајцата премиери Димитар Ковачевски и Кирил Петков на денешната заедничка владина седница на Северна Македонија и Бугарија ги формализираа петте работни групи што ќе работат во повеќе области, а веќе се дефинирани и конкретните теми на коишто тие ќе работат. „Навистина и јас сум задоволен од денешните состаноци. Имавме пленарна средба, но уште поважно е што самите министри работеа во...

Вистиномер: Не е точно дека првата одлука на Ковачевски е набавка на златни чинии

Димитар Ковачевски сè уште не е премиер, за да може да одлучува за јавни набавки на Владата. Ковачевски мандатот за состав на Владата го доби на 30.12.2021 година, а собраниската седница за избор на нова влада е закажана за 15.01.2022 година, анализира „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост: На 12.01.2022 година, опозициската ВМРО-ДПМНЕ, коментирајќи ја одлуката на Владата да распише...

Нов почеток или нова епизода – Првата средба на новите бугарски и македонски премиери

Посетата на новиот премиер на Бугарија на уште поновиот премиер на Северна Македонија донесе нов ветар, кој сепак засега не успеа да го расчисти загадениот воздух, пишува Малинка Ристевска - Јорданова, во новата колумна за „Порталб“. Неспорно е дека двајцата премиери имаа намера и успеаја да прикажат волја за создавање нова клима во односите меѓу двете земји. Целта на овој...

Бугарија прифаќа да го користи името Северна Македонија, работните групи ќе имаат средби секоја недела

Македонскиот и бугарскиот премиер, Димитар Ковачевски и Кирил Петков, на заедничка прес-конференција информираа за конкретните резултати остварени од средбата денеска во Скопје. Тие се договорија дека Бугарија прифаќа да го користи краткото име на државата Северна Македонија подеднакво како и долгото Република Северна Македонија. Ова значи дека Бугарија нема веќе да ја кочи употребата на краткото име во ниту еден...

Пристигна бугарската владина делегација – Петков на средба со Ковачевски

Во првата меѓународна активност на новата влада предводена од претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, е пречекот на неговиот бугарски колега Кирил Петков. Очекувањата се дека главната тема на разговорите ќе биде надминувањето на бугарското вето за почеток на преговорите на Северна Македонија за зачленување во ЕУ. Бугарскиот премиер Петков пристигна денеска со владина делегација. Со државна церемонија пред платото на...

Средба Ковачевски-Брнз: Соработката со САД да се интензивира со акцент на енергетските проекти

Новиот премиер Димитар Ковачевски денеска ја прими амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Мари Брнз, на која се разговарало за продолжување на економската соработка меѓу САД и Северна Македонија. Посебен акцент во иднината треба да се стави на поттикнување на проекти и инвестиции кои ќе овозможат трајна и одржлива енергетска независност на земјава, информираат од владината прес-служба. На средбата беше...

Димитар Ковачевски ја презеде премиерската функција од Зоран Заев

Новоизбраниот премиер Димитар Ковачевски утрово ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот претседател на на Владата, Зоран Заев. Во работната агенда на Ковачевски уште денеска е средбата со германската министерка за Европа, Ана Лирман, а утре ќе се сретне со бугарскиот премиер Кирил Петков. Денес новата Влада ќе ја има и првата седница. Новиот премиер на својот Фејсбук профил напиша дека...

Со 62 гласа избрана владата предводена од Димитар Ковачевски

Собранието на РСМ вечерва ја избра новата влада предводена од премиерот Димитар Ковачевски. При гласањето за владата вкупно присуствуваа 108 пратеници, 62 пратеници гласаа „ЗА“, додека 46 пратеници гласаа „ПРОТИВ“. Собранискиот спикер Талат Џафери им честиташе на новоизбраните министри и на премиерот Ковачевски. Покрај Димитар Ковачевски за претседател на владата, во новата влада министри ќе бидат Оливер Спасовски за внатрешни...

Контраспин: Ковачевски нема врска со поскапувањето на цените на струјата, парното и метанот

Ковачевски како лидер на партија не може да биде дел од одлуки за поскапувања во енергетиката, а зголемувањето на цените на струјата и гасот не се ниту своеволна желба на Владата. Ваквите одлуки ги носи Регулаторната комисија за енергетика, пишува „Вистиномер“ во својот Контраспин. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на 04 јануари 2022 година објави соопштение преку кое...

Во Собранието продолжува расправата за новата влада, ќе се гласа до полноќ

Во Собранието на РСМ денеска напладне продолжи вториот ден од расправата за избор на новата влада предложена од мандатарот Димитар Ковачевски. Пратениците ќе треба најдоцна до полноќ да гласаат за изборот на предложената влада од владејачката коалиција на СДСМ, ДУИ, Алтернатива и ДПА. Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска рече дека мандатарот Ковачевски не учествувал на избори, ниту побарал доверба и...

Вистиномер: Стоилковски со право укажува на прекршување на Законот за високо образование

Изјавата на портпаролот Стоилковски е поткрепена со посочување на конкретен член од Законот за високо образование, во кое се наведува неспојливоста на функцијата декан со политичка функција, заради што неговото изнесено тврдење го оценуваме како вистина, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на прес конференција, поврзана со изборот на новите партиски тела на СДСМ,...

Ковачевски: Новата Влада мора да ги решава проблемите на граѓаните, најголем предизвик се економијата и енергетската криза

Мандатарот за состав на новата Влада, Димитар Ковачевски, денеска пред пратениците во Собранието во своето експозе најави дека главен предизвик во економијата ќе биде соочувањето со ефектите од пандемијата и енергетската криза.Тој смета дека граѓаните се изморени од празни партиски говори и дека новата Влада мора да работи и да ги решава проблемите и предизвиците со кои тие се...

Контраспин: Кредибилитетот и легитимитетот на Ковачевски произлегуваат од Собранието

Спин е тврдењето дека кредибилитет и легитимитет на еден политичар од извршната власт мора да произлезе само доколку тој директно учествувал во изборен процес, исто како што е спин дека идниот премиер Димитар Ковачевски ќе разговара/преговара за идентитетот на македонскиот народ, пишува „Вистиномер“ во новиот Контраспин, што подолу го пренесуваме во целост: Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во изјава...

Скопјани нема да останат без парно, Владата може времено да го преземе работењето на БЕГ

Мандатарот Димитар Ковачевски вели дека Владата нема да дозволи граѓаните на Скопје да останат без парно греење во претстојниот период. Тие имаат решение за надминување на проблемот со високите цени за набавка на природниот гас, којшто им предизвикува проблеми на БЕГ и АД Скопје Север во натамошното обезбедување на топлинска енергија за жителите на Скопје. Ковачевски изјави дека топлинската енергија...

Објавени имињата на министрите во новата влада предводена од Ковачевски

Претседателот на СДСМ и мандатар за состав на новата влада, Димитар Ковачевски вчера вечер ги претстави кадровските решенија кои на негов предлог беа усвоени од Централниот одбор на владејачката партија. За вицепремиер за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, предложена е Славица Грковска, поранешна пратеничка на СДСМ, магистер по математички науки и поранешен асистент на Природно...

Ковачевски убеден дека со премиерот на Бугарија ќе создадат коректен однос

Формирањето на нови влади и кај нас и во Бугарија дава нова шанса и надеж во разговорите што ги водиме со нашиот сосед, вели мандатарот за нова влада и претседател на Социјал-демократскиот сојуз (СДСМ), Димитар Ковачевски во интервју за МИА. Тој очекува градење коректен однос со бугарската страна, откако беше објавено дека бугарскиот премиер Кирил Петков ќе биде биде првиот...

Претседателот Пендаровски го врачи мандатот за нова влада на Димитар Ковачевски

Претседателот Стево Пендаровски денеска му го врачи мандатот за состав на новата влада на Димитар Ковачевски, претседател на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија. „Врз основа на член 84, став 1, алинеjа прва од Уставот на Република Северна Македонија и известувањето за предлогот за мандатaр доставено од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, а поддржано од политичките партии во состав на коалицијата, кои заедно...

(РЕПОРТАЖА) Надежите на СДСМ испарија во сауната на ВМРО-ДПМНЕ

„Овде е стравотно топло, како во сауна е“, рече професорката Гордана Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, барајќи марамче да се избрише, пред да ја прогласи победата...