fbpx

Во Собранието продолжува расправата за новата влада, ќе се гласа до полноќ

-

Во Собранието на РСМ денеска напладне продолжи вториот ден од расправата за избор на новата влада предложена од мандатарот Димитар Ковачевски. Пратениците ќе треба најдоцна до полноќ да гласаат за изборот на предложената влада од владејачката коалиција на СДСМ, ДУИ, Алтернатива и ДПА.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска рече дека мандатарот Ковачевски не учествувал на избори, ниту побарал доверба и го нема народниот легитимитет. Според неа, најголем дел од министрите остануваат и се продолжение на хибридниот режим кој беше поразен на локалните избори пред неколку месеци.

Пратеничката Ласовска посочи дека во државата има економска, здравствена, енергетска и топлинска криза, а мандатарот говори за економска благосостојба, раст на БДП, како да треба да заборавиме дека има галопирачка инфлација, граѓаните буквално немаат за леб, цените растат вртоглаво, парите немаат никаква вредност.

„Од оваа состојба новиот мандар не може да се изземе затоа што како заменик министер за финасии беше креатор на фискалните политики и го бранеше зголемувањето на јавниот долг кој надминува 65 проценти и ги надмина мастришките критериуми, а капиталн инвестиции нема и нема визија како да ги има“, рече Ласовска.

Таа се осврна и на европските интеграции за кои рече дека се во сериозен ќосрокак, власта постојано вели дека има датум за старт на преговорите со ЕУ.

Пратеничката на СДСМ Марија Георгиевска ѝ реплицираше на опозицијата во врска со кредибилитет и легитимитет на новата Влада од собраниската говорница. Таа истакна дека во демократиите во светот неретко е власта на Владата да ја има една политичка опција, а опозицијата да ги добила локалните избори и никој не слушнал дека некој го оспорува легитимитетот.

„Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пред некое време најави дека ќе се обиде да формира ефикасна политичка Влада, која ќе биде способна да ги решава предизвиците и тоа ќе го направи доколку биде сигурен дека тоа ќе биде влада со сериозен кредибилитет и Влада со силни институции. Одговорете ми од каде ќе го извлече легитимитетот, а не беше на листите за парламентарни избори“, нагласи пратеничката на СДСМ Марија Георгиевска.

Пратеничката Георгиевска нагласи дека Владата ја гласа парламентарно мнозинство, кое дефакто го има и неретко се случува во Владата да има коалиции некој да ја напушти некој да влезе.

„Мандатот на пратениците ни е 4 години, не ни се гласа мандатот до локални избори и не знам зошто на исто рамниште ги ставате парламентарните и локалните избори, кога локалната власт е четврта власт по редослед“, рече Георгиевска.

Пратеничката на СДСМ Даниела Колева, во рамките на собраниската седница, посветена на изборот на новата Влада од собраниската говорница истакна дека главна цел во наредниот период во кој ние како држава но и целиот свет се соочуваме е  справување со ефектите од пандемијата со ковид-19 врз економијата и енергетската криза, а клучна цел на економската политика на Владата ќе биде креирање на забрзан и одржлив раст на економијата и пораст на БДП со забрзување на стапките на економски раст, порача Колева.

На денешната расправа досега зборуваа и пратеникот од Левица, Димитар Апасиев и пратеничката на ДОМ, Маја Морачанин.

Вториот ден од собраниската расправа поминува со бројни реплики и контрареплики меѓу власта и опозицијата, првенствено меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кај македонскиот табор, како и помеѓу ДУИ и Алијанса за Албанците кај албанскиот табор партии.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...