Скопјани нема да останат без парно, Владата може времено да го преземе работењето на БЕГ

-

Мандатарот Димитар Ковачевски вели дека Владата нема да дозволи граѓаните на Скопје да останат без парно греење во претстојниот период. Тие имаат решение за надминување на проблемот со високите цени за набавка на природниот гас, којшто им предизвикува проблеми на БЕГ и АД Скопје Север во натамошното обезбедување на топлинска енергија за жителите на Скопје.

Ковачевски изјави дека топлинската енергија според законите, целата инфраструктура за затоплување со парно греење е во надлежност на градот Скопје и требa и тие да предвидат мерки коишто очигледно не се предвидени во рамки во нивниот буџет за справување со оваа криза.

Без оглед на тоа, економскиот владин тим веќе одржал состанок на кој било заклучено дека сите владини институции веќе плаќаат цена за топлинска енергија по пазарни услови, што значи според цената на гасот која ја набавува операторот на системот во градот Скопје.

Воедно, Министерството за финансии обезбедило финансиски средства на БЕГ за набавка на гас преку Развојната банка на Северна Македонија и истите им се понудени на БЕГ, меѓутоа оваа приватна компанија треба да понуди гаранција за која ќе го обезбеди кредитот нормално според пазарни банкарски услуги, појасни Ковачевски.

„Доколку тоа не се случи тогаш се разгледува опција за времено преземање на работењето со компаниите во Скопје коишто се задолжени согласно со своите лиценци да обезбедат топлинска енергија на граѓаните на градот Скопје бидејќи Владата нема да дозволи граѓаните да останат без парно греење зимава“, изјави мандатарот за формирање на идната влада.

Инаку, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски вчера во емисијата „24 анализа“ повтори дека БЕГ се соочува со финансиски проблеми за набавка на природниот гас којшто е веќе обезбеден, при што реалниот трошок на компанијата бил 1.480 долари, додека РКЕ признава трошок за набавка на гасот од 350 долари за 1.000 метри кубни.

И додека снабдувачите со топлинска енергија во Скопје имаат проблеми со обезбедувањето на гасот, на меѓународната сцена САД за една третина го зголеми бројот на танкери што превезуваат течен природен гас за Европа. Агенцијата Ројтерс јавува дека природниот гас во гасоводот Јамал-Европа тече кон исток, наместо да обезбедува дополнителни количества на руски гас во резервните складишта во Европа.

Новинската агенција ги пренесува информациите од индустријата и експертите, кои велат дека трговците избираат да купат природен гас од резервните складишта за да ги избегнат рекордно високите цени на гасот на берзите.

Рускиот извоз на енергија е една од главните теми во дипломатските разговори меѓу западните земји и Русија, заедно со прашањето на инвазијата на Москва врз Украина.

Критиките на претставниците на ЕУ се дека Русија намерно го ограничува протокот на природен гас кон Европа, како би извршила притисок за да обезбеди одобрение за пуштање во употреба на новоизградениот гасовод „Северен тек 2“. Инаку, Русија обезбедува над 30 отсто од природниот гас што го користи ЕУ, додека балканските земји, меѓу кои е Македонија и Србија, се целосно зависни од увоз на руски гас.

Единствена позитивна вест е дека зголемувањето на количествата на течен природен гас што се транспортира од САД, заедно со зголеменото производство на ветерните електрани во Еворпа и топлото време, денеска ја намали цената на гасот на лондонската берза ICE на 984 долари за 1.000 метри кубни за планираните испораки за февруари.

Цените на природниот гас и на електричната енергија на дневно ниво флуктуираат на европските берзи, но во изминативе месеци тие имаат рекордно високи износи.

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по средбата со...

Фатен бегалец од затвор во Струмица

На 07.12.2024 во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ш.М.(36) од Струмица. Тој бил осуден на казна затвор од десет години за сторени кривични дела „тешка кражба“, а...

Обвинение за телесна повреда при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Доказите обезбедени во...

Старо видео со нова невистина – Баербок не била „избркана“ од прес-салата во Кина

Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал од средбата која  германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ја имаше со тогашниот шеф на кинеската дипломатија...

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по...