fbpx

Ковачевски: Со премиерот Петков иницираме разговори „оддолу-нагоре“

-

Јас и премиерот Петков ја презедовме иницијативата да се водат инклузивни разговори, од долу нагоре. Односно проектите за унапредување на соработката и на пријателството меѓу народите на двете земји да дојдат од тие кои се директно засегнати за нив и кои ќе бидат директно задолжени за нивно спроведување, вели македонскиот премиер Димитар Ковачевски.

Тој денеска говореше на отворањето на конференцијата БГМК 2030: Граѓански придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво, којашто во организација на Либералната Интернационала во соработка со Американскиот универзитет на Европа – ФОН, се одржа во Скопје.

„Со премиерот Петков рековме дека ние ќе дадеме политичка иницијатива, но дека организациите кои се дел од секторите за кои ние разговаравме се тие што треба да ја водат дебатата и коишто треба да направат мостови помеѓу деловната заедница, образовните институции и студентите, и граѓаните воопшто. Мојата, и намерата на мојот пријател и колега, премиерот Петков, е да отвориме најшироко поле за соработка меѓу голем број засегнати страни од општествениот живот“, порача Ковачевски.

Според премиерот на Северна Македонија, токму затоа во новиот циклус на градење на односите меѓу двете земји, се формирани работнии групи дефинирани деновите за реализација во календарите на активностите. Ковачевски е оптимист дека новата фаза на билатерални односи ќе доведе до големи успеси

„Јас немам никакво сомневање дека тој процес ќе ја обнови атмосферата на доверба и пријателство и дека тоа ќе биде силен поттик да се отворат вратите за заедничко прифатливо решение за отворените политички прашања. Особено оние кои се однесуваат на деблокирањето на процесот за финализирање на постапката за нашето членство во ЕУ“, порача премиерот Ковачевски.

Тој посочи дека е постигнат и договор и во двете земји да се сузбиваат национализмите и недобронамерната пропаганда.

„Постигнавме согласност заедно да ја спречуваме недобронамерната пропаганда доколку се појави внатре во државите, заедно да бидеме против говорот на омраза и заедно да го поразиме национализмот“, појасни Ковачевски.

Во конференцијата БГМК 2030: Граѓански придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво, учествуваат и пратеникот во Европскиот Парламент, Илхан Ќучук,пратеници од Собранието на Република Северна Македонија, амбасадорот на Република Бугарија во нашата земја Ангел Ангелов, ректорката на Американскиот универзитет на Европа – ФОН, Билјана Пулеска Јанушевска, проректорот на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Велико Трново, Република Бугарија, Милко Палангурски, како и повеќемина претставници на локалната самоуправа од Северна Македонија и Бугарија.

Во конференцијата учествуваат и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, а во придружната програма на конференцијата за делот на соработката меѓу образовните институции меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија е вклучен и вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...