fbpx

На заедничката седница во Софија, Ковачевски и Петков ги формализираа петте работни групи

-

Двајцата премиери Димитар Ковачевски и Кирил Петков на денешната заедничка владина седница на Северна Македонија и Бугарија ги формализираа петте работни групи што ќе работат во повеќе области, а веќе се дефинирани и конкретните теми на коишто тие ќе работат.

„Навистина и јас сум задоволен од денешните состаноци. Имавме пленарна средба, но уште поважно е што самите министри работеа во работни групи на конкретни проекти и идеи кои што треба да се развиваат во наредниот период“, истакна претседателот на Владата на Северна Македонија Ковачевски на заедничката прес-конференција со премиерот на Бугарија Петков.

Првата група ќе обезбеди соработка во економската област, особено во делот на енергетиката, трговијата, инвестициите, туризмот, земјоделието.

Втората група ќе ги покрива областите од инфраструктурата, транспортот и другите форми на поврзување. Ковачевски уште додаде дека била договорена нова динамика околу Коридорот 8, оваа група ќе работи и на отворањето на авионската линија меѓу Скопје и Софија, и на олеснување на севкупниот патен транспорт. Оваа група ќе ја зајакне и соработката во телекомуникациите, каде најважен проект е намалувањето на цената на роамингот.

Од третата група која е за Европските интеграции и зелените политики Ковачевски ги напомена очекувањата за примена на искуството од европските интеграции на Бугарија заради тоа што таа е веќе 15 години членка на ЕУ.

Во рамките на науката, културата и образованието, очекувањата од заедничката работа се зближувањето меѓу младите.

„Предвидено е воспоставување на научни конференции особено во делот на природните науки каде што ќе може да се унапредува техничкото и знаењето во другите природни науки што многу влијае на развојот на економијата и индустријата“, подвлече премиерот Ковачевски.

Петтата група е Заедничката експертска комисија за историски и образовни прашања, а ко-претседавачите на Комисијата, професорите Драган Ѓоргиев и Ангел Димитров денеска остварија средба за да го потврдат календарот и динамиката на средбите во 2022 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...