fbpx

Објавени имињата на министрите во новата влада предводена од Ковачевски

-

Претседателот на СДСМ и мандатар за состав на новата влада, Димитар Ковачевски вчера вечер ги претстави кадровските решенија кои на негов предлог беа усвоени од Централниот одбор на владејачката партија.

За вицепремиер за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, предложена е Славица Грковска, поранешна пратеничка на СДСМ, магистер по математички науки и поранешен асистент на Природно математичкиот факултет.

За министерка за одбрана Ковачевски ја предлага Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ, поранешна заменик-министерка за внатрешни работи во техничката влада.

За министер за правда се предлага Никола Тупанчевски, професор на Правниот факултет при УКИМ.

Јована Тренчевска треба да биде нова министерка за труд и социјална политика, за која од СДСМ објаснуваат дека е магистар по социолошки науки, учесничка во повеќе меѓународни тела поддржани од УНДП, UNWOMEN и е актуелна директорка на Државниот инспекторат за труд.

Актуелната пратеничка на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска е предложена за идна министерка за култура. Таа е доктор на науки, професорка на Педагошки факултет на Универзитетот Свети Климент Охридски во Битола.

Покрај новите имиња, социјалдемократите во идната влада ќе задржат и дел од постојните министри. Оливер Спасовски и во иднина ќе биде министер за внатрешни работи, Благој Бочварски министер за транспорт и врски, додека Љупчо Николовски ќе се врати на раководната позиција во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во идната влада предводена од премиерот Димитар Ковачевски ќе има место и за Бојан Маричиќ, кој е предложен за вицепремиер за европски прашања, додека вицепремиер за економски прашања, координација на економски ресори и инвестиции ќе остане Фатмир Битиќи.

Новата влада е предложено да има еден министер од ЛДП – Горан Милевски за локална самоуправа, три министри од Алтернатива – Беким Сали за здравство, Адмир Алити за информатичко општество и администрација и Џемаил Чупи, вицепремиер задолжен за дијаспората.

ДУИ во новата влада нема да ги менува постојните министри, со исклучок на Јетон Шакири којшто од позицијата министер за информатичко општество и администрација ќе постане министер за образование и наука.

Мандатарот Димитар Ковачевски најави дека владиниот состав и програма за работа ќе ги достави до Собранието во текот на денешниот ден. Тој го доби мандатот за формирање на нова влада од претседателот Стево Пендаровски на 29 декември и има рок од 20 дена за да го достави предлогот за нова влада до Собранието. Собранието ќе треба да ја избере новата влада со минимум 61 од вкупно 120 пратеници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...