fbpx

Ковачевски убеден дека со премиерот на Бугарија ќе создадат коректен однос

-

Формирањето на нови влади и кај нас и во Бугарија дава нова шанса и надеж во разговорите што ги водиме со нашиот сосед, вели мандатарот за нова влада и претседател на Социјал-демократскиот сојуз (СДСМ), Димитар Ковачевски во интервју за МИА.

Тој очекува градење коректен однос со бугарската страна, откако беше објавено дека бугарскиот премиер Кирил Петков ќе биде биде првиот државник што ќе биде во официјална посета на новата влада на Северна Македонија, што ќе биде предводена од Ковачевски. Тој ќе дојде во официјална посета на Скопје на 18 ноември, објави вчера македонската влада.

Со Петков, во Скопје ќе пристигнат и министерката за надворешни работи, Теодора Генчовска, како и министерот за транспорт и врски, Николај Сабев.

„Веќе имаме поставени основи за разговорите кои ни даваат слика каде се застанати преговорите и како треба да продолжиме. Со новиот премиер Петков очекувам дека ќе изградиме коректен и пријателски однос, а реториката меѓу двете држави ќе биде на високо ниво. Тоа е предуслов да напредуваме. Зближувањето и соработката меѓу двете земји во сите области од животот е важен предуслов за отстранување на сомневањата и погрешните перцепции. Јас сум подготвен да отвориме нова страница во односите со Бугарија и да изградиме искрено пријателство и подобра иднина за двете земји“ вели Ковачевски во интервјуто.

Претседателот на СДСМ и мандатар во интервјуто за МИА додава дека гласот на омразата мора да се стиши и двете држави да се посветат на заедничкиот интерес на народите и на државите, преку взаемно почитување и градење иднина.

„Треба да се стиши гласот на омразата. Имаме реално повеќе сличности од разлики како држави и мора да се концентрираме на заедничкиот интерес. Само со ваков пристап ќе бидиме запаметени како лидери кои балканските конфликти ги надминале со европски пристап. Преку политика на взаемно почитување, градење иднина, соработка и компромиси“, вели Ковачевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украина не мобилизира лица со Даунов синдром

Лицата со хромозомски пореметувања со значителни дисфункции, вклучително и лицата со Даунов синдром, не можат да служат војска, според Правилникот за воено-медицински преглед во вооружените сили на Украина. Украинскиот...