fbpx

Нов почеток или нова епизода – Првата средба на новите бугарски и македонски премиери

-

Посетата на новиот премиер на Бугарија на уште поновиот премиер на Северна Македонија донесе нов ветар, кој сепак засега не успеа да го расчисти загадениот воздух, пишува Малинка Ристевска – Јорданова, во новата колумна за „Порталб“.

Автор: Малинка Ристевска – Јорданова

Неспорно е дека двајцата премиери имаа намера и успеаја да прикажат волја за создавање нова клима во односите меѓу двете земји. Целта на овој потфат ја опишаа како „создавање услови за подобра иднина“. Она што изби на површината на нивната прес конференција беше намерата да се интензивира соработката меѓу двете земји и да се стави нагласка на позитивните придобивки од неа. Оттаму, најмногу ги потенцираа розевите очекувања за новата динамика во односите меѓу двете земји, преку работата и резултатите што ќе ги дадат петте нови работни групи.

Познато е дека двајцата премиери беа приморани да одат „по жица“, зашто ниеден од нив нема комотна позиција на домашната политичка цена. Оттаму, ги повторија сопствените црвени линии, избегнувајќи навреда кон другата страна.

Сепак, оваа розова слика ја менува бојата кога ќе се земе предвид што беше подметнато и што не беше кажано.

Кукавичјото јајце во оваа посета беше првата официјална отстапка на Северна Македонија кон Бугарија. Во јавноста не поминува обидот ова да се „спакува“ како позитивен исчекор на двете страни. Со доставувањето нота до Обединетите нации дека употребата на краткото и долгото име на земјата нема импликации на територијални претензии кон Бугарија нашата држава исполни едно од барањата на Бугарија од нивната Рамковна позиција од 2019 година. И тоа е еднострана отстапка која некој ја направи во име на нашата држава и која ќе има последици. Со тоа имплицитно ѝ се даде правото на Бугарија да ги релативизира придобивките од Преспанскиот договор и еднострано да признава или не признава нешто што е декларирано и потврдено во Обединетите нации. Второ, овој чекор е направен целосно нетранспарентно. Трето, ова би било отстапка и од тактиката „ништо не е договорено додека сѐ не е договорено“, којашто се тврди дека била договорена во Владата (барем според изјавите на поранешниот вицепремиер Димитров).

Конечно, главната импликација на оваа отстапка и начинот на кој е направена е стравот и несигурноста во македонската јавност дека Владата подготвува и други вакви отстапки, со неповратно штетни последици за нашата држава, кои би ги „подметнала“ на сличен начин. Изјавите на вицепремиерот Маричиќ за македонското малцинството во Бугарија исклучително како „внатрешна работа на Бугарија“ и можноста спомената од министерот за надворешни работи Османи за промена на постапката и членовите на Комисијата за историско-образовни прашања го зајакнуваат ваквиот страв.

Второто клучно прашање е како ќе се создадат „услови за подобра иднина“ и кон што ќе води „интензивираната соработка“. Премиерите не споменаа како исходот од оваа соработка и позитивна клима ќе влијае врз нашите преговори за членство во ЕУ – усвојувањето на преговарачката рамка, почетокот и целиот тек на преговорите. Бугарскиот премиер Петков јасно повтори дека Бугарија не се откажува од нивните барања и дека сегашниов приод кон интензивирање на соработката е само „надградба“. Доколку Бугарија не се откаже од основните барања, вклучувајќи го и барањето остварувањето на Договорот за соработка да е вградено како услов во преговорачката рамка – значи и во преговарачкиот процес, Македонија со некаков нов договор со Бугарија (изрично споменат во интервјуто на претседателот Пендаровски за 24вести) би добила само нови услови во преговорите со ЕУ, кои Бугарија ќе ги толкува по нејзина волја.

Третото клучно прашање е начинот на кој нашата држава го управува „спорот“ или поточно – улимативната блокада на Бугарија за нашите преговори за членство во ЕУ. Последниве месеци спорот целосно се „билатерализира“. Како да се заборава или намерно се става настрана дека основата е ветото на Бугарија за Преговарачката рамка на ЕУ за Северна Македонија и Албанија – документ на ЕУ, предложен од Европската комисија и во процедура во Советот на ЕУ. Се чинат целосно запоставени релациите со земјите членки на ЕУ, кои на крајот треба да ја одобрат Преговарачката рамка и сите чекори што натаму следат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради изборите, Владата ги прогласи 24 април и 8 мај за неработни денови за сите граѓани

Владата на денешната седница заклучи дека 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија, заради...