fbpx
Таг: Бујар Османи

таг: Бујар Османи

Османи – Агелер: САД со поддршка од над четири милиони долари за борба против корупцијата

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави (САД), Ангела Агелер, информираа од Министерството за надворешни работи (МНР). На средбата, како што соопштија од таму, станало збор за соработката во рамки на Стратешкиот дијалог, при што Османи изразил благодарност за дополнителните средства во износ од 4.276.000 американски долари наменети за владеење на правото...

Османи-Нарбаева: Улогата на жените во општеството и нивната безбедност ни е приоритет

Зајакнувањето на улогата на жените во општеството и зголемувањето на нивната безбедност била тема на разговор во Ташкент, меѓу претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи и претседателката на Сенатот на Узбекистан, Танзила Нарбаева. „Улогата на жените е воедно и еден од главните приоритети на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година“, информираат во Министерството за...

Османи од Узбекистан утре ја започнува посетата на Централна Азија

Претседавачот на ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, од утре ја започнува својата посета на Централна Азија во рамки на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ. Дел од агендата е посета на Узбекистан и на Казахстан, соопшти Министерството за надворешни работи (МНР). Османи посетата ќе ја започне од Ташкент, Узбекистан каде ќе оствари средба со државниот врв, како...

Договорот со Бугарија не може да биде пречка на патот кон ЕУ – Османи со сликовито објаснување на преговарачката рамка

„Преговарачката рамка се состои од два дела - општ и специјален“. Вака го започнува своето објаснување на преговарачката рамка со Европската Унија (ЕУ) министерот за надворешни работи Бујар Османи. Застанат пред табла, со креда и сунѓер во раката, Османи во видеото што го објави на своите социјални мрежи вели дека со сликовитото објаснување сака да ги демантира сите шпекулации во...

Османи на средби со Гир, Коп и Мејер

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска оствари одвоени средби со амбасадорот на Европската Унија - Дејвид Гир, амбасадорот на Холандија – Дирк Јан Коп и со заменик – шефот на мисијата на Амбасадата на САД во Скопје, Ерик Мејер. Во фокусот на средбите биле политичките актуелности во земјава, со посебен акцент на околностите во кои се води јавната расправа...

Контраспин: Османи (и Груби и ДУИ) спинува за постоење на антиалбански хибриден центар

Тврдењата за хибриден центар насочен кон ДУИ, како и на скриена албанофобија на секое споменување на некаков скандал поврзан со ДУИ, се извртување на вистината или спин, бидејќи не е понуден ниту еден аргумент во насока на кредибилноста на таквите тврдења, иако Османи го тврди токму спротивното. Од анализата пред вас може да се види јасна линија на еволуција...

Министрите од ДУИ ги потпишаа условените оставки

Министрите од ДУИ Бујар Османи, Крешник Бектеши, Фатмир Бесими и Јетон Шаќири ги доставиле оставките до премиерот Димитар Ковачевски, соопштија тие преку социјалните мрежи.  „Како носител на важна јавна функција, свесен за благосостојбата на нашите граѓани и нивната иднина која несомнено има свое место во големото европско семејство, имајќи го предвид името на политичкиот субјект што го претставувам и кој...

Поради зголемени барања за издавање лични документи, МНР со двосменско работење во неколку конзуларни претставништва

Поради зголемен прилив на барања за издавање на документи кои пристигаат во Дипломатско конзуларните претставништва на Република Северна Македонија, Министерството за надворешни работи најави дека ќе воведе двосменско работење во неколку европски градови. „Во оваа прва група, според бројот на апликации, почнуваме со двосменско работење во Берн, Бон, Берлин и Минхен. Како ќе се појават потреби така ќе пристапиме кон...

Министерска тројка од ЕУ во посета на Скопје: Без уставни измени, ви се заканува изолација

Со единствена цел, заокружување на процесот на уставни измени, во Скопје пристигнаа тројца министри на три земји членки на ЕУ. Шефовите на австриската, чешката и словачката дипломатија, ополномоштени и од високиот претставник за надворешни работи на Европската Унија, Жозеп Борел, денеска имаа средби со претставници на власта и на опозицијата, а со цел да се поттикне политички дијалог за,...

Османи-Ескобар: Проширувањето на ЕУ е безбедносно прашање, процесот треба да се забрза

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, се сретна со Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник на САД за Западен Балкан. Во фокус на разговорите, како што соопштуваат од Министерството за надворешни работи, биле актуелните состојби во Западен Балкан, а Османи го брифирал високиот американски претставник за Планот од 9 точки за деескалација...

Османи: Климатските промени се закануваат на стабилноста на нашите опшества

Климатските промени не само што создаваат видлива штета врз животната средина, туку нивното сè повидливо влијание се заканува и на стабилноста на нашите општества преку менување на севкупните услови за живот. Војните и конфликтите, руската воена агресија против Украина, дополнително ги влошуваат веќе сложените еколошки околности. Ова го истакна претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи во...

Османи: Има сигнали за идеолошка поделба во ВМРО-ДПМНЕ во однос на уставните измени

Ако не се завршат уставните измени, ќе заврши скринингот. Албанија ќе продолжи со преговорите, но не и Северна Македонија, рече денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи одговарајќи на новинарско прашање за уставните измени. Политичката динамика во ЕУ отвора две патеки, а со негласањето за уставните измени, пратениците ќе ја стават земјата во групата држави коишто имаат отворени прашања, рече...

Северна Македонија од денеска претседава и со Процесот на соработка во Југоисточна Европа

Од денеска Република Северна Македонија го презема претседавањето со Процесот на соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) кој од основањето во 1996 година претставува единствен форум што ги вклучува сите 13 земји од југоистокот на Европа – меѓу кои најголемиот дел се членки на НАТО, членки или кандидати за ЕУ, но и членки на ОБСЕ. За ова денеска информираше министерот за...

Османи: ДУИ го замрзнува членството на Рамиз Мерко во партијата

Партијата Демократска унија за интеграција донела три одлуки во врска со информацијата дека САД го ставиле струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на црната листа поради сомневања за значителна корупција, соопшти портпаролот на партијата, Бујар Османи. Тој кажа дека ДУИ бара институциите веднаш да започнат сеопфатна истрага за Рамиз Мерко за сите тврдења и информации кои произлегуваат од извештајот на Стејт...

Oсмани се сретна со кралот Чарлс Трети во Лондон

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вчера во Лондон присуствуваше на приемот за шефовите на делегации во палатата Сент Џејмс каде што присуствуваше и Кралот Чарлс Трети. Министерот изразил голема благодарност до кралот Чарлс Трети за одличните политички и економски односи што Обединетото Кралство и Северна Македонија ги градат во изминатите три декади соработка. „Оваа година одбележуваме јубилеј - три декади...

Османи: Оптимист сум дека со новата бугарска влада можеме да отвориме ново поглавје меѓу двете земји

Скрининг процесот со Европската Унија е во тек и се одвива со добра динамика врз основа на што ќе ги добиеме извештаите од скринингот и патоказот за отворање на поглавјата. Паралелно со тој процес се одвива и процесот на уставни измени и впишувањето на Бугарите во Уставот, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за француската телевизија...

С.Македонија го презема претседавањето со Процесот за соработка на Југоисточна Европа

Претседавањето со Процесот за соработка на Југоисточна Европа од 1 јули ќе го преземе Северна Македонија. Министерот за надворешни работи Бујар Османи учествува на состанок на министрите за надворешни работи на земјите-учеснички што се одржува во Будва, што е последен министерски состанок во рамките на црногорското претседавање. Во своето обраќање, Османи се заблагодари за успешното претседавање на Црна Гора, афирмирајќи...

Османи-Курти: Правата на заедниците се клучни за стабилноста во Косово и во регионот

Заштитата на правата на сите заедници е од фундаментално значење за стабилноста во Косово и поширокиот регион, истакна Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, по денешната официјална средба со премиерот Албин Курти во Приштина. Во фокусот на разговорите беа и младите, за кои Османи рече дека ќе бидат клучни во спроведувањето и одржувањето на регионалните приоритети...

Османи во Брисел: Не сме директно на бојното поле, ама сепак сме на бојно поле од наративи и дезинформации

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во Брисел учествуваше на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија и на земјите од Западен Балкан во рамки на Советот за надворешни работи, со кој заседаваше Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел. Во фокусот на разговорите, како што соопштуваат од МНР,...

Грковска: Етичкиот кодекс го прекршиле Груби, Османи, Тупанчевски, Џемаили и Димовски

Артан Груби, Методија Димовски, Никола Тупанчевски, Хисни Џемаили и Бујар Османи, добиле опомени за непочитување на Kодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носители на јавни функции именувани од Владата. Ова го кажа на денешниот брифинг со новинарите вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска. „Без оглед на сè и без оглед на тоа за кого...