Османи – Агелер: САД со поддршка од над четири милиони долари за борба против корупцијата

„Со САД како наш значаен стратешки партнер продолжуваме заеднички и посветено да работиме за забрзување на реформските процеси во земјава“, истакнал министерот Османи

-

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави (САД), Ангела Агелер, информираа од Министерството за надворешни работи (МНР).

На средбата, како што соопштија од таму, станало збор за соработката во рамки на Стратешкиот дијалог, при што Османи изразил благодарност за дополнителните средства во износ од 4.276.000 американски долари наменети за владеење на правото и спроведување на законите, што САД ги доделува започнувајќи од 2012 година.

„Со САД како наш значаен стратешки партнер продолжуваме заеднички и посветено да работиме за забрзување на реформските процеси во земјава, при што високо ја цениме континуираната американска поддршка за справување со предизвиците и борбата против корупцијата“, истакнал министерот Османи на средбата.

Повеќе теми од билатералните односи, актуелната политичка состојба на земјава, состојбите на Западен Балкан, како и теми од меѓународната политика, исто така биле дел од состанокот меѓу министерот за надворешни работи и американската амбасадорка.

Целосно блокиран патот кон Кожув, граѓаните не дозволуваат багерите да стигнат до Дошница

Пристапот кон реката Дошница на планината Кожув ќе биде под целосна блокада, најавија граѓанските здруженија кои се борат против изградбата на две хидроцентрали на оваа река. Тие велат дека пристап кон...

Земјотрес ги погоди Валандово и Струмица

Земјотрес со јачина од 3 степени го погоди регионот на Струмица и на Валандво, соопштија во Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје . „Телеметриската сеизмолошка мрежа, на сеизмолошките станици инсталирани ширум...

Дизелот поскапува за половина денар, бензините поевтинуваат

Од ноќеска, бензините поевтинуваат за денар и половина, а дизел горивото поскапува за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе чини 74 денари...

Едно лице почина во пожар кај реката Лепенец во Ѓорче Петров

Во пожар кој вчера зафатил неколку штали и помошни простории близу реката Лепенец во Ѓорче Петров, изгорело едно лице и добиток, потврдуваат во Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 18 часот...

Целосно блокиран патот кон Кожув, граѓаните не дозволуваат багерите да стигнат до Дошница

Пристапот кон реката Дошница на планината Кожув ќе биде под целосна блокада, најавија граѓанските здруженија кои се борат против изградбата на две хидроцентрали на оваа река. Тие велат дека...