Османи: Има сигнали за идеолошка поделба во ВМРО-ДПМНЕ во однос на уставните измени

Постои идеолошка линија во ВМРО-ДПМНЕ која ги сфаќа последиците од изолирањето на земјата, рече министерот Бујар Османи

-

Ако не се завршат уставните измени, ќе заврши скринингот. Албанија ќе продолжи со преговорите, но не и Северна Македонија, рече денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи одговарајќи на новинарско прашање за уставните измени.

Политичката динамика во ЕУ отвора две патеки, а со негласањето за уставните измени, пратениците ќе ја стават земјата во групата држави коишто имаат отворени прашања, рече Османи.

„Се создава нова група – Србија, Црна Гора и Албанија коишто преговараат и втора група – Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Косово коишто не преговараат. Веќе политичката динамика во ЕУ создава две патеки. Што прават пратениците со одлуката да не ги гласаат уставните измени? Ја ставаат земјата во групата на земји коишто имаат отворени прашања, за коишто ќе има друга патека за членство во ЕУ“, рече Османи на денешната прес-конференција за претседавањето на Северна Македонија со Процесот на соработка во Југоисточна Европа.

Османи рече дека можностите со ВМРО-ДПМНЕ не се целосно исцрпени и оти сè уште има надеж дека таму има доволно разум кој ја сфаќа ситуацијата и моментот. Додаде дека во ДПМНЕ постои идеолошка линија која ги сфаќа последиците од изолирањето на земјата.

„Јас сум убеден и веќе гледам сигнали во ВМРО-ДПМНЕ за една идеолошка поделба во однос на сфаќањето на ова што го зборувам сега. Според моите, нашите информации, има луѓе во ВМРО-ДПМНЕ коишто упорно аргументираат таму дека не смееме да ја пропуштиме шансата сега во Уставот да се направи таа јасна дистинкција дека Бугарите се овде малцинство“, рече министерот Османи.

Прашан за тоа кога ќе почнат одделните средби со собраниските пратеници од ВМРО-ДПМНЕ што ги најави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, Османи рече дека има комуникации со пратениците и дека на нив останува на која патека на крај ќе ја остават државата.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, на изјавата на Османи одговорија дека истата била обид за дефокус на македонската и меѓународната јавност.

„Нашиот претседател многу јасно кажа дека избори се единственото решение. Тоа дали има линија од Извршниот комитет која што ги убедувала пратениците мислам дека е крајно несериозно да се тврди затоа што сите ние многу добро знаеме кои се нашите ставови и дека ќе опстоиме на нашите ставови“, рече пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки за време на денешната партиска трибина.

Британска амбасада: Почеток на нова ера во односите меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија

Со потпишувањето на новото партнерство Влада со Влада, денес започнува нова ера во односите помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија, соопшти Британската амбасада во Скопје. Како што велат од таму, партнерството...

Зеленски разговарал со Сиљановска Давкова за самитот Украина – Југоисточна Европа во Одеса, не е јасно дали таа ќе учествува

Украина го подготвува четвртиот Самит „Украина – Југоисточна Европа“, кој годинава е планирано да се одржи во Одеса, Украина. За таа цел украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека разговарал со...

Македонија потпиша договор за економска соработка со Обединетото Кралство

На 22 мај 2025 година, во Лондон, вицепремиерот Александар Николоски, во име на Владата на Република Северна Македонија, го потпиша Договорот Влада со Влада за политичка и економска соработка со Обединетото...

Каја Калас утре во Скопје на средба со премиерот Мицкоски

Високата претставничка на Унијата, Каја Калас најави дека ќе се ангажира со владите во Србија, Косово и Македонија за нивниот пат кон ЕУ, а утре во Скопје ќе се сретне со...

Британска амбасада: Почеток на нова ера во односите меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија

Со потпишувањето на новото партнерство Влада со Влада, денес започнува нова ера во односите помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија, соопшти Британската амбасада во Скопје. Како што велат од...