fbpx

Османи: Оптимист сум дека со новата бугарска влада можеме да отвориме ново поглавје меѓу двете земји

Запрашан за односите со Бугарија и бугарското вето на процесот за зачленување на Северна Македонија во ЕУ, Османи оцени дека честите избори во Бугарија биле штетни за односите меѓу двете земји

-

Скрининг процесот со Европската Унија е во тек и се одвива со добра динамика врз основа на што ќе ги добиеме извештаите од скринингот и патоказот за отворање на поглавјата. Паралелно со тој процес се одвива и процесот на уставни измени и впишувањето на Бугарите во Уставот, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за француската телевизија „Франс 24“ .

Зборувајќи за процесот на уставните измени, Османи рече дека македонското општество станало претпазливо затоа што прави отстапки, додека „од другата страна нема резултати“.

„Нашата јавност се двоуми околу уставните измени бидејќи неодамна имавме уставни измени, пред само четири години, за промената на името. Така, луѓето чувствуваат дека овој процес на ЕУ стана подвижна цел и дека мораме да продолжиме да правиме отстапки, додека од другата страна нема резултати. Околностите станаа малку тешки за да го продолжиме процесот“, рече Османи.

Запрашан за односите со Бугарија и бугарското вето на процесот за зачленување на Северна Македонија во ЕУ, Османи оцени дека честите избори во Бугарија биле штетни за односите меѓу двете земји.

„Од моето искуство, она што беше штетно за нашите односи со Бугарија и за нашата европска перспектива е овој бесконечен изборен процес во Бугарија и немањето политичка влада како соговорник за да се воспостави доверба и комуникација и да одиме напред“, вели Османи во интервјуто, додавајќи оти сега бугарскиот парламент ја одобри новата влада и дека е оптимист оти со новата политичка влада можеме да отвориме ново поглавје меѓу двете земји.

Во однос на реформската агенда и напредокот на земјава во борбата против корупцијата, Османи кажа дека Северна Македонија има најдобар резултат во регионот во исполнување на политичките и економските критериуми од европското аки. За земјата уште подобро да напредува и да покаже вистински резултати, Османи рече дека е потребно да почнеме да ги отвораме преговарачките кластери.

Османи беше запрашан и за тензиите на северот на Косово, за што рече дека во национално својство, но и како актуелен претседавач со ОБСЕ, внимателно ги следи случувањата.

„Јас предложив план од 9 точки за деескалација на ситуацијата со внесување на српската заедница во косовските институции преку повторно започнување на изборниот процес. Имам план наскоро да одам во Белград и Приштина со мојата група министри од тројката за да придонесам дополнително за деескалација“, вели Османи во интервјуто за „Франс 24“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...